Промовирани огласи »

Наместо три како што беше првично планирано, на новиот автопат од Демир Капија до Смоквица којшто треба да биде пуштен во употреба до крајот на месецот, ќе има две патарини. На стариот пат во овој дел досега немаше ниту еден наплатен пункт.

Тоа значи дека за 28 километри ќе има две плаќања, односно од Скопје до Гевгелија ќе имаме дури пет патарини. Но, граѓаните годинава кога ќе патуваат кон Грција ќе бидат поштедени од плаќање на новите две патарини. Тие се очекува да бидат изградени до крајот на годинава.

Од моментот на давање на дозволата за градба, рокот за изградба е осум до десет месеци… Две патарини ќе има, една кај Гевгелија, една кај Демир Капија….Со најсовремен систем со сите светски мерила, да немате веќе застој, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

Министерот Сугарески информираше дека паралелно со изградбата на автопатите почнуваат градежни активности за реконструкција на 30 патишта низ земјата.

Имаме над милијарда денари оваа година коишто ќе бидат потрошени во делот на реконструкција на регионалните патишта, експресните патишта. Наши средства. Се разбира и оние други средства кои дополнително се предвидени од Светска банка, ЕБОР…, изјави Сугарески.

На терен веќе се завршува реконструкција на шест делници во должина од 58 километри во вредност од 304 милиони денари.

Промовирани огласи »

Донесувањето на прогресивното или фер оданочување да влијае на социјалните аспекти во државата, очекува премиерот Зоран Заев.

– Ако успееме, а тоа ќе го знаеме до крајот на септември оваа година ќе бидеме подготвени од 1 јануари да донесеме закон и одлуки социјалната помош од просечно 4.200 денари да ја покачиме на 11.550 денари. Тоа не е покачување за 10 отсто, туку е три пати повеќе и е за најсиромашните и најранливите категории. Ама притоа тие мора да прифатат работа кога ќе им понуди државата. Не може да се водат на 12 илјади денари, а да одбиваат работа. Активните баратели мора да прифатат работа, истакна Заев викендов.

Додаде дека во државата има ранливи категории кои социјалната помош ја добиваат од тој аспект.

И ако тоа го успееме се создава резервоар да ја воведеме државна социјална пензија. Во државата имаме повеќе од 15 илјади мажи кои навршиле 65 години, немаат 15 години стаж и немаат пензија. И не може државата да не се запраша од што живеат тие луѓе. Државата мора да води грижа за нив, затоа што работеле 14 години, давале свој придонес или најголем број се земјоделци кои плаќале ДДВ, даноции, сметки… Тоа мора да го исправиме, кажа Заев.

Според него, целиот овој пакет мерки е целосно поврзан со транспарентноста и чесноста, која мора да ги реализира непродуктивните трошоци и да донесе штедење за да се реализираат ваквите аспекти.

Ако успееме 60 отсто од тоа тогаш ќе постигнеме раст од 3,2 отсто, а ако реализираме 80 отсто ќе имаме раст од 4 отсто, додаде Заев.

Тој и порача на јавната администрација да работи за да има покачување на нивните плати. Во спротивно, рече дека не му паѓа на памет да им ги зголеми примањата, туку напротив, ако не работи, тој ќе ги замрзне платите на целата администрација.

Ако не работи администрацијата ќе нема покачување на БДП, ќе нема нови работни места…, рече Заев.

Според Заев, враќањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе придонесе за подобрување на климата за инвестирање.

– Враќањето на опозицијата во Собранието ќе придонесе за нови инвестиции. Ние досега потпишавме договори за инвестирање со 10 странски компании, без еден денар потрошени за промоција во медиуми и за роуд шоа. Со 200 компании сме во преговори. ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие ни ги донеле инвестиции. Да, точно е, дел од нив можеби биле во преговори со претходната влада.

Преговарале со владата, ги снемало, па сега повторно се враќаат. Нека биде тоа заеднички успех во Македонија за сите. Дајте да го кренеме БДП, рече Заев.

Промовирани огласи »

Со развојот на технологијата, се чини дека поимот „канцеларија“ веќе се редефинира. Сè поголемата слобода во изборот и движењето ги прави луѓето да се чувствуваат независни и самостојни кога е во прашање локацијата од каде ќе ги завршат своите работни задачи. Комфорноста и задоволствата во текот на денот не мора да се пропуштaат, само затоа што имаме еден куп работа. Спојот на работата и посетата на некое омилено место, денес е многу едноставно  благодарение на технологиите базирани на облак или cloud. На овој начин, вработените можат лесно да пристапат до канцелариските датотеки и да работат заедно со други членови на тимот додека се во движење или пак се наоѓаат на некоја удобна локација. Компаниите потребно е да сфатат дека канцеларијата и четирите ѕидови не се толку инспиративни. Креативноста и слободата на умот бараат постојано движење и комуникација, кои се главниот предуслов за зголемување на продуктивноста.

Со ваков стил на работа, вработените можат самите да си го организираат денот и да ги избегнат вообичаенитепречки кои се составен дел од канцелариското работење како што се: ѕвонењето на телефоните, разговорите со колегите, честите интерни состаноци, консултации и слично.  Со добра техничка поддршка, пристапот до потребните фајлови и документи е едноставен, контактот со колегите непречен, па чувството дека не сте во вклучени во тековните проекти речиси и да не постои.

Во продолжение се неколку неопходни предности доколку некој од вас одлучи својата вообичаена работна средина да ја замени со работа надвор од канцеларија:

1.  Флексибилност

Сосема природно е вработените при извршувањето на задачите да користат различни уреди, така што способноста нивните компјутери да работат на сите оперативни системи значително ќе ја подобри пристапноста и ќе ја олесни работата. Програмот кој го користи компјутерот потребно е да биде доволно флексибилен за да работи на уред за кој лесно се поврзува со останатите колеги. Па така доколку работниот ден го поминете, на пример, во „Јавна соба“, со добра техничка поддршка ќе се чувствувате исто како да сте во канцеларија, со таа разлика што ќе го пропушите официјалниот дел од работата и во поопуштена и инспиративна средина ќе ги завршите работните задачи.

2.  Поврзаност

Непречената и добра вмреженост е една од најважните елементи  на успешниот тим, но уште поважна за оние кои имаат непостојана канцеларија и работат во движење. Стабилната комуникација и трансфер на информации значително ќе ја подобрат целокупната ефикасност на тимот со тоа што ќе овозможи сите постојано да останат во контакт.

3.  Пристап

Сите вработени со флексибилна работна средина бараат пристап до компанискиот сервер за да можат да бидат во тек со сите работни развојни фази и нивната комплетна работа. Неопходен е систем и техничка поддршка кои им овозможуваат на сите вработени да се чувствуваат супериорно во однос на работните задачи.

4.  Безбедност

Доколку ја погледнеме големата слика, сите наведени ставки кои ги споменавме, паѓаат во сенка, доколку ја немаме главната алка која го прави синџирот комплетен, а тоа е сигурноста. Поставувањето на безбедна конекција меѓу компанискиот сервер и уредите на мобилните вработени ќе ве осигураат дека непречено и сигурно комуницираат и  разменуваат чувствителни компаниски информации и документи, без при тоа да стравуваат од нивно компромитирање. Компанијата, исто така, треба да ги промовира најдобрите практики на интернет за да се осигури дека вработени избегнуваат ризично однесување додека се оддалечени од серверите на компанијата.

Што е решението?

Доколку сето ова ви изгледа премногу тешко за да го примените, на пазарот постојат поединечни решенија кои можат да дадат одговор на предизвиците. Во моментот, Microsoft Office 365 претставува најсоодветна алатка со која може истовремено и координирано да ги реши сите предизвици со кои се соочуваат вработените, а кои се одлучиле за неконвенционален начин на работење. Неговата предност е поврзаноста со cloud (облаk), кој ќе ве осигура дека апликациите, датотеките, надградбите и функциите автоматски се ажурираат.

Па така, не си го ускратувајте правото во лежерна атмосфера да ги извршувате работните задачи и да станете професионален „дигитален номад“, бидејќи денес фокусот се повеќе паѓа врз ефикасноста и крајните резултати. Како ќе се постигне разултатот, како ќе се организира времето, ресурсите и локацијата  за работа, сега веќе е личен избор.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на бензините од ноќеска но полноќ се зголемува за половина, а на дизелот и екстра лесното за еден денар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по 48,50 денари.

Согласно одлуката се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 28,72 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 68,9 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 50.003 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »