Промовирани огласи »

Се почесто во огласите може да се најде некој што нуди прошетка за вашиот миленик, професија која одамна ја има во Европа, а кај нас во последно време станува се почеста.

За 100 денари шетачите на миленици ќе ви го прошетаат и разонодат кучето низ природа, ако имате желба може да му фрлаат фризби или топче. За возврат вие дома ќе си одморате на раат и кучето потоа нема да ви прави проблем.

Шетањето на кучиња низ метрополата кај нас е понова професија, на Запад одамна ја има. Доколку граѓаните немаат доволно време за своите миленици да ги истрчаат во природа за да не им прават проблеми дома тогаш оваа услуга ќе ги чини од 70 до 100/150 денари за час. Овие понуди се почесто може да се најдат и на интернет-страниците со огласи, а ваквите понуди најлесно може да се најдат во главниот град.

Скопјани, на кои ова им е професија, велат дека интересот кај сопствениците на домашни миленици е се поголем, а цената е прифатлива, па затоа во текот на летово биле доста зафатени.

Доаѓам и го земам кучето од каде што сака сопственикот, во било кој дел од градот. Негов е изборот дали ќе го шетам пеш или со точак, во зависност од тоа каква активност мисли дека му е потребна на миленикот, дали сака помалку да се измори или повеќе. Има некои од шетачите кои мамат, па ќе речат дека го прошетале не знам колку километри, а тие само стигнале до првата клупа и таму седеле со кучето со часови. За да има доказ, јас го сликам кучето на самиот почеток на патеката, на пример на кеј од каде што треба да тргнеме и го сликам на крај од прошетката како доказ дека таа должина е помината. Ако сопственикот сака да го играм со фризби или со топче и тоа го правам. За чување повеќе денови се договараме за тарифата во зависност од тоа колку дена сака да го остави, вели скопјанец кој шета кучиња.

Како што раскажуваат жителите кои веќе подолго време ги користат овие услуги, можноста да го остават својот миленик на чување или шетање е одлична, затоа што дневните обврски понекогаш не им дозволуваат да одвојат време за животните.

Раскажуваат дека цените се прифатливи, од 100 па и помалку денари до 150 денари за час.

Откако работните обврски ми се продолжија до доцна попладне, навистина не ми остануваше време да излезам со кучето, да го прошетам неколку часа за да потроши енергија и дома да биде мирен. Кога ќе се вратев дома тој беше буквално "здивен“, а јас немаше шанси да излезам и со него да поминам повеќе километри иако знаев дека тоа му треба. До пред 2 месеци размислував дури и да го подарам на некој затоа што навистина не можев да постигнам. Сепак, откако една колешка ми кажа за нејзина пријателка која шета кучиња, почнав да ја најмувам и одлично ми се погоди, вели Крсте Е. од населбата Тафталиџе.

Овие услуги во европските земји и метрополи одамна се нудат. Таму има посебни тарифи за работа само со едно куче и за работа и шетање во група, а дел од нив ги нудат и продавниците за домашни миленици заедно со шишање и бањање во понудата.

Промовирани огласи »

Недостигот од висококвалификуван кадар ќе придонесе за зголемување на платите, бидејќи компаниите нема да можат да најдат работници, сметаат експертите. Стопанствениците веќе подолго време алармираат за проблемот со недостиг на кадри. Експертите велат дека странските инвеститори се тие што ја диктираат цената на пазарот на работна сила.

Тоа пред сè се должи на големиот процент на луѓе кои што бегаат надвор од Македонија. Така да, компаниите нема да можат да најдат квалификувана работна сила. Така ќе имаме поместување на платите, не затоа што тие сакаат, туку зашто нема да можат да најдат соодветен кадар, вели економскиот експерт, Висар Адеми.

И од Светска банка предупредуваат за овој проблем. Оттаму советуваат државата веднаш да почне да работи на соодветна квалификација на сегашните ученици и студенти, за да ги подготви за побарувачката на пазарот на труд. Според Светска банка, бенефити од ова нема да имаат сегашните вработени, туку ползата ќе се види дури по една или две генерации.

Економистите предлаат домашните компании да се фокусираат на извозниот пазар, за полесно да дојдат до свежи пари, што е еден од основните услови за раст на платите на вработените.

Ние сме премногу увозно зависна држава. Сè што консумираме е од надвор. Тие цени ќе зависат од глобалните берзи. Македонија треба да има нов економски модел што се базира на претприемништво, иновации и на извозниот пазар на овие локални компании, а не да чека од надвор некој да дојде, да преработува тука и да ги намалува платите зашто конкурентната предност ја гледаме во евтината работна рака, вели Адеми.

Во моментот во Македонија просечната нето плата изнесува 24.203 денари. Стапката на невработеност е 21,1 осто, но 55 отсто од невработените воопшто не бараат работа.

Промовирани огласи »

Македонија се најде во Топ-10 земји со најголем број на вработувања од странски директни инвестиции во светот лани, откако институтот ИМБ го објави извештајот „Глобални локациски трендови“ за 2018-та.

Извештајот е специјален за ефектот на странските инвестиции, а Македонија се најде на врвот на ранг-листата по број на нови вработувања на секои милион жители.

Македонија за 2017-та го завзема десетото место со нешто повеќе од 1.400 нововработени на милион жотели, или вкупно околу 2.800 нововработени во 2017, ако се земе во предвид дека земјата има два милиони жители.

Македонија е сепак единствена во Топ-10 што во 2017-та паднала во однос на вкупниот просек споредено со периодот 2012-2016-та. Во овој период се вработувале просечно по 2.650 годишно кај странските инвеститори при милион жотели, или вкупно по повеќе од 5.000 работници годишно. Безмалку преполовениот пад во 2017-та може да се објасни само со големите политички турбуленции и промени, особено што таа година имаше голем пад на меѓународни вложувања, за разлика од оваа година кога тие се рекордни во позитивна смисла.

Сите други девет земји имаат напредок, а на првото место убедливо е Србија со безмалку 3.000 нови вработувања на милион жители во 2017-та. Следуваат Литванија (2.600), БИХ (2.400), Словенија (2.050), Коста Рика (2.000), Ирска (1.950), Унгарија (1.750), Словачка (1.700) и Ботсвана (1.550).

Од земјите од 11 до 20 место, само Бахреин исто како и Македонија има пад во 2017 во однос на просекот од периодот 2012-2016. Послаби од Македонија се Летонија, Чешка, УАЕ, Естонија, Бахреин, Романија, Финска, Оман, Британија и Португалија. Сите се движат во рамките од 1.400 до 750 нови работни места лани врз основа на странски вложувања.

ИМБ има посебна пофалба за Балканот, кој е посебно издвоен како најуспешен и најатрактивен регион.

- На континуираните силни перформанси од страна на Србија и поширокопт Западен Балкан оваа мерка сведочи за растечкиот успех на регионот во привлекувањето странски инвестиции, цементирајќи ја својата позиција во глобалните синџири на вредности. Додека перформансите на одделни земји варираат од година во година, регионот како целина се соочува со одржливо високо ниво на интерес од странски инвеститори - се вели во извештајот.

Промовирани огласи »

Состаноците во Амазон, една од најголемите компании на светот, почнуваат со тишина. Поточно, почнуваат така што сите ги читаат белешките напишани на шест страници, како приказна, на тема поради која и се состанале.

За новите вработени, тоа е многу чудно почетно искуство, рекол основачот на компанијата Џеф Безос, бидејќи не се навикнале да седат во тишина со група раководители.

Како што истакнал, читањето на почеток на состанокот, сите го почнуваат со исти информации, а резултат е дека луѓето внатре во компанијата се навикнуваат на донесување одлуки како пишана приказна.

Тој објаснува дека целосни реченици е потешко да се напишаат бидејќи тие имаат глаголи, додека пасусите имаат теми. Како вели, не постои начин да се напише приказна на шест страници, доколку не се размислува јасно.

Во интерна е-маил порака на својот тим во 2004 година Безос му објаснил зошто “Power Point”  презентациите ќе бидат заменети со наративни белешки.

Наративната структура на добар меморандум допринесува за подобро размислување, подобро сфаќање на најважните ставки, но и начин на кој работите се поврзани, напишал Безос.

Според неговите зборови, “Power Point” презентациите отфрлаат било каква смисла за поврзување на идеи.

Се осигурал враотените да сфатат дека важен е начинот на комуникација а не пишувањето.

Безос објаснил дека тие белешки не е лесно да се напишат, дека најдобрите белешки се пишуваат во соработка со колега дури и по неколку денови.

Исто така смета дека на тој начин се „штеди“ време.

Раководителите често ги прекинуваат презентациите со поставување на прашања. Кога некој држи презентација тие поставуваат прашања и го прекинуваат говорникот, а одговорот можеби се наоѓа на некој од наредните слајдови. Кога ги чита белешките, ако на другата страна има прашање, го запишува, но можеби на пример, веќе на четвртата добива одговор, истакнува Безос.

Извор: BIZLife, Forbes

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »