Промовирани огласи »

Уредот MyKi pet кој за прв пат на пазарот го понуди телекомуникациската компанија Вип ќе им помогне на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат во реално време со Андроид или со Иос апликација. Ова е нов уникатен паметен уред кој тежи само 28 грама, а е приспособлив и за мачиња и за кучиња. Миленичето се следи преку мобилна апликација.

Уредот се одликува со едноставност за употреба и е произведен од нетоксични и безопасни материјали. Како дополнителна функционалност, велат од Вип, достапна е програмата за „тренинг“ која со четири различни звуци, овозможува дресура на милениците да извршуваат различни команди.

Преку GPS, LBS и Wi-FI локализацијата, MyKi Pet овозможува  прецизна локација на миленичето со точност од 10 метри. Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка и доколку миленичето ја премине ова зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација. Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави независно од големината на домашното милениче, велат од Вип.

Уредот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел Vip MyKi Pet со претплата од 199 денари месечно.

Само  уредот чини 3.999 денари.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници вторник 11. октомври, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Меѓутоа, за одреден дел од вработените во приватниот сектор, а особено во малите фирми и тој ден ќе биде работен како и сите други бидејќи од нив е побарано да бидат на своите работни места.

Всушност, истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.

Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Промовирани огласи »

Се почесто во огласите може да се најде некој што нуди прошетка за вашиот миленик, професија која одамна ја има во Европа, а кај нас во последно време станува се почеста.

За 100 денари шетачите на миленици ќе ви го прошетаат и разонодат кучето низ природа, ако имате желба може да му фрлаат фризби или топче. За возврат вие дома ќе си одморате на раат и кучето потоа нема да ви прави проблем.

Шетањето на кучиња низ метрополата кај нас е понова професија, на Запад одамна ја има. Доколку граѓаните немаат доволно време за своите миленици да ги истрчаат во природа за да не им прават проблеми дома тогаш оваа услуга ќе ги чини од 70 до 100/150 денари за час. Овие понуди се почесто може да се најдат и на интернет-страниците со огласи, а ваквите понуди најлесно може да се најдат во главниот град.

Скопјани, на кои ова им е професија, велат дека интересот кај сопствениците на домашни миленици е се поголем, а цената е прифатлива, па затоа во текот на летово биле доста зафатени.

Доаѓам и го земам кучето од каде што сака сопственикот, во било кој дел од градот. Негов е изборот дали ќе го шетам пеш или со точак, во зависност од тоа каква активност мисли дека му е потребна на миленикот, дали сака помалку да се измори или повеќе. Има некои од шетачите кои мамат, па ќе речат дека го прошетале не знам колку километри, а тие само стигнале до првата клупа и таму седеле со кучето со часови. За да има доказ, јас го сликам кучето на самиот почеток на патеката, на пример на кеј од каде што треба да тргнеме и го сликам на крај од прошетката како доказ дека таа должина е помината. Ако сопственикот сака да го играм со фризби или со топче и тоа го правам. За чување повеќе денови се договараме за тарифата во зависност од тоа колку дена сака да го остави, вели скопјанец кој шета кучиња.

Како што раскажуваат жителите кои веќе подолго време ги користат овие услуги, можноста да го остават својот миленик на чување или шетање е одлична, затоа што дневните обврски понекогаш не им дозволуваат да одвојат време за животните.

Раскажуваат дека цените се прифатливи, од 100 па и помалку денари до 150 денари за час.

Откако работните обврски ми се продолжија до доцна попладне, навистина не ми остануваше време да излезам со кучето, да го прошетам неколку часа за да потроши енергија и дома да биде мирен. Кога ќе се вратев дома тој беше буквално "здивен“, а јас немаше шанси да излезам и со него да поминам повеќе километри иако знаев дека тоа му треба. До пред 2 месеци размислував дури и да го подарам на некој затоа што навистина не можев да постигнам. Сепак, откако една колешка ми кажа за нејзина пријателка која шета кучиња, почнав да ја најмувам и одлично ми се погоди, вели Крсте Е. од населбата Тафталиџе.

Овие услуги во европските земји и метрополи одамна се нудат. Таму има посебни тарифи за работа само со едно куче и за работа и шетање во група, а дел од нив ги нудат и продавниците за домашни миленици заедно со шишање и бањање во понудата.

Промовирани огласи »

Недостигот од висококвалификуван кадар ќе придонесе за зголемување на платите, бидејќи компаниите нема да можат да најдат работници, сметаат експертите. Стопанствениците веќе подолго време алармираат за проблемот со недостиг на кадри. Експертите велат дека странските инвеститори се тие што ја диктираат цената на пазарот на работна сила.

Тоа пред сè се должи на големиот процент на луѓе кои што бегаат надвор од Македонија. Така да, компаниите нема да можат да најдат квалификувана работна сила. Така ќе имаме поместување на платите, не затоа што тие сакаат, туку зашто нема да можат да најдат соодветен кадар, вели економскиот експерт, Висар Адеми.

И од Светска банка предупредуваат за овој проблем. Оттаму советуваат државата веднаш да почне да работи на соодветна квалификација на сегашните ученици и студенти, за да ги подготви за побарувачката на пазарот на труд. Според Светска банка, бенефити од ова нема да имаат сегашните вработени, туку ползата ќе се види дури по една или две генерации.

Економистите предлаат домашните компании да се фокусираат на извозниот пазар, за полесно да дојдат до свежи пари, што е еден од основните услови за раст на платите на вработените.

Ние сме премногу увозно зависна држава. Сè што консумираме е од надвор. Тие цени ќе зависат од глобалните берзи. Македонија треба да има нов економски модел што се базира на претприемништво, иновации и на извозниот пазар на овие локални компании, а не да чека од надвор некој да дојде, да преработува тука и да ги намалува платите зашто конкурентната предност ја гледаме во евтината работна рака, вели Адеми.

Во моментот во Македонија просечната нето плата изнесува 24.203 денари. Стапката на невработеност е 21,1 осто, но 55 отсто од невработените воопшто не бараат работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »