Промовирани огласи »

Матични лекари одат во пензија или во странство, а сестрите остануваат без работа. Од Унијата на здруженија на медицински сестри бараат државата со закон да го заштити овој обучен здравствен кадар и кога ќе им завршат договорите.

Зад ова стојат околу 800 сестри кои се нивни членови, а стотина ќе завршат на улица. Инсистираат да им се овозможи на средно медицинскиот перонал од кај концесионерите да може да се врати во јавното здравство. Последниот случај кој го посочија од здружението “За нас” е дека сестра останала технолошки вишок зошто докторот го укинал работното место медицинска сестра и и исплатил неколку опремнини. Законот кој ги штитеше повеќе не е на сила.

Сестрите не ги заштитува ниту колективниот договор ниту законот за здравствена заштита, изјави Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.

Повеќе од сестрите сакаат да се вратат во ЈЗУ. Лошиот третман од концесионерите е најголемата причина, изјави Снежана Спирова, координатор на медицински сестри кои работат кај концесионери.

Од министерството за здравство на прашањето на Сител одговорија дека е прифатено барањето на медицинските сестри кои работат или работеле во ПЗУ да можат да се вратат во ЈЗУ.

Законските измени во моментот се во владина процедура, стои во писмениот одговор од МЗ.

Промовирани огласи »

Отстапувања нема да има и вакциналниот картон и понатаму ќе биде дел од задолжителна документација за упис во основно образование.

Но тоа нема да значи дека невакцинираните ќе останат надвор од образовниот процес туку надлежните на други начини ќе ги едуцираат родителите дека треба  да ги заштитат децата од опасни болести. По вчерашните различни мислења на дел од здравствените власти кои дури беа спротивни со законските решенија,  министерот Венко Филипче вели дека ова е конечниот став.

Потврда за примени вакцини при упис во училиште мора да има задолжително како и до сега  и од тоа отстапување нема. Падот на опфатот со имунизација е сериозна и загрижувачка работа од појава на опасни заразни заболувања. Што ќе се случи и кој ќе одговара ако се појави епидемија од морбили или случај на полио. Вакцинацијата е задолжителна а ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели во изјава за Сител министерот за здравство.

Филипче вели дека вакцинацијата е неопходна за зачувување на колективниот имунитет и заштита од морбили, заушки, дифтерија полио и други веќе искоренети болести во земјата. Дополнителна опасност за невакцинираните деца е и меѓународниот трнаспорт кога лесно можат да бидат заразени од опасни и смртоносни болести.

Во Македонија во последните две години опфатот на имунизација во поголемите градови е под 90 проценти што ја смести државата во високо ризични земји за ширење на заразни болести.

Утре и задутре покрај пребарување на вакциналните картони во диспанзерите, лекари ќе држат и едукативни предавањеа во градинки за да ги советуваат родителите за бенефитите од вакцините.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика, УНДП и Агенцијата за вработување денеска во Владата на Република Македонија ќе ја промовираат Програмата за вработување за 2018 година.

На настанот најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната амбасадорка на ОН во Македонија, Луиза Витон и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

Промовирани огласи »

Во собраниска процедура наскоро се очекува да влезат предлог измените на Законот за работни односи и тоа е покренато на неколку дена пред одбележувањето на 1 мај денот на трудот.

Владата на Република Македонија на 65-та седница го усвои текстот на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи со кој се унапредуваат работничките права, соопштија од Владата. 

Речиси сите синдикални и работнички организација најавија дека на 1 мај ќе излезат на протести на кои ќе ги истакнат барањата за подобрување на работничките права, а дел од нив во изминатиот период имаа чести средби со премиерот и надлежните министри за вклучување на овие барања во законските измени. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »