Промовирани огласи »

Wizz Air, авиокомпанија со најбрз раст во Европа, и лидер во ниско-буџетни компании во Централна и Источна Европа, денес ја објави својата нова и транспарентна полиса за багаж, која е со цел за полесно чекирање на патниците и гарантира сите патници да имаат една бесплатна торба која ќе ја понесат со себе во кабината на авионот за сите летови на Wizz Air, почнувајќи од 1 ноември 2018.

Историјата на авиокомпанијата покажува дека повеќе од 10 000 летови годишно се подлежни на закаснувања поврзани со багажот. Фактите исто така покажуваат дека во изминатите 5 години, просечната должина на престојот во друга дестинација постојано се намалува и до сега секој трет патник на Wizz Air, купува карти за три или помалку денови. Како последица на краткото патување, патниците на WIZZ се пакуваат, лесно и паметно. Секој трет патник понесува рачна торба, додека секој седми патник се одлучил за рачен торба со тркалца кој може да се понесе на самиот лет.

Од 1 ноември, секој патник има право да понесе една беспатна рачна торба на лет (40x30x20cm), додека патниците кои имаат купено WIZZ Priority, ќе им биде дозволено да понесат и една торба со тркалца  (55x40x23cm) во кабината на авионот. Базирајќи се на потребите на патниците и на новите стандарди на патување, Wizz Air воведе 10kg чекиран багаж кој ќе го олесни удобното патување на патниците со цени почнувајќи од само €7.

Новата фер и чиста полиса на авиокомпанијата е полиса со повеќе опции за патниците, која им овозможува на патниците на WIZZ да одберат од повеќе од 50 опции за багажот на лет и чекиран багаж според нивните индивидуални преференции.

Јохан Еидхаген, Главен маркетинг директор на Wizz Air вели: “Патниците сакаат разновидни продукти и тоа е суштината на овој модел со ултра ниска цена, кој го применува Wizz Air. Сакаме да им ја понудиме на патниците најниската можна цена, како и транспарентен поглед во цената на картата. Под разновидни услуги и продукти, Wizz Air го демократизира начинот на патување  и овозможува плаќање по потреба.”

Ги охрабруваме нашите патници да се пакуваат паметно и да купат WIZZ Priority, која вклучува бесплатна рачна торба (40x30x20cm), рачна торба на тркалца (55x40x23cm) да бидат понесени на летот, приоритетно чекирање и приоритетен влез со ниски цени од само €5.

Купените карти без WIZZ Priority пред 10 октомври за патувања после 1 ноември 2018 ќе бидат надградени со бесплатен чекиран багаж од 10kg, додека картите купени со чекиран багаж ќе бидат надградени со WIZZ Priority.

Wizz Air верува дека овој транспарентен и јасен пристап кон полисата за багаж ќе придонесе за поудобен и побрз влез во авион, подобро искуство на клиентите и во исто време да ги подобри перформансите на времето за полетување на авионите. Со поголема сигурност дека багажот може да се вклопи во авионот, и нов, поголем избор и опции за големина и тежина на багаж, потрошувачите сега имаат неверојатен избор на комбинации за да изберат.

Јохан Еидхаген додаде: „На наше огромно задоволство ви ја претставуваме нашата нова, транспарентна и „фер-за-сите“ полиса за багаж која ќе нуди најширока селекција на избор за багаж за нашите клиенти, воедно дозволувајќи бесплатен рачен багаж за секој патник. Ние сме убедени дека нашата разновидна понуда со повеќе од 50 комбинации на багаж ќе ги задоволи потребите на нашите потрошувачи на персонализиран начин и дека нашите патници ќе продолжат да плаќаат само за услугите кои они сакаат да ги користат. Почнувајќи на 1ви ноември ќе го направиме патувањето по удобно додека континуирано нудиме најниски можни цени за летовите преку нашата широка мрежа од 143 дестинации во 44 држави “

Промовирани огласи »

Денот на народното востание 11 октомври 2018 година (четврток), е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

МТСП им го честитаат Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје на денешната 19-та седница ќе расправа за поголем број одлуки, меѓу кои и Одлуката за определување максимален износ за доделување поединечна субвенција на граѓаните за купување електрични тротинети за 2018 година.

Градските власти информираат дека со оваа одлука е предвидено да се пренаменат дел од неискористените средства од субвенциите за велосипеди, во делот за велосипеди за лица со посебни потреби, каде заинтересираноста била послаба и дел од средствата предвидени за таа намена останале неискористени.

Со предложената одлука, Советот на Град Скопје го определува максималниот износ за доделување поединечна субвенција на граѓани за набавка на електрични тротинети за 2018 година во износ од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

На денешната седница советниците ќе одлучуваат и за одлуката за одобрување на набавкa на патнички моторни возила, со што е предвидена набавка на шест еколошки-хибридни возила и едно транспортно возило за повеќе патници за потребите на градската администрација.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за давање согласност за промената на Статутот на jавната установа Универзална сала-Скопје, со која оваа институција го враќа стариот назив во Универзална сала.

Советниците ќе одлучуваат и за Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општината Бутел за изградба на атмосферска канализциска мрежа, на потегот од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ до реката Серава. Со оваа одлука се предвидува учество на Град Скопје во изградбата на атмосферска канализациска мрежа во Бутел, со што ќе се создадат услови за решавање на еден од важните комунални проблеми на жителите во овој дел од Скопје.  Со оваа одлука е предвидено Град Скопје да учествува со 32.390.611 денари, а средствата да се издвојуваат од буџетите на Град Скопје за 2018, 2019 и 2020 година.

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе решава и за две точки поврзани со работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Со првата одлука се одобрува набавка на две специјални комунални возила за странично собирање и транспортирање на комунален отпад од статични контејнери со капацитет од 2.200 и 3.200 литри, за што се предвидени 24 милиони денари, како и набавка на статични контејнери за одлагање на комунален отпад со капацитет од 3.200 литри, за што се предвидени 40 милиони денари. Со втората одлука се пренаменуваат средства од Буџетот на Град Скопје, односно 3 милиони денари сега ќе бидат предвидени за набавка на опрема за стационарот „Вардариште“.

Фото: E-TWOW-Booster

Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »