1583,2 тони злато достигнаа резервите од злато на Руската централна банка (ЦБР), соопштува „Прајм".
Само во октомври тие се зголемени за рекордни 40,4 тони. Вредноста по берзански цени била за 64,431 милијарди долари.
Во септември ЦБР купила 15,6 тони злато, во август 21,8 тони, во јули се стекнати - 6,22 тони од благородни метали, во јуни - 18,7 тони, во мај - 3,1 тони, во март и април по 15,6 тони, во февруари - 9,3 тони, а во јануари - 21,8 тони.
Во последните десетина години Руската централна банка ги зголемува резервите од злато. На почетокот на 2007 година, обемот им бил 402 тони, а сега се над 3 пати повеќе.