Промовирани огласи »

Денеска истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во 2017 година.

Според УЈП, до сега се поднесени вкупно 334.360 пријави, а до крајот на денешниот ден се очекуваат уште 100.000 граѓани.

Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и мобилниот даночен шалтер во Драчево што ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10:00 до 14:00 часот, информираат од УЈП.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и нецелосно пријавени приходи Законот предвидува глоба од 100 до 200 евра, во денарска противвредност. Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат електронски и да се испратат по пошта.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk  оствари соработка со Кемет Електроникс, светски позната компанија која на глобално ниво остварува произведува и доставува електронски компоненти и делови.

Кемет по отворањето на претставништво во Македонија, оствари брза експанзија и развој на својата индустрија.  Во моментов поради зголемен обем на работата имаат потреба од потполнување на повеќе работни позиции, кои за скоро ќе бидат објавувани на сајтот на KARIERA.mk и социјалните мрежи.

Следете го активно сајтот на KARIERA.mk и фан страните на FB, LinkedIn и Twitter и аплицирајте за вработување. Можеби баш Кемет е Вашето идно работно место, каде ќе се реализирате себе си и ќе ја изградите својата кариера.

Промовирани огласи »

Од Централниот регистар ги известуваат самостојните вршители на дејност дека рокот за поднесување на годишните сметки во хартиена и електронска форма е до 15.03.2018 година.

Воедно, ги потсетуваат сите субјекти кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва, дека рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма до Централниот регистар е до 15.03.2018 година.

Централниот регистар за приемот на годишните сметки во хартиена форма, за самостојните вршители на дејност, на 15.03.2018 година ќе работи од 07:00 до 21:00 часот, додека во РК Македонски Брод, РК Виница, РК Берово и РК Делчево работното време ќе биде од 08.00-16.00 часот. Во градовите каде што Централниот Регистар нема канцеларии, приемот на годишните сметки ќе биде од 08:00 до 16:00 часот со следниот распоред:

  • Во Кратово приемот ќе се врши во просториите на Општина Кратово.
  • Во Крушево приемот ќе се врши во просториите на УНИ банка.
  • Во Демир Хисар приемот ќе се врши во Општина Демир Хисар.

Промовирани огласи »

Форбс објави листа на најбогати луѓе во светот. Она што привлече посебно внимание е тоа што помеѓу милијардерите се најдоа и неколку млади луѓе.

Во моментов најмладите милијардери се Александра Андресен, која има дваесет и една година, и нејзината сестра, дваесет и двегодишната Катарина. Богатството на секој од нив беше проценето на 1,4 милијарди долари.

Од  петте најмлади милијардери, тројца живеат во Норвешка.

5. Џон Колсон (27) 

По напуштањето на Харвард, Колонел и неговиот брат го основаа Стрип, американски сервис за плаќање услуги  преку интернет. Иако се родени во Ирска, тие работат и живеат во Сан Франциско, каде што се наоѓа компанијата. Вредноста на нивната компанија се проценува на 9,2 милијарди долари.

4. Иван Спиeгел (27) - 4,1 милијарди долари

Спиeгел заедно со својот другар од Станфорд во 2011 ја основа  апликација за  споделување на фотографии Snapcet. Кога нивната апликација стана една од најпознатите и најбарани, Спиeгел стана најмладиот извршен директор на јавното претпријатие. Околу 170 милиони луѓе го користат Snapcet секојдневно.

3. Густав Магнар Вицо (24) - 1,9 милијарди долари

Магнар поседува скоро половина од норвешката рибарска компанија "Салмар", една од најголемите светски производители на лосос. Неговиот татко, Густав Вицо, кој сé уште ја води компанијата, му даде удел во 2013 година. Додека неговиот татко управува со компанијата, Густав се занимава со инвестирање во подвижен имот и стартап.

2. Катарина Андресен (22) - 1,4 милијарди долари

Вториот најмлад милијардер во светот, е поголемата сестра од фамилијата Андерсен, Катерина. Двете сестри наследиле 42 отсто од семејната инвестициска компанија Ферд. Нивниот татко сé уште управува со компанијата.

1. Александра Андерсен (21) - 1,4 милијарди долари

Помалата сестра Андерсен е најмладиот е милијардер во светот со нејзините 21 години. Нивната компанија е активен инвеститор во нордиските берзи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »