Промовирани огласи »

Лицата кои според Рамковниот договор беа вработени пред неколку години, но не беа распоредени на работни места туку седеа дома и земаа плата, сега ќе им биде понудено вработување во јавниот сектор.

 1.600 јавни административци може да работат во градинки, училишта, јавни претпријатија, здравствени установи и слично.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека вакви вработени има низ целата држава, а досега можеле да работат само во јавната администрација. Сега, по неодамнешната амандманска измена на Законот за јавна администрација и со деновиве изменетите четири закони од работната сфера отворена е можност овие лица да работат во целиот јавен сектор. Тој појаснува дека е направена функционална анализа и се знае за каков кадар се работи, па секој според квалификациите ќе добие понуди за работа. Доколку некој не прифати, ќе се стави на таканаречена трансфер листа на која ќе чека нова понуда.

Тој прецизира дека со оглед на тоа дека во јавниот сектор и администрацијата има многу слободни раководни работни места, први ќе се распоредат оние кои ги исполнуваат условите за раководители, по што ќе оди распределбата на други позиции. Овој принцип на прераспределби ќе се применува и за останатите вработени во јавната администрација. Тој потенцира дека нема да има отпуштања од работа, но дека на некои вработени ќе им се понуди работно место и во приватниот сектор.

Генерално правиме операција на барање кадри внатре во администрацијата, за реорганизација, коишто ги исполнуваат условите за заземање на некоја од раководните позиции. Тоа ќе биде веднаш направен“, вели Манчевски.

Останатата прераспределба ќе стартува во следните недели, а не се знае колку точно ќе трае.

Според министерот со ова ќе се спојат потребните на администрацијата со она што е искуство и наобразба на вработените. Секој ќе добие соодветна понуда, која не мора да ја прифати, но Министерството нема да се меша во тоа какви понуди ќе добиваат тие што ќе одбијат и со тоа ќе се најдат на трансфер листатата.

Министерството нема да влијае на понатамошното распоредување, туку само иницијално ќе даде соодветна понуда врз база на искуство, квалификации, разговори со лицата. Да оставиме време и да видиме како ќе се одвива тој процес. Можеби никој нема да заврши на таа трансфер листа, а јас се надевам дека тоа ќе биде така. Мислам дека одиме во добра насока за конечно да го решиме овој проблем, изјави тој.

Промовирани огласи »

Жените претприемачи имаат поголеми шанси за напредок во развиените земји, отколку во држави кои се во развој, затоа што таму имаат повеќе можности на деловен план и воопшто пристапот до капитал е поголем. 

Нов Зеланд, Канада и Шведска се земји каде има најдобри услови за жени претприемачи, а за компании каде доминантно има жени сопственици најдобри држави се Русија, Гана и Уганда. 

Овие податоци ги објави компанијата Мастеркард по повод 8 ми март - Меѓународниот ден на жената. 

Во 2016 година 163 милиони жени во светот или имале своја компанија или почнале свој бизнис. 

Но, не секогаш напредокот на жените во бизнис водите е поврзан со економскиот развој на пазарот. 

Сепак, жените и покрај сите родово - културолошки предрасуди успеваат да напредуваат како претприемачи. 

Промовирани огласи »

Јапонската влада ќе додели неповратни грантови во вредност од 428.066 илјади евра за пет здравствени и четири образовни институции од Македонија.

Како што инфомираат од Амбасадата на Јапонија договорите кои оваа година се во рамки на „Грант програмата за мали проекти“ ќе ги потпишат добитниците на грантовите и првиот резидентен амбасадор во Македонија, Кеико Ханеда.

На церемонијата свое обраќање предвидено е да имаат вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за образование Рената Дескоска.

Промовирани огласи »

Четириесет проценти од жените доживеале некоја форма на сексуално вознемирување на работното место, а 31 процент секојдневно добиваат навреди за својата работа од претпоставените, покажуваат светските статистики.

Според Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати, голем е бројот на случаи на мобинг врз жените на работното место, но мал е бројот на оние кои се охрабруваат да го пријават тоа бидејќи се плашат да не го загубат работното место.

Во Македонија се смета дека рамноправноста е постигната меѓутоа тоа е само на хартија, а реалноста кажува нешто друго. Жените се 12,5 проценти помалку платени од мажите во сферата на трудот, изјави Санела Доневска од Секцијата на жени при КСС.

Нивни претставнички денеска со делење пропаганден материјал во центарот на градот се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.

Секцијата на жени при КСС ја поддржува и Конвенцијата против родово базирано насилство чија ратификација би допринела за унапредување на правата на жените.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »