Промовирани огласи »

Кон крајот на март годинава градоначалникот Шилегов на прес-конференција го најави новиот инфраструктурен проект за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар.

Новиот мост ќе го поврзува булевар АСНОМ кај хотелот Русија, преку Вардар, и ќе минува низ населбата Ќерамидница се до раскрсницата кај скопското сајмиште.

Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2.170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз. Пробивањето на овој сообраќаен коридор ќе даде исклучителна развојна компонента на градот и истиот ќе овозможи да патуваме побрзо и побезбедно. Од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ Бисер со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути. Времето на движење за велосипедистите и пешаците, исто така, ќе биде драстично намалено – велат од Град Скопје.

Проектот е предвиден во ГУП од 1965-та година, а досега за него никој во Градот ја немаше изготвено основната планска документација. Градбата на овој коридор со мост се ќе чини 16 милиони евра од кои 8 милиони за градежни работи а 8 милиони за експропријација и се очекува да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните работи.

Промовирани огласи »

Измените на законот за работни односи кои се во собраниска процедура, предвидуваат пократки рокови за пријавување на јавен оглас, обврзувачка содржина на договорот за вработување… 

Со измените на законот, кој треба да биде донесен по скратена постапка, се дава правна основа за престанокот на работниот однос од деловни причини да биде врз основа на критериуми утврдени со колективен договор и критериуми за заштита на лица со попреченост, самохрани родители и родители на деца со посебни потреби.

Ако работодавачот го откаже договорот за вработување поради деловни причини, не може на истите работи, со иста стручна подготовка и занимање да вработи друг работник, во рок од две години од денот на престанокот на работниот однос, пишува во образложението. Ако пред истекот на рокот настане потреба за вршење на истите работи, предност за склучување договор за вработување има работникот кому претходно му престанал работниот однос.

Се утврдува рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена) од приемот на писменото предупредување дадено од работодавачот. Со ова се воведува рок за да се избегнат злоупотребите од работодавачите отказот да го даваат набрзо односно непосредно по даденото предупредување.

Со измените се регулира исплатата на испратнината во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, при што висината на испратнината се зголемува од 12,5% до 25% во зависност од годините поминати во работен однос.

Во текстот на законот се допрецизира значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време, преку утврдување на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето-плата по работник исплатена во Македонија претходната година. Се прецизира дека работникот не може да биде распореден на ноќна работа доколку нема јавен превоз, а работодавачот не обезбедува услови за превоз до и од работа.

Точката е ставена на дневен ред на 21 мај на 46 седница на Собранието.

Промовирани огласи »

Ниту еден службеник вработен преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, не започнал со работа и покрај почетокот на распределбата по институциите во кои има потреба од вакви кадри, а за нив ќе се чека уште два месеци, објави Алсат.

Од 958 службеници кои се очекува да бидат распределени, 10% не ги прифатиле понудените работни места. Тие одбиле потпишување на договор од различни причини, како што се оддалеченост на работното место од местото на живеење и несовпаѓање на професијата со работната позиција. Распоредувањето на втората група од 700 службеници се очекува да заврши во рок од 2 месеца.

Институциите се уште се занимаваат со потпишување договори и решенија. Владиниот портпарол, Мухамет Хоџа, очекува дека 958-те административци наскоро ќе почнат со работат, но не дава прецизен рок кога тоа ќе се случи, иако повеќе од осум години седат дома и примаат плата.

Промовирани огласи »

Колку народните избраници во земјата се активни на социјалните мрежи? Дел од нив речиси секојдневно објавуваат содржини за одржан говор или меѓународна посета а некои нивни колеги, пак, се појавуваат на интернет просторот само во период на  предизборни кампањи. Од последната анализа направена од Бојан Кордалов специјалист за нови медиуми, 0д 120 пратеници 112 користат фејсбук а 31 твитер. Според него, фалењето на претставници од законодавниот дом или други политичари за нивните активности не значат ништо доколку немаат двонасочна комуникација со граѓаните. 

Имаат профили но некои ретко објавуваат, а и кога имаат објавено нема двонасочна комуникација со граѓаните. Тоа е многу потребно бидејќи на тој начин ќе знаат што бараат граѓаните, ќе дознаат некоја нова идеја или материјал за амандмани и промени на закони, вели Бојан Кардалов специјалист за нови медиуми. 

Доколку неможат пратениците , експертите со совет дека треба да ангажираат посебни тимови кои ќе работат на социјалните медиуми за нивна брза и навремена комуникација со граѓаните. Од друга страна, треба да ги следат и светските практики како што се примерите со конгресмените во САД.

Се предлага  Собранието на Република Македонија на својата веб страна, во делот наменет за секој пратеник да додаде контакт од нивниот Фејсбук профил/страна, но и други социјални медиуми. Кои ги користат и на овој начин, граѓаните ќе можат директно да се обратат до секој пратеник. Ова го практикуваат пратеници и конгресмени во САД, Велика Британија и други западноевропски земји, вели Кордалов.

Од последната анализа, двајца пратеници повеќе се на листата на фејсбук корисници за разлика од лани. Во 2009 овој социјален медиум го користеле само 35 народни избраници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »