Промовирани огласи »

Телекомуникацискката компанијаВип и официјално ги отвори вратите од новата управна зграда.  Лоцирана во центарот на Скопје, на Плоштадот “Пресвета Богородица”, новата деловна зграда  на Вип  има  8 ката и располага со 8400 м2 корисен работен простор за повеќе од 830 вработени.

Новата деловна зграда на Вип е конципирана во согласност со последните трендови за уредување на деловните простории и користење на напредна технологија, односно е уредена според т.н. агилен принцип на работење кој се базира на физичка функционалност, но и на севкупната филозофијата за поттикнување на агилноста како појдовна точка во креирање на високо ниво на задоволство на вработените, а следствено на тоа, пресретнување на потребите на корисниците и осигурување на супериорно корисничко искуство.

Одлуката да се вселиме во нова деловна зграда дојде природно, како логичен редослед со кој го следиме растот на компанијата од една страна, но уште повеќе, да им обезбедуваме на нашите вработени работна средина која ќе придонесе кон зголемување на нивната ефикасност и флексибилност, унапредување на тимската работа, подобрување на транспарентноста во работењето и полесна комуникација. Новите простории во целост ја поддржуваат нашатакорпоративна култура и постулатите врз кои таа се заснова – тим, агилност и доверба, кои во комбинација со напредните дигитални решенија,  гарантираат ултра модерни услови за работа за сите постојни, но и идни вработени. Новите деловни простории се еден убав почеток и стимул за пресретнување на сите предизвици кои во иднина, заедно со нашите вработени ќе ги совладуваме– изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

Во новата зграда на Вип за формалните и деловни средби, на располагање за вработените се повеќе од 40поголеми и помали дигитализирани сали за состаноци, како и простории за видео и теле конференции опремени со врвна технологија. За неформалните средби, на вработените им се достапни повеќе отворени позиции, т.е. „фокус соби“ кои се наменети за кратки и брзи состаноци, а пак за дружење и релаксација, новите простории располагаат со кујни на секој од катовите, соба за релаксација, како и кантина.

Во рамките на новиот простор е сместен мултимедијален и мултифункционален центар, со доволен капацитет да излезе во пресрет на потребите на компанијата за директна комуникација со вработените, или пак медиумите, а во насока на промовирање на транспарентноста и отвореноста на компанијата за соработка со сите засегнати страни.

Концептот на „агилна организација“, инаку, подразбира култура на однесување и работење која има за цел да ја зголеми продуктивноста и транспарентноста на компанијата, и тоа од секој аспект на деловното работење. Тоа подразбира поддржување на поголема флексибилност во работењето, создавање отворена работна средина без прегради и ограничувања, вклучително и за топ менаџментот, поттикнување поголема мобилност на вработените и што повеќе можности за тимска работа.

Во насока на поддршка на младите ентузијасти и креативци, Вип ги отстапи внатрешните ѕидови на секој кат, на неколку графити артисти кои ја поттикнуваат креативноста и позитивното расположение на вработените. Со ова Вип дополнително го потенцира невообичаениот пристап кој им го нуди на своите вработени.

Промовирани огласи »

На Ѕидот на сообраќајниот срам почнаа да се појавуваат предлози и идеи за скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по страшната несреќа во Аеродром во која почина старица, а дете се бореше за живот.

- Приштина. Навечер пешачкиот премин е осветлен. Не е лошо да прифатиме некои позитивни идеи од соседството, стои во објавата на Ѕидот на сообраќајниот срам.

Промовирани огласи »

Ќе донесе ли влезот во ЕУ поевтини кредити? Ова го очекуваат поголем дел од граѓаните а го ветуваат и банкарите.

Очекувањата се дека банките ќе ги намалат заработувачките, а ќе поевтинат кредитите за граѓаните, кога же се снижи каматната маргина која во моментов е 5 отсто.

Антонио Аргир - Претседател на УО на НЛБ Банка смета дека кога Македонија ќе влезе во ЕУ каматната маргина ќе се намалува под притисок на активноста на банките и инвестициите.

Профитабилните банки се важни за економијата, па затоа ако работиме само во насока на намалување на кредитната маргина а нема да имаме нови инвестиции значи дека банките ќе се најдат во непрофитабилна ситуација, посочува Аргир.

Наспроти него, експертите пак се убедени оти дека а високиот профит на домашните банки произлегува токму од каматната маргина.

90 милиони евра е сумата која ја прокнижиле домашните банки во првите шест месеци годинава.

Промовирани огласи »

На пазарот на труд во Македонија моментно има над 8.400 слободни работни места објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.

- Магационери, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, специјалисти за човечки ресурси, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања, се дел од огласените работни позиции.

Сататистичките податоци покажуават дека во првиот квартал од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,68 отсто.  Најголем број слободни работни места, 2.929, биле во групата Работници во услужни дејности и продажба.

Како што покажува анкетата на работна сила, покрај услужниот, и индустрискиот и градежниот се сектори со најголем раст на вработеноста во првиот квартал од годинава.

Стапката  на  вработеност во првиот квартал изнесува 44,6 проценти и во однос на истиот период лани е повисока за 0,9 процентни поени.

- Бројот на вработени лица  е повисок за  2,2 процента, односно за околу 16 илјади лица во однос на истиот квартал минатата година, при што најголем раст на вработеноста има во индустрискиот сектор (8,7 илјади или 5,2 проценти), по кој следуваат градежниот (4,8  илјади или 9,4 проценти) и услужниот сектор (2,7 илјади или 0,7 проценти), се наведува  во документот.

Анализирано според економскиот статус, раст на вработеноста има кај сите категории, освен кај семејните работници. Така, бројот на вработени лица е зголемен за 13,5 илјади или 2,4 проценти, а бројот на работодавачи за 3,2 илјади или 9,4 провценти

Растот на вработеноста е придружен со пад на бројот на невработени, којшто е намален за приближно 12 илјади лица, односно 5,4 проценти на годишна основа. Таквите движења на пазарот на трудот предизвикале стапката на невработеност во првиот квартал годинава  да се намали на 21,6 проценти, односно за 1,3 процентни поени споредено со истиот квартал во 2017 година.

Гледано по возрасни групи, невработеноста е намалена кај сите групи, при што најзначајно намалување има кај централната возрасна група од 25 до 49 години, а која изнесува 21 процент.

Бројот на активното население е зголемен за четири илјади  лица, односно за 0,4 проценти на годишна основа. 

Активното население во првиот квартал 2018 година претставува 56,9 проценти од вкупното работоспособно население и е повисоко за 0,2 процентни поена споредено со истиот квартал лани.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај годинава изнесува 24.509 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »