Првата недела на претседателот на САД Доналд Трамп многу нагло донесе нервоза кај инвеститорите и бројни светски берзи забележаа пад на тргувањето со хартии од вредност, особено по привремената забрана за прием на бегалци од неколку муслимански земји.
Затоа инвестициските фондови се свртеа кон најбезбедниот механизам, а тоа е златото чија цена надминува 1200 долари за унца на берзите.
Повеќе финансиски куќи од САД и Европа на своите клиенти им препорачуваат сега да купуваат злато со цел да почекаат да видат како ќе се развива политичката ситуација во САД со новата администрација на САД, потоа транзицијата во ЕУ со Брегзит, како и стабилизирањето на Сирија во заеднички напори на Трамп и Путин.
Прогнозите се дека до крајот на годината унца злато на светските берзи ќе надмине и 1500 долари што засега е одлична мамка за инвеститорите.
Тоа го наруши позитивниот тренд на денот на инугурацијата кога финансискиот центар Вол Стрит забележа мал раст на тргувањата, но потоа со повеќе одлуки на Трамп, избивањето на протести во САД, како и нерешавањето на заканата од тероризам на Блискиот исток предизвика нова паника.