Промовирани огласи »

Сите оние, мажи и жени, кои имаат преку 44 години ќе работат само три дена во неделата за иста плата.

Тоа нема да биде кај нас туку во Австралија. Но кога ова ќе заживее не се знае. За сега е само предлог за кој интезивно се залагаат да заживее некои влијателни австралиски партии. Тие велат дека мозокот на човекот посе 44-та година од животот послабо функционира, па од тие причини не треба да се напрега.

Затоа и предлагаат да се донесе Закон со кој на овие луѓе ќе им се како што велат разнежи животот. Овој предлог наиде на големо одобрување кај самите австрилијанци.

Тие сега бараат да се распише референдум на кој ќе гласаат за убавините на животот кој после 44 година треба да биде за уживање а, не за измачување.

Оваа тема, ќе им биде особено привлечна и на Македонците, па на нас ни останува само да се надеваме, дека ќе учиме од подобрите.

Промовирани огласи »

Од денеска стартуваат обуките за претприемништво кои се дел од програмата за Самовработување, како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Обуки за претприемништво денеска започнаа во шест Центри за вработување, и тоа во: Скопје, Тетово, Велес, Гостивар, Прилеп и Кочани.

Селектираните кандидати ќе ги посетуваат обуките во групи во времетрање од четири дена.

Обуките за претприемништво ќе траат до 05.07.2018 година и ќе се спроведуваат во сите Центри за вработување во Македонија. Со овие обуки ќе бидат опфатени вкупно 1518 селектирани учесници.

Обуките ќе се одвиваат во работните клубови на Центрите за вработување, а ќе се спроведуваат од страна на надворешни консултанти.

Овие обуки за претприемништво имаат за цел да ја подобрат подготвеноста за работа на учесниците, да ги развијат индивидуалните капацитети за претприемништво и да поттикнат и мотивираат отпочнување на бизнис.

По завршување на обуката ќе се врши оценување на кандидатите кои пополниле и доставиле пополнет образец - Опис на бизнис идеја.

Оценувањето се врши од страна на консултантите и координатори на програмата, вработени во Центарот за вработување, согласно претходно утврдените критериуми. Потоа работна група ќе подготви ранг листа на селектирани бизнис идеи и дополнителна резервна листа на кандидати.

Најдобро рангираните кандидати ќе се вклучат во следниот чекор, поддршка за подготовка на бизнис план и со тоа ќе бидат чекор поблиску до остварување на нивната посакувана идеја за сопствен бизнис.

Со оваа програма годинава е планирано да бидат вработени 1176 лица во ново-основани правни субјекти.

Финансиската поддршка  која ја добиваат лицата за отворање на сопствен бизнис  е од 246.000 до 307.500 денари или до 615.000 денари доколку се основа субјект од два содружника.

Промовирани огласи »

Кон крајот на март годинава градоначалникот Шилегов на прес-конференција го најави новиот инфраструктурен проект за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар.

Новиот мост ќе го поврзува булевар АСНОМ кај хотелот Русија, преку Вардар, и ќе минува низ населбата Ќерамидница се до раскрсницата кај скопското сајмиште.

Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2.170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз. Пробивањето на овој сообраќаен коридор ќе даде исклучителна развојна компонента на градот и истиот ќе овозможи да патуваме побрзо и побезбедно. Од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ Бисер со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути. Времето на движење за велосипедистите и пешаците, исто така, ќе биде драстично намалено – велат од Град Скопје.

Проектот е предвиден во ГУП од 1965-та година, а досега за него никој во Градот ја немаше изготвено основната планска документација. Градбата на овој коридор со мост се ќе чини 16 милиони евра од кои 8 милиони за градежни работи а 8 милиони за експропријација и се очекува да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните работи.

Промовирани огласи »

Измените на законот за работни односи кои се во собраниска процедура, предвидуваат пократки рокови за пријавување на јавен оглас, обврзувачка содржина на договорот за вработување… 

Со измените на законот, кој треба да биде донесен по скратена постапка, се дава правна основа за престанокот на работниот однос од деловни причини да биде врз основа на критериуми утврдени со колективен договор и критериуми за заштита на лица со попреченост, самохрани родители и родители на деца со посебни потреби.

Ако работодавачот го откаже договорот за вработување поради деловни причини, не може на истите работи, со иста стручна подготовка и занимање да вработи друг работник, во рок од две години од денот на престанокот на работниот однос, пишува во образложението. Ако пред истекот на рокот настане потреба за вршење на истите работи, предност за склучување договор за вработување има работникот кому претходно му престанал работниот однос.

Се утврдува рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена) од приемот на писменото предупредување дадено од работодавачот. Со ова се воведува рок за да се избегнат злоупотребите од работодавачите отказот да го даваат набрзо односно непосредно по даденото предупредување.

Со измените се регулира исплатата на испратнината во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, при што висината на испратнината се зголемува од 12,5% до 25% во зависност од годините поминати во работен однос.

Во текстот на законот се допрецизира значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време, преку утврдување на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето-плата по работник исплатена во Македонија претходната година. Се прецизира дека работникот не може да биде распореден на ноќна работа доколку нема јавен превоз, а работодавачот не обезбедува услови за превоз до и од работа.

Точката е ставена на дневен ред на 21 мај на 46 седница на Собранието.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »