Промовирани огласи »

Според податоците од Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето плата во декември минатата година изнесува 23.158 денари што е за 3,6 % повеќе споредено со декември 2016.

Според податоците тоа би било околу 375 евра, но реалноста покажува дека постојат работници кои земаат двојно помалку плата од погоренаведената.

Погледнете ги овие пет професии кои имаат најниска исплатена просечна нето плата.

-Заштитни истражни дејности(13.104)

-Производство на кожа(13.631)

-Производство на мебел(14.982)

-Рибарство и аквакултура(15.001)

-Производство на облека(15.028)

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетија пред 1 недела одлучи да ја зголеми цената на бензините за половина денар, односно на дизелот за еден денар. Новоутврдената цена која ќе важи до 30-ти април на полноќ е 68 денари за еуросупер БС-95, 69.50 за еуросупер БС-98 и 60 денари за еуродизел.

Зголемувањето на цените се должете на порастот на глобалната цена на нафтата која се искачи до 66.22 долари за барел.

Имајќи го предвид фактот дека во изминатите 10 дена цената на нафтата е во постојан пораст (денес изнесува 67.85 долари по барел) може да се очекува ново поскапување на цените на 1-ви мај.

Промовирани огласи »

Матични лекари одат во пензија или во странство, а сестрите остануваат без работа. Од Унијата на здруженија на медицински сестри бараат државата со закон да го заштити овој обучен здравствен кадар и кога ќе им завршат договорите.

Зад ова стојат околу 800 сестри кои се нивни членови, а стотина ќе завршат на улица. Инсистираат да им се овозможи на средно медицинскиот перонал од кај концесионерите да може да се врати во јавното здравство. Последниот случај кој го посочија од здружението “За нас” е дека сестра останала технолошки вишок зошто докторот го укинал работното место медицинска сестра и и исплатил неколку опремнини. Законот кој ги штитеше повеќе не е на сила.

Сестрите не ги заштитува ниту колективниот договор ниту законот за здравствена заштита, изјави Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.

Повеќе од сестрите сакаат да се вратат во ЈЗУ. Лошиот третман од концесионерите е најголемата причина, изјави Снежана Спирова, координатор на медицински сестри кои работат кај концесионери.

Од министерството за здравство на прашањето на Сител одговорија дека е прифатено барањето на медицинските сестри кои работат или работеле во ПЗУ да можат да се вратат во ЈЗУ.

Законските измени во моментот се во владина процедура, стои во писмениот одговор од МЗ.

Промовирани огласи »

Отстапувања нема да има и вакциналниот картон и понатаму ќе биде дел од задолжителна документација за упис во основно образование.

Но тоа нема да значи дека невакцинираните ќе останат надвор од образовниот процес туку надлежните на други начини ќе ги едуцираат родителите дека треба  да ги заштитат децата од опасни болести. По вчерашните различни мислења на дел од здравствените власти кои дури беа спротивни со законските решенија,  министерот Венко Филипче вели дека ова е конечниот став.

Потврда за примени вакцини при упис во училиште мора да има задолжително како и до сега  и од тоа отстапување нема. Падот на опфатот со имунизација е сериозна и загрижувачка работа од појава на опасни заразни заболувања. Што ќе се случи и кој ќе одговара ако се појави епидемија од морбили или случај на полио. Вакцинацијата е задолжителна а ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели во изјава за Сител министерот за здравство.

Филипче вели дека вакцинацијата е неопходна за зачувување на колективниот имунитет и заштита од морбили, заушки, дифтерија полио и други веќе искоренети болести во земјата. Дополнителна опасност за невакцинираните деца е и меѓународниот трнаспорт кога лесно можат да бидат заразени од опасни и смртоносни болести.

Во Македонија во последните две години опфатот на имунизација во поголемите градови е под 90 проценти што ја смести државата во високо ризични земји за ширење на заразни болести.

Утре и задутре покрај пребарување на вакциналните картони во диспанзерите, лекари ќе држат и едукативни предавањеа во градинки за да ги советуваат родителите за бенефитите од вакцините.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »