Промовирани огласи »

Аеродромот што до вчера го носеше името на „Александар Велики“ сега ќе се вика „Меѓународен аеродром – Скопје“, додека автопатот што го носеше името на истиот историски лик од антиката сега ќе го носи името „Пријателство“.

Скопскиот аеродром и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица од вчера официјално имаат нови имиња.

Владината одлука за преименување стана официјална откако излезе во Службен весник.

Аеродромот што го носеше името на „Александар Велики“ сега ќе се вика „Меѓународен аеродром – Скопје“, додека автопатот што го носеше името на истиот историски лик од антиката сега ќе го носи името „Пријателство“.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика најави воведување државна социјална пензија, што треба да овозможи социјална праведност и сигурност на возрасни граѓани над 65 години кои не остваруваат пензија и немаат други приходи.

Во Министерството прават анализи, по чие завршување ќе се знае дали и колку тоа ќе значи оптоварување на Буџетот. Затоа, претходно треба да се дефинираат условите што треба да ги исполни едно лице за да може да прима социјална пензија, со што ќе се дефинира и точната бројка граѓани кои ќе бидат опфатени со неа.

И експертската јавност и синдикатите сметаат дека мерката е за поздравување земајќи предвид оти старите лица кои не се приматели на пензија се особено ранлива категорија. Но, сите се и едногласни дека е потребно претходно да се направат детални анализи за бројот евентуални корисници и за влијанието врз Буџетот. Препорачуваат тоа да биде социјално право, а не да се исплаќа од пензискиот фонд, бидејќи, сметаат, со една таква мерка, тој дополнително би се оптоварил.

Од МТСП посочуваат дека воведувањето на мерката е предвидена со програмата за работа на Владата на Република Македонија 2017-2020 година, и оти таа треба да се имплементира до 2020 година.

По дефинирањето на категориите на граѓани кои ќе се опфатат, велат оттаму, ќе се утврди начинот на определување на социјалната пензија и износот.  Посочуваат дека сега ги прибираат и анализира податоците за лица кои имаат над 65 години возраст, немаат 15 години пензиски стаж и во претстојниот период ќе достави предлог решенија за воведување на овој вид на пензија .

Дали мерката ќе има несакани ефекти врз Буџетот

Имплементацијата на ваквата владина мерка сепак ќе значи и дополнително оптоварување на државниот буџет. Без разлика на бројот на корисниците на старосната пензија, парите сепак од некаде ќе треба да се обезбедат. Треба да се одлучи дали тие ќе бидат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, или од државниот буџет.

Експертската јавност предупредува дека клучно во целиот процес е како да се намали дупката во пензискиот фонд, кому низ годиниве за редовна исплата на пензиите му се потребни се повеќе средства од Буџетот.

Промовирани огласи »

Премиерот на Австралија Малколм Турнбул донесе одлука со која се забрануваат сексуални односи меѓу министрите и вработените во кабинетите, по скандалот кој ја потресе неговата Влада.

Заменик-премиерот и министер за инфраструктура Барнаби Џојс, католик кој е во брак 24 години и промовира семејни вредности, чека дете со неговата поранешна портпаролка.

Министрите, без оглед на тоа дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со песоналот. Во спротивно, ќе ги прекршуваат стандардите на однесување – рече Турнбул.

Тој истакна дека дека во 2018 година е неприфатливо министер да има секс со некој што работи кај него.

Тоа навистина е многу лошо однесување на работа и сите знаат дека од тоа никогаш не излегува ништо добро – рече австралискиот премиер.

Одлуката на шефот на Владата да се дополнат правилата за однесување стапи во сила веднаш, а Турнбул рече дека Џојс мора сам да ја разгледа својата позиција во Владата и на местото лидер на Националната партија.

„Барнаби Џојс скандалот“ ја загрози стабилноста на Владата, а министерот (50) зема отсуство од работа откако медиумите открија дека ја оставил жена му и четири деца, откако забременила неговата 32-годишна портпаролка, која му била љубовница.

Промовирани огласи »

Германија ги изненади своите соседи со намерата да воведе бесплатен јавен превоз за да го намали загадувањето. 

Намерата е наведена во писмо до Европската Комисија.

Целта е да се намали бројот на приватни автомобили. 

Предлогот ќе биде тестиран до крајот на 2018 година и тоа во градови од Западна Германија. 

Ќе се огранични емисијата на штетни гасови и ова ќе биде приоритет за Германија. 

Заедно со Франција, Шпанија, Италија и други земји членки Германија доцни во спроведувањето на овие мерки. 

Во најмалку 130 европски градови воздухот е загаден. 

400.000 луѓе ширум Европа умираат од загаден воздух секоја година. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »