Промовирани огласи »

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност коишто се повлекуваат од оптек е токму материјалот којшто се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен од биаксијално ориентиран полипропилен.

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност коишто се повлекуваат од оптек е токму материјалот којшто се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен од биаксијално ориентиран полипропилен.

Заштитниот конец кај полимерните банкноти ќе се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“, додека кај книжните банкноти, тој е вткаен во хартијата и под дејство на светлина се гледа како непрекината линија со јасно испишан текст „НБРМ“.

Како заштитни знаци, овие полимерни банкноти, меѓу другото ќе содржат и микротекст видлив само со лупа, двоен пасер и скриена слика, а ќе имаат и УВ-својства.

На нив ќе има и ознака во вид на издигнати точки за распознавање на различните апоени од страна на лицата со оштетен вид.

Од денот на пуштање во оптек на полимерните банкноти со апоенска вредност од 10 и 50 денари – 15 мај, книжните банкноти со истата апоенска вредност престануваат да бидат законско средство за плаќање.

Промовирани огласи »

Ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем и вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште, порачуваат од Министерството за образование. 


Од кабинетот на министерката Рената Десковска им порачаа на здравствените власти да најдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација. 



Во Уставот на Република Македонија, е наведено дека основното образование е задолжително. Ова значи дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем. Потребни се мерки и кампањи од едукативен карактер за придобивките од вакцинацијата, советувања за родителите кои не ги вакцинираат своите деца, но и санкции, велат од Министерството за образование. 

Промовирани огласи »

Врз основа на лично барање, може да се спроведе непосреден увид во податоците за стажот на осигурување и платите.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија има услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.

Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво на шалтерите на Фондот.

Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување.

Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со современите развојните трендови за електронски пристап до информации.

За кого се однесува услугата?

Оваа услуга е наменета за сите осигуреници кои имаат регистрирани податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување.

Како се обезбедува услугата?

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да се добие со поднесување на БАРАЊЕ до филијалите или деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе и од веб-страницата на Фондот: www.piom.com.mk, односно линкот Е – услуги.

Пополнетото БАРАЊЕ се поднесува лично на шалтерите, со документ за лична идентификација на увид (лична карта, или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање се добива корисничкото име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку интернет, пишува Правдико.

Промовирани огласи »

Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти.

Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk.

Од Управата за јавни приходи информираат дека овој нов начин се воведува со цел подобрување на даночните услуги, намалување на времето на чекање и на метежите на даночните шалтери, навремена услуга и точен одговор за даночните обврзници.

Услугата „Закажи средба“ овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП - Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа добивање на општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување на даноци, постапки за наплата на долгови, правни прашања и консултација за други специфични прашања, појаснуваат од УЈП.

Доколку даночните обврзници не се во можност да присуствуваат на закажаниот термин, ќе треба да ја откажат средбата или да презакажат друг термин.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »