Промовирани огласи »

Отстапувања нема да има и вакциналниот картон и понатаму ќе биде дел од задолжителна документација за упис во основно образование.

Но тоа нема да значи дека невакцинираните ќе останат надвор од образовниот процес туку надлежните на други начини ќе ги едуцираат родителите дека треба  да ги заштитат децата од опасни болести. По вчерашните различни мислења на дел од здравствените власти кои дури беа спротивни со законските решенија,  министерот Венко Филипче вели дека ова е конечниот став.

Потврда за примени вакцини при упис во училиште мора да има задолжително како и до сега  и од тоа отстапување нема. Падот на опфатот со имунизација е сериозна и загрижувачка работа од појава на опасни заразни заболувања. Што ќе се случи и кој ќе одговара ако се појави епидемија од морбили или случај на полио. Вакцинацијата е задолжителна а ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели во изјава за Сител министерот за здравство.

Филипче вели дека вакцинацијата е неопходна за зачувување на колективниот имунитет и заштита од морбили, заушки, дифтерија полио и други веќе искоренети болести во земјата. Дополнителна опасност за невакцинираните деца е и меѓународниот трнаспорт кога лесно можат да бидат заразени од опасни и смртоносни болести.

Во Македонија во последните две години опфатот на имунизација во поголемите градови е под 90 проценти што ја смести државата во високо ризични земји за ширење на заразни болести.

Утре и задутре покрај пребарување на вакциналните картони во диспанзерите, лекари ќе држат и едукативни предавањеа во градинки за да ги советуваат родителите за бенефитите од вакцините.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика, УНДП и Агенцијата за вработување денеска во Владата на Република Македонија ќе ја промовираат Програмата за вработување за 2018 година.

На настанот најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната амбасадорка на ОН во Македонија, Луиза Витон и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

Промовирани огласи »

Во собраниска процедура наскоро се очекува да влезат предлог измените на Законот за работни односи и тоа е покренато на неколку дена пред одбележувањето на 1 мај денот на трудот.

Владата на Република Македонија на 65-та седница го усвои текстот на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи со кој се унапредуваат работничките права, соопштија од Владата. 

Речиси сите синдикални и работнички организација најавија дека на 1 мај ќе излезат на протести на кои ќе ги истакнат барањата за подобрување на работничките права, а дел од нив во изминатиот период имаа чести средби со премиерот и надлежните министри за вклучување на овие барања во законските измени. 

Промовирани огласи »

Со новите промени во Законот за банки УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Од друга страна, Царинската управа ќе има увид во истите податоци само со поднесување на писмено барање до комерцијалните банки.

Новите измени ќе овозможат Царина да врши присилна наплата на царинските давачки, а УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година.

Од 2019-та УЈП ќе изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник, а за поедноставување на постапката потребните податоци за остварените приходи ќе ги добива без поднесување на поединечно барање.

Царинската управа има потреба од податоци за трансакциска сметка на граѓаните заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.

Од Министерството за финансии велат дека со новите измени се засегнати банките и граѓаните кои имаат трансакциски сметки и истите ќе имаат шанса да се вклучат во јавната расправа со свои сугестии.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »