Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 26.10.2018 (петок) поради дефект на приклучна
цевка од ф 100мм. на ул . Дане Крапчев 16 ( во населбата Центар), прекинато
водоснабдување ќе имаат корисниците дел од Благоја Давков од 09:00часот до
завршување.

Промовирани огласи »

Беа КАМ и Тинекс сега и Макпетрол. На социјалните мрежи се промовираат лажни наградниигри, а граѓаните треба да споделуваат објави за да добијат вредни ваучери. Последна од низата е промоцијата за наградна игра на Макпетрол. Компанијата вчера вечерта објави дека тоа не е нивна официјална фејсбук страна и дека креаторот го злоупотребил името и логото на брендот.

Наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.Фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД, велат од Макпетрол.

Промовирани огласи »

Мицкоски се исклучи од Твитер, многу го навредувале

По низата исклучувања и разрешувања

Водачот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се откажа од Твитер и има многу силна причина за одлуката што ја донесе.

Според лидерот на македонската опозиција, тој повеќе нема да го користи Твитер, откако доби бран на навреда од коментаторите.

Поради вулгарната реторика и говор на омраза, ќе ја затворам социјалната мрежа на Твитер. Се извинувам на сите и имате право да размислувате на свој начин и поинаку, но грубиот јазик значи лоша душа, рече Мицкоски и се збогува од оваа социјална мрежа.

Мицкоски имаше речиси 2.000 следбеници на Твитер.  Неговата страницата на Фејсбук ќе остане отворена, каде што има околу 34.000 следбеници.

Промовирани огласи »

На 12 километри од градот Кочани се наоѓа селото Пантелеј, каде живеат триесетина постари жители, кои немаат компјутери, немаат пристап до интернет, ниту пак слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок на веб страната на Управата за јавни приходи.

Претседателот на месната заедница Дарко Георгиев, вели дека иако е помлад од другите жители, сепак и тој не работи со компјутер, а не слушнал дека има нов, поинаков начин за пријавување данок во УЈП.

„Не сум слушнал, никој не ми кажал. Татко ми е пензионер, добива пензија, но и тој не знае за ова. Јас имам само основно образование, компјутер имаме дома, ама не ракувам со него, децата се вклучуваат на интернет. Во секоја куќа има стари луѓе по 70 или 80 години, и нема шанси да се снајдат за да пополнат она што е потребно“, вели Георгиев.

Но, додава дека ако оваа обврска е задолжителна, сепак ќе мора да ги извести мештаните за процесот кога ќе добие информации.

„Ако мора, штом ќе ме информираат, ќе одам од куќа на куќа да им кажам на луѓето, да се снајдат затоа што имаат деца,  внуци во град кои ја разбираат работата, што да правам, кмет сум им“, додава Георгиев.

Од УЈП објаснуваат дека во тек се активности за изнаоѓање на решение за олеснување на постапката за регистрација на пензионерите и изнемоштените лица, со цел овозможување на оваа категорија на наједноставен начин да си ги остварат правата и обврските регулирани со Законот за персонален данок на доход, односно увид во приходите евидентирани во службената евиденција со која располага овој орган и потврда/корекција на годишната даночна пријава.

„Од страна на Управата за јавни приходи се разгледуваат можните решенија и секако по изборот на најсоодветното решение, навремено ќе се информира јавноста преку расположливите  канали за комуникација и информирање. Заклучно со 12.10.2018 година во апликацијата „Е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани, од кои  21.556 се одобрени, а за 15.268 граѓани постапката е отпочната и се чека да дојдат во Управата за јавни приходи  да се легитимираат за да се прифати нивното барање. Затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП. Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена“, наведуваат од УЈП.

Претходните години граѓаните потполнуваа Годишни даночни пријави, доколку освен плата и пензија имаа и други приходи, и заклучно со 15 март мораа пријавата да ја достават во просториите на УЈП, а за оние кои не ја почитуваа оваа обврска, имаше пропишано парични казни.

Извор - Фактор.мк

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »