Промовирани огласи »

1583,2 тони злато достигнаа резервите од злато на Руската централна банка (ЦБР), соопштува „Прајм". 

Само во октомври тие се зголемени за рекордни 40,4 тони. Вредноста по берзански цени била за 64,431 милијарди долари.

Во септември ЦБР купила 15,6 тони злато, во август 21,8 тони, во јули се стекнати - 6,22 тони од благородни метали, во јуни - 18,7 тони, во мај - 3,1 тони, во март и април по 15,6 тони, во февруари - 9,3 тони, а во јануари - 21,8 тони.

Во последните десетина години Руската централна банка ги зголемува резервите од злато. На почетокот на 2007 година, обемот им бил 402 тони, а сега се над 3 пати повеќе.

Промовирани огласи »

Ретко во која професија жените заработуваат повеќе од мажите - барем според статистиките. Кога модата е во прашање, манекенките заработуваат многу повеќе од своите колеги.

Најплатена манекенка во светот е бразилката Жизел Бундшен со 30,5 милиони долари годишна заработка. Најплатен машки модел во светот е Шин Опрај, кој годишно заработува 1,5 милиони долари.

По Жизел, најплатена манекенка е Адријана Лима (20 милиони), а на трето место се Карли Клос и Кендал Џенер (10 милиони). Потоа следат Гиги Хадид и Роси Хантингтон Вајтли.

Промовирани огласи »

Веднаш по новогодишните празници на сила стапува законското решение со се предвидува да не може веќе да се блокираат сметки без најава. Ова е предвидено во измените на законот за извршување кои нема да имаат можност за одложување. Од новите правила корист ќе имаат доверителите, должниците но и самите извршители.

Со новите измени се предвидува пред да се донесе одлука за блокирање на сметката должникот да биде известен за тоа и тој да добие рок од три дена да го подмири долгот. Ако и по ова последно предупредување не го плати долгот тогаш извршителот ќе добие дозвола да испрати налог до банката да се блокира сметката. Во исто време и должникот ќе добие известување, каде и колку должи.

Со ова се смета дека ќе се избегнат негативните критики на сметка на извршителите за директно блокирање сметки без најава. Во првите девет месеци извршителите во земјава примиле над130 илјади барања за извршување. Реализирани се нешто помалку од 30% од нив. Вкупниот износот на наплата од извршување изнесува над 76 милиони евра што споредено со ланскиот показатели се два милиони евра помалку.

Во моментов во земјава има над 100 извршители. Според комората оваа бројка е голема и не сите имаат работа. Новите измени во законот минимално ќе го намалат бројот на барања но тоа нема да затвори дел од канцелариите.

Промовирани огласи »

Помалите фирми и оние кои имаат финансиски потешкотии сѐ уште не исплатиле регрес за годишниот одмор, познатиот К-15.Тие имаат уште два месеци за да ја исполнат законската обврска пред да бидат казнети во вкупна вредност од 4.000 евра.

Додатокот за годишен одмор, според законот е утврден во висина од 40 % од основицата. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во една календарска година кај ист работодавач. Додатокот изнесува 8.500 денари.

Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. При тоа треба да исполнат неколку услови, главно фирмата да има проблеми во работењето, ценејќи ја нивната економско- финансиска состојба.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »