Промовирани огласи »

„Веројатноста дека цената на биткоинот во следните 10 години ќе падне на 100 долари, почнувајќи од сега, е поголема од таа дека дигиталната валута ќе достигне ниво од 100 000 долари“, изјавил професорот на Хардвард универзитетот и економист Кенет Рогоф.

Мислам дека биткоинот ќе вреди за десет години само делче од она колку вреди сега ... би рекол дека 100 долари е многу поверојатна цена отколку 100 000 долари за 10 години -рекол Рогов за CNBC Телевизија.

Во суштина, ако на таа валута и ја одземете можноста за користење на перење пари и затајување данок, нејзината вистинска употреба како платежно средство е многу мала-додал овој поранешен главен економист на ММФ.

Иако биткоинот се поврзува со нелегални трансакции, проценките за удел на користење на дигиталната валута во нелегални активности варираат.

Шон Анстеј, коосновач и пртседател на Блокчејн Интелиџенс Гуп, оценува дека нивото на незаконски трансакции со биткоинот паднало на 20 проценти во 2016-та година и дека во 2017 билО уште „помалку од тоа“.

Рогов наведува дека државната регулатива ќе биде пресудна за пад на цените на биткоинот, но додал дека развојот на глобалната регулаторна рамка ќе бара време.

Глобалната регулатива е навистина потребна дури и ако САД и Кина воведат строги прописи против биткоинот, а Јапонија не, луѓето и тогаш и понатаму ќе можат да перат пари преку Јапонија-објаснил тој.

Промовирани огласи »

Вкупно 1.150 Македонци минатата година добиле бугарско државјанство, покажува годишниот извештај на Комисијата за бугарско државјанство и Бугари во туѓина во рамките на Администрацијата на Претседателот.

Извештајот покажува дека споредено со 2016 година, бројот на Македонци што добиле бугарско државјанство е драстично намален,  за 5.046.

Меѓутоа, Македонците и лани се први на листата според бројот на потпишани укази за бугарско државјанство, пред Украинците кои добиле 750, Израел со 303, Турција со 294 и Молдавија со 207 потпишани укази.

Бројките покажуваат дека Администрацијата на претседателот на Бугарија генерално издала помалку укази за државјанство во текот на 2017 година, и тоа вкупно 3.892. Годината претходно, на пример, биле потпишани три пати повеќе укази, односно 13.450.

Во Извештајот на оваа Комисија е наведено дека во текот на минатата година, одбиени се вкупно 666 барања за бугарско државјанство, но не се наведени причините за значителното намалување на потпишаните укази.

Инаку, пресметките покажуваат дека од 2005 година досега вкупно 64.673 Македонци се изјасниле како Бугари и врз основа на тоа добиле уште едно државјанство.

Промовирани огласи »

Лицата кои според Рамковниот договор беа вработени пред неколку години, но не беа распоредени на работни места туку седеа дома и земаа плата, сега ќе им биде понудено вработување во јавниот сектор.

 1.600 јавни административци може да работат во градинки, училишта, јавни претпријатија, здравствени установи и слично.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека вакви вработени има низ целата држава, а досега можеле да работат само во јавната администрација. Сега, по неодамнешната амандманска измена на Законот за јавна администрација и со деновиве изменетите четири закони од работната сфера отворена е можност овие лица да работат во целиот јавен сектор. Тој појаснува дека е направена функционална анализа и се знае за каков кадар се работи, па секој според квалификациите ќе добие понуди за работа. Доколку некој не прифати, ќе се стави на таканаречена трансфер листа на која ќе чека нова понуда.

Тој прецизира дека со оглед на тоа дека во јавниот сектор и администрацијата има многу слободни раководни работни места, први ќе се распоредат оние кои ги исполнуваат условите за раководители, по што ќе оди распределбата на други позиции. Овој принцип на прераспределби ќе се применува и за останатите вработени во јавната администрација. Тој потенцира дека нема да има отпуштања од работа, но дека на некои вработени ќе им се понуди работно место и во приватниот сектор.

Генерално правиме операција на барање кадри внатре во администрацијата, за реорганизација, коишто ги исполнуваат условите за заземање на некоја од раководните позиции. Тоа ќе биде веднаш направен“, вели Манчевски.

Останатата прераспределба ќе стартува во следните недели, а не се знае колку точно ќе трае.

Според министерот со ова ќе се спојат потребните на администрацијата со она што е искуство и наобразба на вработените. Секој ќе добие соодветна понуда, која не мора да ја прифати, но Министерството нема да се меша во тоа какви понуди ќе добиваат тие што ќе одбијат и со тоа ќе се најдат на трансфер листатата.

Министерството нема да влијае на понатамошното распоредување, туку само иницијално ќе даде соодветна понуда врз база на искуство, квалификации, разговори со лицата. Да оставиме време и да видиме како ќе се одвива тој процес. Можеби никој нема да заврши на таа трансфер листа, а јас се надевам дека тоа ќе биде така. Мислам дека одиме во добра насока за конечно да го решиме овој проблем, изјави тој.

Промовирани огласи »

Жените претприемачи имаат поголеми шанси за напредок во развиените земји, отколку во држави кои се во развој, затоа што таму имаат повеќе можности на деловен план и воопшто пристапот до капитал е поголем. 

Нов Зеланд, Канада и Шведска се земји каде има најдобри услови за жени претприемачи, а за компании каде доминантно има жени сопственици најдобри држави се Русија, Гана и Уганда. 

Овие податоци ги објави компанијата Мастеркард по повод 8 ми март - Меѓународниот ден на жената. 

Во 2016 година 163 милиони жени во светот или имале своја компанија или почнале свој бизнис. 

Но, не секогаш напредокот на жените во бизнис водите е поврзан со економскиот развој на пазарот. 

Сепак, жените и покрај сите родово - културолошки предрасуди успеваат да напредуваат како претприемачи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »