Промовирани огласи »

Најосновните прехранбени производи, како и средства за хигиена, во Германија се поевтини од истите производи во супермаркетите низ Македонија. Тоа значи дека просечниот македонски граѓанин плаќа многу повеќе за основните продукти отколку германските потрошувачи, посебно ако се земе предвид големата разлика во стандардот и примањата. Во продолжение следуваат резултатите од истражувањето на Дојче веле кое го спроведе низ германските и македонските супермаркети.

Леб

Во просек, векна бел леб од 750 грама во Германија чини 0,85 евра (51 денар), а француски багет од 250 грама чини 0,60 центи (36 денари). Векна бел леб од 250 грама во Македонија чини 27 денари, а некаде достигнува и 39 денари.

Масло за јадење

Еден литар од најевтиното сончогледово масло за готвење во Германија чини околу 1 евро (60 денари). Во Македонија еден литар од најевтиното масло чини 65 денари.

Млеко

Еден литар кравјо трајно млеко со масленост од 3,2 проценти во Македонија може да се најде за најниски 38 денари, а просечната цена се движи околу 45 денари за литар. Во Германија, најевтиното млеко започнува од околу 0,55 центи (33 денари), а поскапото „Алпско“ млеко е околу 1 евро.

Кашкавал

Кашкавалот од типот Гауда и Едамер во Македонија чини од 350 до 370 денари за килограм. Во Германија, холандската Гауда ќе ве чини околу 5 евра за килограм (300 денари), а Ементалер околу 5,4 евра (330 денари).

Сол и шеќер

Сол во Германија чини околу 1,38 евра за килограм (85 денари), во Македонија 28 денари. Килограм шеќер во Германија чини околу 0,69 центи (42 денари), а во Македонија најевтиниот е 38 денари за килограм.

Ориз и брашно

Домашен ориз од втора класа во Македонија за 900 грама чини 46 денари. Во Германија, ориз од прва класа чини од 0,80 центи (48 денари) за килограм.Најевтиното брашно од Тип 400 во Македонија може да се најде за околу 24 денари за килограм. Истото во Германија чини од 0,30 центи (18 денари) за килограм.

Јајца

Мала табла со шест јајца во Македонија чини околу 50 денари, а во Германија околу 1 евро (60 денари).

Зеленчук

Доматите во Македонија чинат меѓу 80 и 120 денари за килограм, а во Германија - 2,50 евра (150 денари). Краставиците чинат 192 денари за килограм во Македонија, а во Германија 0,70 евра (42 денари) е едно парче кое вообичаено тежи меѓу 250 и 300 грама. Килограм пиперки во Германија ќе ве чини околу 2,50 евра (150 денари), а во Македонија 125 денари.

Овошје

Јаболката во Македонија се продаваат од 23 денари за килограм, па нагоре. Во Германија најевтините домашни јаболка не можете да ги најдете за помалку од 1 евро за килограм, а увозните достигнуваат и до 3 евра. Мандарини во Македонија чинат околу 45 денари за килограм, а во Германија 1,33 евра (80 денари) за килограм.

Пиво и алкохол

Просечната цена на пивото е нешто пониска во Македонија и тоа само за домашните марки. „Хајнекен“ од 0,33 литри во Македонија чини 55 денари. Во Германија нешто под 1 евро, доколку купите „сикспек“. Поеетиното виски од 0,75 литри како „Џони Вокер“, „Балантајн“ или „Џејмисон“ во Македонија чини околу 1.000 денари. Во Германија истото има просечна цена од 10 евра (600 денари).

Вино

Цените на виното во Македонија се релативно високи во споредба со она што се нуди на европските пазари. Најевтиното сортно македонско вино започнува од 170 денари за шише, а поквалитетното се нуди во просек за 500 денари. За споредба, македонско вино флаширано во Германија во овдешните супермаркети чини 1,6 евра (100 денари). Врвните сорти во Германија можат да се купат за просечни 6-7 евра.

Шампони за коса и гел за туширање

Разликите се големи и во цените на шампоните за коса меѓу двете земји иако се работи за истиот маркет. Шампон „Пантен Про-В“ од 200 милилитри во Македонија чини 208 денари, а во Германија 1,45 евра или околу 90 денари. Гел за туширање од 250 мл на „Балеа“ во Македонија во просек чини околу 120 денари, а во Германија поголемо количество од 300 мл чини 0,55 евра или малку над 30 денари.

Течен сапун и детергент

Течен сапун „Балеа“ во моментов се нуди на попуст во Македонија за 79 денари, а редовната цена му е 105 денари. Во Германија редовно се продава за 55 центи или за нешто повеќе од 30 денари, а на попуст и поевтино. Детергент „Персил“ за 20 перења во македонскиот ДМ чини 365 денари. Во германскиот ДМ истиот детергент по редовна цена се продава за 5,15 евра или околу 320 денари.

Промовирани огласи »

Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи, пишува порталот еМагазин.

Во истиот закон се пропишува дека во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Законот предвидува глоба во износ од 1 000 евра да му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект.

Глоба во износ од 4 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.

За овие прекршоци глоба во висина од 30 % од одмерената глоба за правното лице треба да му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

Со оглед на тоа дека постои закон со кој се прецизира кој е одговорен за чистењето на јавните површини од снегот, тоа значи дека граѓаните кои се повредиле поради неисчистен снег на место за кое е одговорно одредена општина можат да поднесат тужби со барање за отштетa.

Промовирани огласи »

Со новите измени на Законот за трговија и во иднина алкохолните пијалаци нема да се продаваат на бензинските пумпи. Ова го посочи деновиве министерот за економија Крешник Бектеши кој укажа дека нивното министерство ги подготвило законските измени кои што веќе се објавени на ЕНЕР.

Што се однесува до продажбата на алкохолот во киосците, Бектеши објасни дека трговците уште не одлучиле дали ќе се вклучат во предложениот текст за измените на Законот за трговија.

Тој потсети дека во март забраната за продажба на алкохол од 19 часот во зима и од 21 часот во лето ќе се укине, со што ограничувањето на времето ќе отиде во историја, но лиценците ќе останат и ќе се наплатуваат по ист износ како и досега.

Овие предложени измени не се финални и може да има дополнителни измени, се додека Законот не влезе во финална владина процедура, а Законот може да се дополнува со амандмани од страна на пратениците.

Овие законските измени се направени на барање на Стопанските комори во Македонија и бизнис заедницата, која што исто така заради рентабилност во работењето подари да се укинат и лиценците кои трговците мора да ги поседуваат за да продаваат алкохол.

Бизнис заедницата овие барања ги темелат врз праксата која покажа дека ограничувањата на продажбата на алкохолни пијалаци имаат негативно влијание, како врз деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци, така и на деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи.

Што се однесува пак за лиценцата тие сметаат дека треба да се намали сумата која трговецот треба да ја плати за да добие лиценца, поточно да не се пресметува врз основа на целиот промет на продажниот објект, туку само на прометот со алкохолни пијалаци.

Министерството за економија ги изготви измените на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 часот во зимскиот период, односно по 21 часот во лето.

Промовирани огласи »

Со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ до неверојатни можности - супер бавно “slow-mo” видео, најдобра камера за снимање при слаба осветленост, пиктографи за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување.

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги претставува новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметните телефони кои имагинативно го реинтерпретираат начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат и го искусуваат светот. Создадени за период во кој потрошувачите се повеќе и повеќе комуницираат и се изразуваат преку фотографии, видеа и пиктографи (еmoji), Галакси С9 и С9+ вклучуваат иновации преку најнапредната Самсунг камера до сега. Редизајнирани, со нова блендакоја овозможува иновативна камера за слаба осветленост, способност за супер бавно “Slow-mo“ видео и персонализирани пиктографи за изменета реалност (AR Emojis), новите Галакси С9 и С9+ ќе се погрижат корисниците никогаш да не пропуштат ниту еден момент и да го направат своето секојдневие неверојатно.

Галакси С9 и С9+ овозможуваат збогатено доживување на забавата со моќни стерео звучници поставени со помош на АКГ (AKG), извонреден звук со Долби Атмос (Dolby Atmos®) и редефиниран бесконечен екран[1] од раб до раб – клучен елемент во дизајнерското наследство на Самсунг. Дополнително, Галакси С9 и С9+ ќе пристингат со новата “SmartThings“ апликација, која ги обединува постоечките ИоТ услуги на Самсунг во едно единствено, паметно искуство.

“Начинот на кој ги користиме нашите паметни уреди се промени со еволуцијата на комуникацијата и на самоизразувањето. Со Галакси С9 и С9+ ја имагинативно ја реинтерпретиравме камерата кај нашите паметни телефони. Не само што Галакси С9 и С9+ им овозможуваат на корисниците да ги креираат најдобрите фотографии и видеа насекаде, туку и станува збор за паметни телефони кои се дизајнирани да им помогнат да се поврзат со останатите и да се изразат на начин кој е единствен за нив, оставајќи свој личен печат.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Менаџер на Сектор за ИТ и Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс.

Редизајнирана Камера

Денешните камери се многу повеќе од алатки за правење фотографии – тие служат и за поврзување и комуницирање. Корисниците сакаат смартфон со камера со најнова технологија за да се изразат преку фотографии со висок квалитет, како и алатки кои ќе им помогнат да ја раскажат својата единствена приказна. Камерите на Галакси С9 и С9+ се создадени имајќи ги в предвид овие корисници, со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија која може да комбинира до 12 фрејмови во една неверојатна снимка со највисок можен квалитет на фотографија. Карактеристиките на Самсунг Галакси С9 и С9+ вклучуваат:

Super Slow-mo: Ги прави секојдневните моменти епски со динамичниот и успорен видео запис кој снима 960 фрејмови во секунда. Галакси С9 и С9+ исто така овозможуваат и автоматско детектирање на движење – интелигентна карактеристика која детектира движење во фрејмот и автоматски започнува да снима – сѐ што треба корисниците да направат е да го сетираат снимањето. По снимањето на “Super Slow-mo“ видео, корисниците може да одберат музичка позадина од 35 различни опции или пак да додадат тон од нивната омилена плејлиста. Исто така, корисниците на многу едноставен начин може да креираат, едитираат и споделуваат .GIF датотеки со едноставно допирање во три разиграни стилови на движење за да може да ја гледаат датотеката одново и одново.

Камера за снимање при услови на слаба осветленост: Доброто осветлување е тајната на сите одлични фотографии. Но, често се случува фотографиите да се направени во услови на понеидеално осветлување. Повеќето камери на паметните телефони имаат фиксен отвор (бленда) кој не може да се прилагоди на средини со ниска или светла осветленост што резултира во избледени фотографии или фотографии на кои се познава зрнеста структура. Слично на начинот на кој што ирисот на човечкото око се проширува и контрахира, двојната бленда[2] на Самсунг (F1.5 / F2.4) автоматски пропушта повеќе светлина кога е темно и помалку светлина кога е премногу светло, креирајќи фотографии кои се јасни и чисти.

Пиктографи за Изменета Реалност - AR Emoji: Самсунг им овозможува на корисниците да креираат “емоџи“ кое изгледа, звучи и се однесува исто како нив. Пиктографите за изменета реалност користат алгоритам за машинско учење кое се темели на податоци кои ја анализираат 2D фотографијата од корисникот и исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација. Овие пиктографи ги споделуваат чувствата на корисниците од реалниот живот преку видео, но и преку широк спектар на сликички кои користат стандарден AGIF формат за датотеки, овозможувајќи им на корисниците да ги споделуваат нивните пиктографи низ различни други платформи за разменување на пораки.  

Бигзби: Интелигентната платформа на Самсунг, интегрирана во камерата, користи изменета реалност и технологии за длабинско учење за да овозможи корисни информации за опкружувањето на корисниците.[3] Со детектирање на објект во реално време и негово препознавање, Бигзби веднаш, инстантно генерира информации директно на врвот на фотографијата на која камерата посочува. Корисниците може да преведуваат странски јазици и валути во реално време преку “Live Translation“, да учат за нивните опкружувања, да купуваат продукти видени во реалниот свет и да ги бележат калориите во текот на денот.[4]

Редизајнирана Забава

Паметните уреди често се нашиот избор за забава. Затоа, Самсунг креираше уред кој овозможува премиум звучно искуство со стерео звучници кои се поставени со помош на АКГ. Без разлика дали корисниците го гледаат својот омилен филм или го слушаат последниот албум од својот омилен изведувач, звуците се јасни, чисти и високо квалитетни. Галакси С9 и С9+ исто така поддржуваат Долби Атмос, овозможувајќи ефект на звук од 360 степени.

Аудио искуството со Галакси С9 и С9+ е дополнето од револуционерниот бесконечен екран на Самсунг. За прв пат претставен на Галакси С8, цврстиот, Super AMOLED Бесконечен екран се вклопува во телефонот без никакви одблесоци. Со адаптивното подобрување на контрастот, корисниците можат да го користат нивниот уред дури и на директна сончева светлина.

Уред кој се вклопува во поврзаниот животен стил

Како први паметни телефони кои ја поддржуваат новата “SmartThings“ апликација, Галакси С9 и С9+ се централен елемент за управување со сите аспекти на поврзаниот начин на живот во домот, во канцеларијата или во движење. Апликацијата “SmartThings“ ќе биде претставена заедно со С9 и С9+, и ќе поврзува и други Самсунг уреди како и уреди кои не се дел од Самсунг семејството.

За сите оние кои се константно во движење, новата генерација Самсунг ДеХ (Samsung DeX)овозможува мобилен животен стил допринесувајќи за искусување на содржините од мобилниот телефон на голем екран низ целата негова површина. Со “DeX Pad“, новиот докинг систем, корисниците можат лесно да ги поврзат Галакси С9 и С9+ со поголем екран, тастатура и глувче за да го прошират мобилното искуство со подобрено уредување на документи или дури и игри со целосен екран[5]. Корисниците исто така може да ги трансформираат Галакси С9 и С9+ во Touch Pad со DeX Pad.[6] 

Најдоброто станува стандард во Галакси Фондацијата Самсунг го поставува златниот стандард за паметни телефони со IP68[7] стандардот за отпорност на вода и прашина, како и брзо безжично полнење. Галакси С9 и С9+ одат чекор понапред. Уредите сега поддржуваат проширување на меморијата до 400 GB со Микро СД (MicroSD) картичка и се опремени со најновите премиум апликациски процесори кои овозможуваат моќен перформанс и софистицирана обработка на сликата.

Покрај тоа, Галакси С9 и С9+ им овозможуваат на корисниците да бидат спокојни знаејќи дека нивниот телефон е заштитен од “Knox 3.1“, најновата, најсовремена надградба на безбедносната одбранбена платформа на Самсунг. Новите Галакси С9 и С9+ поддржуваат три различни биометриски опции за автентификација – ирисот на окото, отпечатокот на прстот и фацијално распознавање – така што корисниците може да го одберат најдобриот начин за заштита на својот уред и апликации. Уредите поддржуваат Интелигентно Скенирање, нова верификација која интелигентно користи колективна сила за скенирање на ирисот на окото и технологија за препознавање на лицето за брзо и едноставно отклучување на телефонот на корисникот во било која средина. Галакси С9 и С9+ исто така го претставуваат и “Dedicated Fingerprint“, давајќи им на корисниците опција да користат различни отпечатоци од прст од оние за отклучување на телефонот, за да пристапат кон Безбедната Папка (Secure Folder).

Галакси С9 и С9+ ја носат грижата за здравјето на ново, повисоко ниво со подобрен оптички сензор вграден директно во уредот, овозможувајќи побогати, попрецизни информации за здравствениот статус на корисникот. Овој сензор им овозможува на Галакси С9 и Галакси С9+ да ги следат факторите на оптеретување на срцето на корисникот преку “Heart Load Factor“, нова мерка која ги регистрира отчукувањата на срцето во реално време[8].

Новите Галакси С9 и С9+ ќе бидат достапни започнувајќи од 16. Март, 2018. Корисниците ќе може да ги набават уредите во следните бои: Полноќно Црна, Корално Сина, како и во новата нијанса – Пурпурно Виолетова. Во Македонија, продажбата на уредите ќе започне исто така од 16.03.2018.

За повеќе информации за Галакси С9и С9+, посетете ги следните линкови: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »