Промовирани огласи »

Хрватска бара 12.000 странски работници, иако се прогнозираше дека догодина ќе им требаат  2300 работници. 

Според пишувањата на Слободна Далмација, на Хрватска и недостигаат занаетчии и мајстори и тоа е горлив проблем на земјата. 

Побарувачката на работна дила брзо порасна. Се бараат ѕидари, тесари. месари, готвачи, келнери, возачи за северна Хрватска и други кадри. Посебно фалат луѓе кои би управувале со камиони и автобуси. 

Се смета дека решението за овој проблем е „увоз“ на работници, но и дуално образование. 

Населението во Хрватска бега од неатрактивните професии, а иако платите во Хрватска се поголеми од оние во Унгарија, Романија, Бугарија, Србија и Македонија, се чини дека тоа не е доволно странските работници да се задржат. 

Промовирани огласи »

Централната банка на Шведска ги разгледува можностите за воведување на електронска валута е-круна. Банката размислува електронската валута да ја пушти во оптек во наредните две години, а причината за тоа е падот на готовинското плаќање во земјата.

Во најстарата централна банка на светот велат дека се уште не ја донеле конечната одлука, бидејќи претходно треба да се решат правните и технички прашања.

Иако издавањето на е-круната може на прв поглед да се чини едноставно, тоа за централните банки е нешто новo и ниту една досега не го направила тоа, истакнува вицегувернерката на Риксбанка, Сесилија Скингслеј.

Таа потсетува дека Шведска не е единствената земја која размислува за дигитална валута и како пример ја наведе Банката на Англија.

Од 2009 година количината на монетите и банкнотите во Шведска паднала за 40%. За сметка на тоа има бум на онлајн купувања со банкарски картички. Сепак Шведска ја разгледува електронската валута само како дополнување. Традиционалните парични средства ќе останат да се применуваат.

Во централната банка на Шведска веќе се испитувале блокчејн технологијата. Во текот на летото со нејзина помош е тестиран системот за регистрација и сметководство на правото на користење и сопственост на земјиште, а исто така и за правење на дигитален катастар на земјиштето во нордиската држава. Новиот метод ќе го намали ризикот од злоупотреби при трансакции.

Промовирани огласи »

1583,2 тони злато достигнаа резервите од злато на Руската централна банка (ЦБР), соопштува „Прајм". 

Само во октомври тие се зголемени за рекордни 40,4 тони. Вредноста по берзански цени била за 64,431 милијарди долари.

Во септември ЦБР купила 15,6 тони злато, во август 21,8 тони, во јули се стекнати - 6,22 тони од благородни метали, во јуни - 18,7 тони, во мај - 3,1 тони, во март и април по 15,6 тони, во февруари - 9,3 тони, а во јануари - 21,8 тони.

Во последните десетина години Руската централна банка ги зголемува резервите од злато. На почетокот на 2007 година, обемот им бил 402 тони, а сега се над 3 пати повеќе.

Промовирани огласи »

Ретко во која професија жените заработуваат повеќе од мажите - барем според статистиките. Кога модата е во прашање, манекенките заработуваат многу повеќе од своите колеги.

Најплатена манекенка во светот е бразилката Жизел Бундшен со 30,5 милиони долари годишна заработка. Најплатен машки модел во светот е Шин Опрај, кој годишно заработува 1,5 милиони долари.

По Жизел, најплатена манекенка е Адријана Лима (20 милиони), а на трето место се Карли Клос и Кендал Џенер (10 милиони). Потоа следат Гиги Хадид и Роси Хантингтон Вајтли.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »