Промовирани огласи »

Млада девојка на 23 години студира економија, има сопствена фирма и работи како иновациски и финансиски советник. 

Пред 5 години Маја Драгојевиќ дошла од Корчула во Сплит и не ни сонувала дека за неколку години ќе постигне толку голем успех. 

Таа ги надминала за кратко време своите постари колеги и колешки. 

Со 2015 година со уште двајца соработници ја основала „Фабрика на идеи“. 

Почнале да им помагаат на младите да пишуваат проекти, да ги едуцираат, а со тоа да се подобри и животот на младите на островите. 

На состанокот кој го организирале имало 40 млади од повеќе острови при што неформално ја направите платформата „Развој на островите“. 

Така девојката почнала да се занимава со сметководство, управување со финансии и стратешко планирање. 

Со мала организација и волја сè се може - вели оваа девојка.

Таа покрај сите работни обврски, студира на Економски факултет.  

Од Студентскиот претприемачки инкубатор со своја идеја за бизнис освоила парична награда од 5000 куни.

Според Драгојевиќ, освен формалното образование потребно е искуството кое се добива во текот на работата. 

Раскажува дека за успех потребна е упорност, но и поддршка од пријателите и семејството. 

Промовирани огласи »

Во оптек се пуштени 50.000 монети во селото и во скијачкиот центар Ле Диаблере, а се прикажуваат на секоја жичара, односно во кабините во стил на гондола.

Валута го добила името Isenau (исеану), по скијачкиот центар над селото до кој се доаѓа со дотраен лифт.

Станува збор за иницијатива на Фондацијата за одбрана на интересите на Исенау и иницијаторите се надеваат дека ќе соберат 250.000 швајцарски франци за да го финансираат проектот.

Парите ќе бидат во оптек најверојатно до крајот на април. Иницијативата била иницирана откако регионот ја загубил финансиската поддршка од државата

Промовирани огласи »

Во тек е конференцијата „EYECON Empowering Youth for Employment Conference”, организирана од Националниот младински совет на Македонија. Таа е посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.

Конференцијата започна во 10 часот, а ќе трае до 15 часот. На неа учествуваат Чарлс Гарет, Амбасадор на Обединетот кралство во Република Македонија, претставници на Агенцијата за вработување на Република Македонија и претставници на Европскиот младински форум и на националните младински совети на повеќе европски држави.

Конференцијата е дел од активностите на проектот „Со работни вештини до можности за младите “, спроведуван од НМСМ, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Промовирани огласи »

За работно време од осум до 16 часот  жените во Македонија треба да заминат од работа во 15:04 часот за да бидат еднакви со мажите што е соодветно на јазот во плати од 12 проценти.

Тоа го покажува инфографиконот изработен во рамки на проектот „Herose and sheroes“: Знаења за анализи и застапување за еднакви плаќања на жените и мајките во Македонија“ на Институтот за економски истражувања „Финанс тинк“.

Во Македонија жените во просек заработуваат 12,5  проценти помала плата од мажите. Кога ќе се земат предвид  карактеристиките како образование, стаж, возраст и во кое занимање се профилираат овој јаз се зголемува на 17,3 проценти. Кај населението пак со најмногу основно образование овој јаз достигнува до 28 проценти. Тоа значи  дека жените за работа со иста вредност заработуваат помалку од мажите - изјави Благица Петрески од „Финанс тинк“, во чија организација денеска во Скопје се одржува економски форум на тема „Родово еднакви плати з апоголем економски раст“.

Како што е наведено на инфографикот, мажите земаат поголеми плати од жените според возраст, стаж и големина на претпријатие, со исклучок на лицата со работен стаже меѓу 30 и 34 години каде жените имаат шест проценти поголема плата.

Најголем дел од родовиот јаз кај платите, според истражувањата, е поради големата неактивност на жените на пазарот на труд. Дел од  мерките треба да бидат насочени токму кон поттикнување на активноста на жените на пазарот на труд, надминување на стереотипите за машка и женска професија, а важна е, истакна Петрески, и поддршката од семејството и партнерот.

Кога жената поактивно би се вклучила на пазарот на труд може да имаме поширок  избор на понуда на пазарот. Жените не се со полоши карактеристи од мажите и не седат дома затоа што не се образовани или немаат добри карактеристики, туку напротив резултатите пoкажуваат  дека се пообразовани но заради одредени причини  останеле неактиви. Преку нивната активација најпрво може да очекуваме поголема понуда на работна сила, а од друга страна и поквалитетна и на тој начин да придонесеме за поттикнување на економскиотг раст - рече Петрески.

Решенија за намалување на родовиот јаз што се препорачуваaт со проектот се зголемување на минималната плата, особено во текстилната и кожарската индустрија, поголем број градинки, воведување флексибилно работно време, право за скратено работно време на родител на новородено дете, татковско платено отсуство… Се препорачува зголемување на учеството на жените во стручното обарзование, родова еднаквост во приватниот сектор и контроли за намалување на родовиот јаз,  како и национална кампања за зголемување на свеста кај граѓаните со цел намалување на негативните последици од роодвиот јаз во плати.

Со веб платформата edplako.mk што ја изработиле „Финанс тинк“ на компаниите им е овозможено да ги тестираат своите системи дали се фер плаќачи, а на поединци која е нивната фер плата без оглед дали се работи за маж или жена. Во компаниите за кои се покажало дека се фер плаќачи, како што рече Петрески, на големо изненадување се во машкиот сектор, во градежништвото, ИТ, печатарска индустрија,…

Имаме и мажи и жени архитекти и проектанти, а повеќе од проектантите се жени, но во делот на тешката физичка активност мора да имаме машка популација, изјави Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора инжинеринг“, компанија во која според истражувањето родовиот јаз во платите изнесува нула проценти.

Проектот на „Финанс тинк“ е поддржан од Централноевропската иницијатива КЕП Австрија, со средства од Австриската развојна фондација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »