Промовирани огласи »

Луксуз од којшто е многу тешко да се откажат. 

Од вчера со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Родео“, „Давидов класик“ и „Голд“. Овие цигари се покачени за пет денари.

Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.

Сите брендови на цигари во земјава, се предвидува да поскапат за 4 денари од први јули.

Промовирани огласи »

Од денеска почнува изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри. Градбата ќе почне на потегот клучка Штип југ-Бучин. Се апелира до возачите на внимателно управување и да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.

Работите ги изведува австриската фирма „Штрабаг“ која беше избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој.

Изградбата на патот според понудата е во вредност од околу 27 милиони евра за изградба на патниот правец.

Новиот експресен пат  ќе има  две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метра. Изградбата на овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба да заврши во рок од три години, а новата траса ќе почнува од клучката за штипскиот Затвор и село Софилари до клучката кај радовишкото село Бучим.

Промовирани огласи »

Министерството за правда подготвува измени на законот за прекршоци кој беше донесен во 2015 година. Од Министерството преку ЕНЕР велат дека актуелниот закон е со речиси идентични одредби како и законот од 2006 година, со одредени номотехнички промени.

Максималните казни за граѓаните ќе изнесуваат петстотини евра, а казните за фирмите во прекршочна постапка не смеат да бидат над 1000 евра.

Главната цел на оваа промена е да се спречи е да се спречат издавања на казни со десетици илјади евра за граѓаните.

Прекршоците се многу високи, ги изрекуваат органи на управа без судска пресуда со што се удира врз џебот на граѓаните и нивниот стандард, кажа Ана Павловска Данева.

Досега се полнеше буџетот, сега ќе има опомени.

Голем бенефит за граѓаните и фирмите ќе има кратењето на жалбената постапка, а исто така со поднесувањето на жалба ќе се стопира и извршувањето на казната, вели Данева.

Ваквото законско решение се очекува до јули да биде доставено до Валда, а веќе во септември да се најде пред пратениците.

Промовирани огласи »

Мобилните податоци во роаминг ќе поевтинат од наредното лето за граѓаните на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Тие ќе плаќаат единствена цена од 70 центи за мегабајт, соопшти европската комесарка за дигитална економија и општество, Марија Габриел.

Операторите ја презедоа обврската од 1 август да понудат пакети во кои цените на мегабајтот ќе бидат неколкупати пониски од сегашните. Нашата цел е до јули наредната година заедничката цена за сите земји од ЕУ и Западен Балкан да биде 70 центи за мегабајт, изјави Габриел.

Таа очекува дека до 2020 година мегабајтот би можел да чини 45, а до 2021 година – 20 центи. Таа нагласува дека пониските цени ќе важат за мобилниот интернет, но не и за разговорите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »