Промовирани огласи »

Нови сезонски дестинации и зголемена фреквенција на постојните релации се предвидени со летниот ред на летање што стапува во сила денеска и ќе трае до 27 октомври годинава. 

Со одобрениот ред на летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), како што информираат оттаму, авиопревозниците бележат дополнителни 32 лета кон повеќе дестинации до кои и со зимскиот ред вршеа редовен авиопревоз, пренесе МИА.

Со сегашната мрежа од 38 дестинации на 13 редовни авиокомпании од скопскиот аеродром за патниците се достапни Барселона, Базел, Белград, Берлин, Братислава, Брисел, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Доха, Дортмунд, Дубаи, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Хановер, Истанбул (со двата аеродрома-Ататурк и Сабиха Гокчен), Љубљана, Лондон, Малме, Малта, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Прага, Рим, Стокхолм, Векше, Венеција, Виена, Варшава, Загреб и Цирих. Овие релациии ги опслужуваат авиокомпаниите: Виз ер, Ер Србија, Катар ервејс, Флај Дубаи, Туркиш ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Адриа ервејс, Чех ерлајнс, Аустриан ерлајнс, ЛОТ Полиш ерлајнс, Кроација ерлајнс, Еделвајз и Германија Флуг АГ. 

Како што најавуваат од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми, покрај редовните линии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ за Базел, Цирих и Лондон, од ноември годинава Виена ќе биде нова дестинација која ќе ја воведе „Виз ер“ и ќе функционира исто така преку целата година. 

Промовирани огласи »

Речиси четири месеци во Струмица не се полага возачки испит.  Испитниот центар Ас струмекс кој го опслужува цел југоисток, од 30 ноември минатата година не спроведува ниту  практично  ниту теоретско тестирање на кандидатите кои сакаат да добија возачки дозволи. Членовите на испитната комисија немала лиценци како што предвидува законот за безбедност на сообраќајот на патиштата чии измени стапија на 1 декември лани, објави Телевиизја 24.

Повеќе од 500 кандидати од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои ја поминале обуката чекаат да го положат завршниот  испит за возачка дозвола, но сегашната комисија немала законска основа да го спроведе завршниот испит оти немаат лиценци.

Законското решение за безбедност во сообраќајот на патиштата од  2015 налага од 30 ноември 2017 сите испитни центри во Македонија  да поседуваат лиценцирани испитувачи. Лиценците треба да ги издава МВР. Но постапката се уште не е завршена.

„Со решение на министерот, формирана е комисија која има задача да спроведе постапка за спроведување на стручиот испит  на електронски начин за  испитувачи – теоретски и практичен дел. Во МВР се води постапка за избор на стручни лица (двајца универзитетски професори)  кои заедно со преставници на Министерството за внатрешни работи треба да изготват база на прашања за спроведување на стручниот испит“, одговорија од Министерството

Одлагање на спорните одредби и промена на законското решение бараат од здружението на независни возачи, инструктори и авто школи оти нема законско покритие за полагање возачки испит.

Законската одредба за добивање на лиценца за стручен кадар во авто школата и испитниот центар, роковите се пробиени. Не знам што содржат измените, дали ќе се оди со одложување, бидејќи министерството веќе има изготвено измени на овој закон, вели Јонче Апостоловски – Здружение на независни возачи, инструктори и автошколи.

Во Македонија постојат 8 испитни центри. Во дел од нив според информациите на Телевизија 24  се полага возачкиот испит иако стручниот кадар на испитните центри немаат  лиценци.

Промовирани огласи »

Познати се овогодинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22. избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец.

Пенка Мукаетова од Интел консталтинг груп, Лидија Таскова „ЕСП“, Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Кузмановска „Комфи Ангел“, Јана Јанеска-Ристеска Центар за современа ликовна уметност, Елена Таковска „Фармаген“, Слаѓана Стаменкова „Елит Травел“, Александра Аргир од „Скопска пивара“ и Магдалена Трајковска-Трпевска генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од „Витаминка“ се овогодинешните топ десет менаџерки кои ќе го добијат признанието.

Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето.

Генералната менаџерка на „Марили“ Лидија Трипуноска,  вели дека годинава фокусот ќе биде ставен на тематскиот ден за здравјето и убавината во функција на соверемената жена насловен како „Дама Да“ кој ќе се одржи на 31-ви овој месец.

На едукативниот ден ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики,  а специјална гостинка е српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Промовирани огласи »

Даночните обврзници кои ги користат даночните услуги на Регионалната дирекција  на УЈП - Скопје од 1 мај годинава задолжително ќе треба да ја користат услугата „Закажи средб@“.

Услугата овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП - Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, oтворање бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување даноци, постапки за наплата на долгови;, како и правни прашања.

Услугата  може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. Средбата може да се закаже преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »