Промовирани огласи »

Започна нова акција на исцртување на 3D пешачки премини кои преку оптичка илузија треба да ги предупредат возачите да ја намалат брзината, а со тоа и да се намали ризикот од прегазување на пешаци, по големиот број на несреќи во изминатиот период. 

Почнавме од улицата кај Музејот на современа уметност како пилот проект, да видиме како ќе функционираат. Во наредниот период ќе се бележат уште неколку помали улици, за да го усовршиме начинот на бележење а потоа ќе продолжиме на булеварите. Градот ќе добие нов имиџ. Работите со механизацијата на претпријатието, како дел од тековните активности што значи дека немаме дополнителни трошоци. За 3-Д пешачки премини не требаат многу пари а се многу ефективни. Во голем број европски градови на овој начин се регулира безбедноста на улицата. Преминот создава чувство кај граѓаните дека на улицата има подигнат премин што ги наведува да ја намалат брзината, вели Сенад Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“.

Според планот предвидено е тридимензионален пешачки премин да се нацрта на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петрoв, каде мината недела беше прегазено 10 годишно дете, како и низ други улици и булевари каде се вози со голема брзина и се црни точки во Скопје.

Промовирани огласи »

Од 2001 година, вкупно 71.524 државјани на Република Македонија добиле бугарско државјанство.

Отсега многу полесно до бугарски пасош – се менуваат правилата, илјадници македонци веќе добиле документи – пишува порталот Sky.com.mk

Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој започна во јануари минатата година, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство.

Од Бугарија доаѓаат и информации дека земјата ќе го олесни режимот за стекнување на бугарско државјанство.

Во најскоро време ќе се олесни целата процедура за добивање на бугарски пасош.

Промовирани огласи »

Автопатот Демир Капија - Смоквица во понеделник ќе биде официјално пуштен во употреба.

На отворањето како што е најавено ќе присуствуваат евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.

За време на настанот ќе биде промовирана и кампањата за ЕУ- инвестициите во инфраструктурата во земјава.

Овој дел од автопатот, според планот, требаше да биде завршен до 1 ноември 2017 година.

Инвестицијата во автопатот изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година од страна на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа делница се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Промовирани огласи »

Претседателот на Европскиот Парламент, Антониот Тајани, му испрати официјално писмо на Марк Закерберг повикувајќи го да сведочи за скандалот со Кембриџ Аналитика.

Тоа е втор јавен повик до сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук да дојде во Брисел да сведочи пред европратениците. Тајани првпат му испрати писмо на Закерберг  на 20-ти март, но тој предложи да го испрати својот заменик-претседател за надворешни работи, Џоел Каплан.

Сите политички групи истакнаа дека вашето лично присуство е апсолутно потребно, му напиша Тајани на Закерберг.

Образложението на ЕП е дека Фејсбук чие меѓународно седиште е регистрирано во Даблин, Ирска и како такво им подлежи на европските закони.

-Фејсбук мора да соработува и да биде одговорна пред Европскиот Парламент кој е регулатор на европското законодавство, потсетува Тајани, додавајќи дека господинот Цукерберг има одговоност лично да даде објаснувања на народните избраници на граѓаните на ЕУ како што направи со Конгресот.

Како што јавува дописничката на МИА во Брисел, претседателот на Парламентот смета дека спречувањето на идните злоупотреби на личните податоци на европските граѓани треба да се процени во рамките на претстојното стапување на сила на новата регулатива на ЕУ за заштита на податоци, попозната како ГДПР.

Европската Комисија, извршното тело на ЕУ, исто така испрати писма со барање за објаснувања од раководството на Фејсбук, но не побара сведочење. Фејсбук одговори дека е подготвен да соработува.

Над 2 милиона европски граѓани се засегнати од злоупотребата на лични податоци од страна на Кембриџ Аналитика преку Фејсбук. Закерберг веќе сведочеше пред американските пратеници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »