Промовирани огласи »

Бугарите, Романците, Грците и Хрватите се меѓу земјите кои имаат најголем ризик од сиромаштија во ЕУ.

На врвот на листата на ризик се Бугарите, со речиси 39 отсто од населението на работ на сиромаштија, а најмалку загрозени се Чесите, кај кои само 12 отсто од населението живее на работ на сиромаштија.

Финска и Словачка имаат мал ризик од сиромаштија, додека Словенија и Франција имаат солидна позиција со 17,1 отсто.

Евростат покажува дека речиси 28 отсто од луѓето во Хрватска или околу 1,5 милион луѓе живеат на работ на сиромаштија или се сиромашни.

Околу 20 отсто од населението е во опасност од сиромаштија по добивањето социјална помош, додека приближниот број од 10,3 отсто покажува колку многу луѓе не можат да си дозволат основни материјални добра неопходни за живот.

Така што тие не можат да платат сметки или неочекувани трошоци, не поседуваат автомобил или телевизор, не консумираат храна богата со протеини на секои два дена, како што се риба или месо, и немаат пари за седум дена на патување и одмор.

Во овој сегмент пред Хрватска во ЕУ се наоѓаат само Ирска, Грција и Белгија.Бугарите, Романците, Грците и Хрватите се меѓу земјите кои имаат најголем ризик од сиромаштија во ЕУ.

На врвот на листата на ризик се Бугарите, со речиси 39 отсто од населението на работ на сиромаштија, а најмалку загрозени се Чесите, кај кои само 12 отсто од населението живее на работ на сиромаштија.

Финска и Словачка имаат мал ризик од сиромаштија, додека Словенија и Франција имаат солидна позиција со 17,1 отсто.

Евростат покажува дека речиси 28 отсто од луѓето во Хрватска или околу 1,5 милион луѓе живеат на работ на сиромаштија или се сиромашни.

Околу 20 отсто од населението е во опасност од сиромаштија по добивањето социјална помош, додека приближниот број од 10,3 отсто покажува колку многу луѓе не можат да си дозволат основни материјални добра неопходни за живот.

Така што тие не можат да платат сметки или неочекувани трошоци, не поседуваат автомобил или телевизор, не консумираат храна богата со протеини на секои два дена, како што се риба или месо, и немаат пари за седум дена на патување и одмор.

Во овој сегмент пред Хрватска во ЕУ се наоѓаат само Ирска, Грција и Белгија.

Промовирани огласи »

Воведување рутина со која го започнувате денот е долготраен и честопати тежок процес, но на крајот на патот доаѓаат наградите – намален стрес, креативни сте и продуктивни, открива познат неврохирург.

1. Медитација

Започнете го денот рано наутро и медитирајте 10 минути. Тоа е чин на своевидна „самонега“, најважниот чекор во денот и затоа треба да биде првото нешто што ќе го направите. Докажано е дека медитацијата го намалува ризикот од стрес, ја развива креативноста, го подобрува сонот. Затоа, на почетокот на денот, подарете си 10 минути само на себе.

2. ‘Check in’

Креирајте си свој, персонализиран „документ“ за секој ден во наредниот месец и запишете по една задача дневно. Кога во текот на денот ќе искрсне нешто итно, таа задача ставете ја во документот и забележете го денот кога ќе се бавите со неа.

По медитацијата, проверете го документот за тековниот ден, прегледајте ги задачите и почнете со решавање од наједноставните. Пронајдете свој начин за систематизација, воведете го во мобилниот, нотесот или компјутерот. На овој начин нема да доцните со роковите и ќе го намалите стресот во текот на денот.

3. Планирање

Овој чекор се надоврзува на другите два. Доколку го започнете денот без план, тоа е како да тргнете на пат, а не знаете каде одите и немате крајна дестинација. На крај, можеби ќе стигнете негде, но ќе бидете уморни и изнервирани. И многу веројатно дека на целта ќе стигнете последни.

Промовирани огласи »

Македонија се најде на дното во Европа според Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум. Земјава го зазема 84-то место. Полошо од Македонија, на континентот, се рангирани само Молдавија и Босна и Херцеговина. Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека освен ниското ниво на инфлација, земјава е лошо оценета во речиси сите области. Македонија доби ниски оценки и во делот на функционирањето на институциите и правосудството – објави „Алфа“.

Лошите оценки во извештајот се однесуваат на справувањето со организираниот криминал, слабата заштита на интелектуалните и имотните права, како и неефикасноста на законите. Се нотира и лошата инфраструктура, слабо сме рангирани според поврзаноста и квалитетот на патиштата, услугите на железницата, како и транспортот од и до аеродромите. Во делот на образованието и бизнисот, анкетираните во Македонија се пожалиле дека тешко се наоѓаат квалификувани работници, дека ретко кој врши обука на кадарот и дека е мала соработката на газдите со синдикатите. На врвот на Извештајот за глобална конкурентност се најдоа САД, Сингапур и Германија.

Инаку, лани Македонија не беше рангирана на оваа листа поради недоволно податоци.

Промовирани огласи »

Американскиот ИТ гигант го менува начинот на издавање дозволи за користење на Андроид апликации во Европа.

Прецизно, Гугл на произведувачите на Андроид ќе им наплаќа апликации.

Исто така, како што најави претходно неговиот извршен директор Сандер Пичари, Гугл планира прв пат да го наплати Play Store и други Гугл апликации.

Одлуката следи по пресудата од јули, во која ЕК му одреди казна на тој гигант од пет милијарди долари, за да го спречи Chrome и другите апликации за пребарување да ги направи целосно доминантни во рамки на АНДРОИД оперативниот систем , и на тој начин да ја уништи конкуренцијата.

Тоа значи дека заинтересираните произведувачи во идниина ќе мора да плаќаат за одредени ставки како Play Store, кој се смета за витално средиште на Андроид, но пред се сервисот на компанијата Гугл.

Основата на Андроид оперативен систем ќе остане бесплатна и  open-source, но ако произведувачите на телефони и таблети од подрачјето ан Европа сакаат Play Store и Google апликации ќе мора да платат одреден надомест. Исто така Play Store, како и многу апликации како Gmail и  Google Maps ќе бидат во пакет кој ќе биде опфатен со договор и одреден паричен надомест.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »