Промовирани огласи »

29 евра чини работен час во Ирска, 29.8 во Австрија и 32.2 евра во Германија. 

На дното на листата во ЕУ е Бугарија, но оваа земја за една деценија цената на работен час ја зголемила од 2.3 на 5.1 евро. 

Слично е и во Романија, и оваа држава за истиот период цената за работен час ја зголемила од 3.5 на 5.5 евра. 

Словачка и Естонија во 2007 година биле на исто ниво и работен час кај нив чинел 6.3 евра, но денес чини 10.5  односно 10.2 евра. 

Чесите во 2007 година имале цена од 7.4 евра за работен час, а денес заработуваат 10.1 евро. 

Хрватска од 7.8 евра за работен час, има скок на 8.5 евра денес. Словенците во 2007 година заработувале по 13.3 евра за час, а денес добиваат по 16.4 евра. 

Промовирани огласи »

Патниците ќе имаат обврска да дадат информации за последните пет години. Тоа ќе се однесува на претходните патувања во странство, телефонските броеви што ги користеле во тој период, имејл адресите и профилите на социјалните мрежи.

Патниците кои сакаат да ги посетат САД наскоро ќе мора да ги дадат своите идентитети на социјалните мрежи, претходните телефонски броеви и имејл адреси, соопшти вечерва американскиот Стејт департмент.

Таа мерка на годишно ниво ќе се однесува на околу десет милиони луѓе кои сакаат туристичка виза или да имигрираат во САД. Ова нема да важи за дипломати и валдини претставници.

Во предлогот не се споменува програмата за иземање од визи (ESTA) што ја користат граѓаните од околу 40 богати земји, меѓу кои и 30 од Европа. Оваа програма овозможува 90 дена престој во САД без  виза.

Патниците ќе имаат обврска да дадат информации за последните пет години. Тоа ќе се однесува на претходните патувања во странство, телефонските броеви што ги користеле во тој период, имејл адресите и профилите на социјалните мрежи.

За новиот предлог и неговото донесување ќе се одлучува на 29 мај.

Промовирани огласи »

При враќање на парите за радиодифузна такса на граѓаните, Управата за јавни приходи им наплаќала на граѓаните 300 денари за образец што треба да го пополнат за да им бидат вратени 290 денари, алармираше народниот правобранител, Иџет Мемети презентирајќи го годишниот извештај.

Според него Управата за јавни приходи постапувала спротивно на човековите права.

Ова е парадоксално постапување на УЈП, рече Мемети.

Од минатогодишната работа, според Мемети, произлегуваат неколку исклучително важни констатации:„Селективната правда е се поприсутна, партизираната и непрофесионална јавна админситрација на централно, а особено на локално ниво е сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, популистичките и неприменливите правни прописи дополнително го отежнуваат остварувањето на правата на граѓаните, лошиот систем на извршување особено го погодува најсиромашниот слој граѓани, социјалната заштита останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик, имаме појава на дискриминација по сите основи, неефикасно судство и обвинителство, но и полиција која со примена на сила ги надминува своите овластувања, останувајќи неказнета“.

Промовирани огласи »

Советот на Народната банка на Република Македонија на вчерашната седница донесе Одлука од 15 мај годинава да бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари.

На седницата, како што соопшти НБРМ, била донесена и Одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари што се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов.

Согласно со оваа Одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка, се наведува во соопштението.

Советот на седницата донесе Одлука од 15 април годинава да бидат пуштени во оптек ковани пари во апоен од два денари, со ознака на ковање „2018“.

Со пуштање во оптек на овие ковани пари во готовинскиот платен промет на Република Македонија, во важност ќе бидат, паралелно, и кованите пари во апоен од два денари издадени претходно. На седницата беше донесена и Одлука согласно со која од 2 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек и книжни пари во апоен од 100 денари, со ознака за печатење „МАЈ 2018“, по што во важност ќе бидат, паралелно, и книжните пари со истата апоенска вредност издадени досега, се додава во соопштението од НБРМ.

Советот на НБРМ донесе Одлука за начинот на вршење супервизија и надзор, со која се овозможува натамошно унапредување на начинот на кој НБРМ врши супервизија на деловните банки во Републиката и надзор на работењето на лица поврзани со деловна банка, на други лица во банкарска група и на друштво за помошни банкарски услуги.

Со Одлуката се врши приближување на супервизорската практика на Народната банка до практиката којашто се применува од страна на Европската централна банка и од страна на националните супервизорски органи од Европската Унија коишто се членки на единствениот супервизорски механизам.

На денешната редобна седница Советот разгледа и други прашања од својата надлежност. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »