Новиот Клинички центар најверојатно ќе се гради на нова локација во близина на Злокуќани, дознава НОВА од високи владини извори. Одлуката би требало да биде соопштена во текот на денешниот ден од страна на министерот за здравство Венко Филипче. На ваквата одлука веројатно влијаела и презенатацијата на Асоцијацијата на архитектите пред премиерот Заев и министерот Филипче, но и пошироката јавност.
Загрижува фактот што улицата Водњанска ќе биде комплетно блокирана, ако се гради на местото каде што беше планирано досега. Камионите и маханизацијата ќе го блокираат и влезот во клиничкиот блок. Тоа ќе биде голем проблем, велат владини извори за НОВА.
Нашите извори велат дека се свесни за тоа дека како држава ќе мораме да платиме оштета од 5, 5 милиони евра на Банката на советот на Европа и дека ќе пропаднат и 1,3 милиони евра за проектот кој го направи италијанската преоктанска куќа АРЕН СРЛ.
Но превагнало тоа што на овој простор, на север од Злокуќани ќе може да се изгради голем капитален објект до кој ќе може брзо да се стигне од сите страни, кој ќе биде добро инфраструктурно поврзан со пристап со западниот и источниот дел на Македонија, но и лесен и брз пристап за граѓаните на Скопје. Иако можеби ќе се изгуби уште една година на подготовки, ова решение е долгорочно и ќе им служи на граѓаните во наредните 50 години, велат нашите извори.
Извор: Нова тв