Промовирани огласи »

Американските Apple, Google и Tesla ја заокружуваат тројката на најиновативните компании во светот во 2016 година. Рангирањето е на Boston Consulting Group (BCG), соопшти CNBC.

ИТ гигантот Apple го зазема првото место на листата за 11- ти пат по ред. Во фискалната 2016та година, компанијата вложила во истражување и развој износ од 10 милиони долари.

Четвртото место во овој рејтинг го зазема Microsoft, петтото – Amazon, а шестото – Netflix.

Највисоката позиција меѓу компаниите надвор од САД ја зазема јужнокорејската Samsung Group, која останува на седмото место.

Во рејтингот исто така влегуваат и шест компании од Азија, вклучувајќи ја и јапонската Toyota Motor (на осмото место и кинеската Xiaomi (35 место).

BCG е вклучен во рејтингот на најиновативните компании и десет од Европа. Меѓу нив најдобро се претставиле германските Bayer (11 место), BMW (14 место) и Daimler (16 место).

Промовирани огласи »

За работа во Велика Британија во иднина најверојатно ќе се плаќа. 

Британската влада ја разгледува можноста за воведување на такса од 1.000 фунти за секој работник од ЕУ, кој ќе го вработат британските работодавци по излезот на земјата од ЕУ. 

Британскиот министер за емиграција, Роберт Гудвил пред Горниот дом на британскиот Парламент рече дека се разгледува воведување на такса на работниците од ЕУ. Додаде дека ќе има програми со кои ќе се дозволи работниците во земјоделството да добиваат краткорочни, сезонски договори за работа во земјата. 

Измените ќе стапат на сила во април.

Работниците од 27 земји членки на ЕУ сега имаат право да живеат и работат во Велика Британија, но тоа ќе се промени кога државата ќе биде официјално надвор од европското семејство. 

Промовирани огласи »

Модерниот живот носи брзи реакции и стрес насекаде околу нас. Ваквото живеење влијае на нашата личност, како и на нашиот однос спрема другите луѓе околу нас. Според истражувањата од светот овие се најважните работи кои треба да се применуваат за да ја одржиме контролата врз нештата кои може да не извадат од такт на нашето работно место:

1. Голема организација

Секогаш направи план како ќе се одвива твојата работна недела. Секако, многу важно е освен обврските да оставиш простор и за релаксација, за време со твоите најмили, спорт како и за едукација.

2. Секогаш имај план Б

Понекогаш работите може да излезат од контрола заради нешто не предвидено. Секогаш е добро да имаш план Б, кој не само што ќе ти го олесни разрешувањето на стресната ситуација туку и ќе ги воодушеви твоите претпоставени и колегите.

3. Дружи се со тимот

Секогаш е важно да бидеш во добар однос со тимот на вработени - не мора да сте најблиски пријатели, меѓутоа секогаш почитувај ги и разговарај со нив, така атмосферата ќе биде секогаш позитивна и ќе се намалат лошите мисли за конкуренција на работното место.

4. Помагај им на колегите

Кога ќе видиш дека на некој од твоите колеги му е тешко да ја заврши работата навремено понуди му помош - наредниот пат кога на тебе ќе ти биде тешко, голема е веројатноста и ти да добиеш неочекувана помош, секако, доколку некогаш си помогнал и ти!

5. Секогаш емитирај позитивни вибрации

На сите понекогаш ни е тешко и сме под стрес. Најважно е да останеш присебен- помисли зошто си на тоа работно место и на твојата цел. Стресот се намалува со смеа и позитивна мисла, некогаш не е лошо да прочиташ некој виц или пак дневен хороскоп за колегите за да ја подобриш атмосферата на работното место а со тоа и да го зголемиш задоволството кај колегите.

Промовирани огласи »

Ворен Бафет е еден од најголемите инвеститори, но освен тоа е и вешт бизнисмен и менаџер. Затоа и неговата компанија „Berkshire Hathaway“ е меѓу најпрофитабилните во светот.

Дури гениј како Бафет сепак не може да прави ништо сам. Со текот на годините тој успеал да изгради исклучително ефективен и талентиран тим. Како го постигнал тоа? Секој вработен станува дел од неговиот тим во зависност од тоа дали има 3 квалитети, пишува Business Insider.

Кога ќе ангажирам нови луѓе следам 3 работи - интелигенција, енергичност и достоинство. Ако човекот го нема последното, првите две ќе го уништат, бидејќи без достоинство, ќе стане безумен и мрзливи - истакнува Бафет

Потребата од интелигенција е очигледна - човекот треба да има капацитет да ја врши работата. Бафет сепак потсетува дека не станува збор само за висок IQ или за одлични оценки во училиште. „Не треба да бидеш ракетен инженер, за да успееш во инвестирањето. Ако си во бизнисот и имаш IQ 150, најдобро продај 30 поени на некого“, вели милијардерот.

Под енергичност пак Бафет разбира подготвеност за преземање на иницијатива. Службеникот треба да е отворен да се обиде за нови работи и да презема одговорност за проектите.

Достоинството е најважен квалитет според инвеститорот. И целосно зависи од самиот човек, тврди тој. Не можеме да избираме колку да сме високи и колку брзо можеме да трчаме на пример, но дали сме чесни, дали сме великодушни, дали се однесуваме со достоинство - тоа е во нашата моќ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »