Промовирани огласи »

Дека Македонија има најниска просечна плата споредено со другите земји во регионот е добро познат факт, а поради тоа голем број доброобразовани и стручни кадри од сите професии си ја бараат среќата од другата страна на границата.

Анализата на висината платите по занимања на словачкиот портал за вработување „Професиа" , а која ја пренесува Фактор, дава прецизна слика за тоа колку еден вработен во Македонија заработува помалку пари во споредба со вработен со исти квалификации во балканските земји (Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина), централна Европа (Словачка, Чешка, Унгарија, Полска), балтичките држави (Естонија, Латвија и Литванија) и во Финска.

За потребите на овој текст избравме неколку професии, а профилот на вработениот е маж со високо обрзазование, со 6 -10 години работно искуство, без дополнителни финансиски и нефинансиски бенефиции покрај редовната плата (учество во добивка, К- 15, бонуси, обуки, паркинг место, додатоци за исхрана, службено возило...), не е на раководна позиција и не е одговорен за буџетот во фирмата. Податоците за македонските плати се земени од Државниот завод за статистика, додека за другите земји се добиени како просек од изјавите на анкетираните во анализата на порталот и во некои случаи се дадени во бруто износ.

Така, нето просечната плата на професор во средно училиште во Македонија во декември 2017 година изнесува 22.506 денари, а неговиот колега во Естонија има нето- плата од 55.449 денари, а во Словачка дури 101.096 денари бруто плата, значи со вклучени даноци и придонеси за здравствено и социјално осигурување. Ѕидар во земјава заработува чисти 23.178 денари, а во Хрватска 33.759 денари. Бруто- платата на истиот работник во Чешка е 51.314 денари, а во Словачка 51.467 денари. Вработен во производство на метали во Македонија месечно зема нето 20.752 денари, додека во Хрватска 35.656 денари, во Латвија 34.801 денари, а во Литванија 38.171 денари. Македонски библиотекар има нето- плата од 20.567 денари, додека работата со книги во Хрватска носи нето- плата од 44.011 денари, во Естонија 38.661 денар, а во Чешка 43.116 денари бруто.

Најдрастична разлика има кај платите на докторите. Просечната нето- докторска плата во земјава изнесува 27.246 денари, додека бруто платата во Чешка е 100.257 денари, во Финска 382.815 денари, а во Словачка 96.668. Слично е и со платите на медицинските сестри. Бруто платата во земјава е 25.000 денари, а во Чешка 53.362 денари, во Словачка 47.239 денари, а во Финска дури 153.359 денари.

ИТ секторот е единствен во кој имаме плати на исто ниво како и во земјите од анализата. Компјутерски програмер во Македонија има просечна нето- плата од 64.180 денари. Според анализата на „Професиа", ИТ систем администратор во Хрватска месечно заработува 55.306 денари, во Унгарија 64.232 денари, а во Литванија 63.721 денар.

Промовирани огласи »

Приоритетните упати создаваа голем хаос и заради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира, а таа се однесува на тоа дека повеќе нема да има општ приоритетен упат, туку ќе има приоритетен упат со точни дијагнози по области, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката за детски болести.

Филипче рече дека точно ќе се знае за каква дијагноза станува збор во соодветна област што навистина е итна, ќе се добие тој упат и тој пациент ќе мора да биде прегледан во рок од 24 часа таму каде што е упатен.

Промовирани огласи »

И покрај напорите за надминување на сите дискриминациони форми и напорите за отфрлање на сите стереотипи што постојат во општеството, за жал, одредени суптилни форми на стереотипи сѐ уште постојат, бавно се менуваат и тешко се отфрлаат. Еден од нив, кој со генерации наназад се провлекува и кој секојдневно го побиваме, е дека жените се лоши и небезбедни возачи.

По повод денот на жената, 8 март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата направи анализа на истражувањата и на анкетите на оваа тема, но и на она што покажуваат статистичките податоци.

На самиот почеток важно е да се потенцира дека, секоја поделба на возачите на машки и на женски  не е соодветна. Многу посоодветно е возачите да ги поделиме на одговорни и на неодговорни, без разлика на полот, возраста или на другите лични карактеристики. Позитивните и негативните примери и кај едните и кај другите се бројни, но интересно е да се види што покажува статистиката за тоа колку се безбедни жените и мажите во сообраќајот. 

Статистиката и фактите покажуваат дека жените се побезбедни возачи од мажите. Истражувањата на релевантни меѓународни организации, покажуваат дека мажите многу повеќе страдаат во сообраќајни незгоди во споредба со жените и многу често се предизвичкувачи на сообраќајни незгоди со сериозни фатални последици.

Според Светската здравствена организација, повеќе од 77% од смртните случаи во сообраќајот на патиштата се предизвикани од мажи, околу 72% од жртвите во сообраќајни незгоди се лица од машки пол, а според податоците на светските осигурителни компании, околу 80% од штетите направени во сообраќајниот систем се направени од мажи.

Младите машки лица многу повеќе предизвикуваат сообраќајни незгоди со тешки и со фатални последици во споредба со младите женски лица.

Една сообраќајна студија направена во Њујорк, покажува дека 80% од незгодите во кои загинати или тешко повредени се пешаци, се предизвикани од возачи од машки пол. Истражувањата на тамошните осигурителни компании, покажуваат дека веројатноста жените да предизвикаат сообраќајна незгода со сериозни последици, е помала во однос на машките возачи и токму затоа во наредниот период се очекува една нова тенденција на намалуваање на цените за осигурување за жените возачи.

Истражувањата покажуваат дека машките возачи прават повеќе сообраќајни прекршоци, отколку женските возачи. На пример, соодносот на санкционирани машки и женски возачи во САД е следен: за возење под одвлечено влијание е 3,09 спрема 1 во однос машки и женски возачи, користење безбедносни појаси - 3,08 спрема 1, брзо возење - 1,75 спрема 1 итн.

По однос на прашањето дали мажите или жените се побезбедни возачи, експертите велат дека жените се побезбедни и посмирени во сообраќајот, додека мажите се поагресивни и понестрпливи. Машките возачи имаат поголема самодоверба, склони се за преземање ризик и затоа поголема е веројатноста да направат грешки, односно машките возачи повеќе го потценуваат ризикот и опасноста во сообраќајот.

Анкетите и истражувањата покажуваат дека мажите, за разлика од жените, подобро се запознаени со опремата за безбедност во возилата. Мажите знаат дека постои електронска контрола на стабилноста која помага да се спречат незгоди со превртување на возилото, потоа мажите подобро се служат со помошниот алат, поприсебно се однесуваат во случај на сообраќајна незгода, подобро се снаоѓаат во мал простор со тешки маневри, побрзо паркираат итн. Токму ова создава лажна перцепција дека мажите се подобри и побезбедни возачи од жените.

Според РСБСП, во Република Македонија, во просек, околу 70 до 80% од жртвите во сообраќајни незгоди се од машкиот пол, а 20-30% од женскиот пол. Истражувањата, анализите и реалноста, покажуваат дека жените се многу внимателни возачи, одговорни се и се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи. Брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот, не е својствено за жените. Ретко може да се види жена да ги потценува последиците од управување моторно возило под дејство на алкохол. Анкетно истражување направено од РСБСП минатиот период, покажува дека 60% од жените-возачи во Република Македонија се убедени дека тие се подобри возачи од мажите, 88% од жените сметаат дека агресивното однесување во сообраќајот е карактеристично за мажите, 60 % сметаат дека мажите се неодговорни учесници во сообраќајот, 63 % сметаат дека мажите и жените се рамноправни учесници во сообраќајот, а 37% сметаат дека мажите се доминантни и не ги почитуваат жените како рамноправни учесници во сообраќајот. Најголемиот дел од жените сметаат дека мажите се агресивни и тоа сериозно им пречи и им влијае во сообраќајот.

Имајќи го предвид наведеното, РСБСП апелира до сите возачи да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат дефанзивни учесници во сообраќајот, затоа што последиците се трагични, огромни и ненадоместливи,  независно од полот, возраста, националноста или која било друга индивидуална карактеристика на предизвикувачот на незгодата или на жртвата.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на Амазон Џеф Безос ја предводи годишната ранг-листа на милијардери, која ја изготвува списанието „Форбс“.

Со личен имот од 112 милијарди долари, Безос стана првата личност во светот со богатство поголемо од 100 милијарди долари. Тој ја подобри својата имотна состојба за 39 милијарди долари во споредба со претходните години.

Џеф Безос е исто така сопственик на весникот „Вашингтон пост” и авионската компанија Блу ориџин.

Втор на листата е основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 90 милијарди долари, а трет е инвеститорот Ворен Бафет со 84 милијарди долари.

Најбогатиот Европеец е четвртопласираниот Французин Бернар Арно, кој ги поседува брендовите „Луј Витон“ и „Сефора“.

Американците се најмногу застапени на листата од 2.208 милијардери од 72 земји. Меѓу првите десет се и сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг и браќата индустријалци Чарлс и Дејвид Кох.

Американскиот претседател Доналд Трамп падна од 544. на 766. место, откако неговото богатство се намали за 400 милиони долари и сега изнесува 7,1 милијарда долари.

Споредено со минатата година, 121 лице испаднаа од листата, но на неа, по првпат се најдоа 259 милијардери.

Вкупното богатство на сите милијардери на листата е 9,1 трилиони долари, во просек по 4,1 милијарда долари по човек, што, според „Форбс“, е нов рекорд.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »