Промовирани огласи »

Македонија е рангирана на 109-то место во најновиот Извештај за слобода на медиумите на Репортери без граници, што е напредок за две места во споредба со минатата година кога беше на 111-та позиција. Сепак, земјава е најслабо рангирана во споредба со земјите од регионот.

Најслободни медиуми има во Словенија која е на 32. место, Босна и Херцеговина е 62., Хрватска 68, Грција 74, Албанија е 75, Србија 76, Косово 78, Црна Гора 103-та, а Бугарија е на 111. место.

Во делот на извештајот кој се однесува на Македонија се вели дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со изборот на новата влада во јуни 2017 година“.

​ ​

За време на десетгодишното владеење, Груевски воспостави ниво на контрола врз медиумите што не можеше да се спореди со ниедна друга балканска земја, а многу опозициски медиуми мораа да згаснат“, е заклучокот на Репортери без граници кои оценуваат дека Јавниот радио-телевизиски сервис „сè уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“. Во извештајот се додава дека „падот на режимот на Груевски доведе до намалување на владината контрола врз медиумите, но се уште е рано со сигурност да се оценат владините намери да создаде трајно подобрување на ситуацијата. Нема значителни промени во економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни.

Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. Слободата на медиумите во светот е намалена во текот на минатата година, а омразата кон новинарите се засилува во Европа и во САД, што е закана за демократијата, се наведува во годишниот извештај на невладината организација. Според Репортери без граници, слободата на медиумите во 21 држава е класифицирана како „многу сериозна“.

Четири европски земји бележат најлоши резултати минатата година, додека САД бележат пад од две места и се на 45 место од 180 држави.

Промовирани огласи »

Според податоците од Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето плата во декември минатата година изнесува 23.158 денари што е за 3,6 % повеќе споредено со декември 2016.

Според податоците тоа би било околу 375 евра, но реалноста покажува дека постојат работници кои земаат двојно помалку плата од погоренаведената.

Погледнете ги овие пет професии кои имаат најниска исплатена просечна нето плата.

-Заштитни истражни дејности(13.104)

-Производство на кожа(13.631)

-Производство на мебел(14.982)

-Рибарство и аквакултура(15.001)

-Производство на облека(15.028)

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетија пред 1 недела одлучи да ја зголеми цената на бензините за половина денар, односно на дизелот за еден денар. Новоутврдената цена која ќе важи до 30-ти април на полноќ е 68 денари за еуросупер БС-95, 69.50 за еуросупер БС-98 и 60 денари за еуродизел.

Зголемувањето на цените се должете на порастот на глобалната цена на нафтата која се искачи до 66.22 долари за барел.

Имајќи го предвид фактот дека во изминатите 10 дена цената на нафтата е во постојан пораст (денес изнесува 67.85 долари по барел) може да се очекува ново поскапување на цените на 1-ви мај.

Промовирани огласи »

Матични лекари одат во пензија или во странство, а сестрите остануваат без работа. Од Унијата на здруженија на медицински сестри бараат државата со закон да го заштити овој обучен здравствен кадар и кога ќе им завршат договорите.

Зад ова стојат околу 800 сестри кои се нивни членови, а стотина ќе завршат на улица. Инсистираат да им се овозможи на средно медицинскиот перонал од кај концесионерите да може да се врати во јавното здравство. Последниот случај кој го посочија од здружението “За нас” е дека сестра останала технолошки вишок зошто докторот го укинал работното место медицинска сестра и и исплатил неколку опремнини. Законот кој ги штитеше повеќе не е на сила.

Сестрите не ги заштитува ниту колективниот договор ниту законот за здравствена заштита, изјави Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.

Повеќе од сестрите сакаат да се вратат во ЈЗУ. Лошиот третман од концесионерите е најголемата причина, изјави Снежана Спирова, координатор на медицински сестри кои работат кај концесионери.

Од министерството за здравство на прашањето на Сител одговорија дека е прифатено барањето на медицинските сестри кои работат или работеле во ПЗУ да можат да се вратат во ЈЗУ.

Законските измени во моментот се во владина процедура, стои во писмениот одговор од МЗ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »