Промовирани огласи »

Продавачката која добила отказ во Задар поради две кришки пршута стана симбол на работничкиот отпор во Задар, а и пошироко. За неа денеска пишуваат сите медиуми во регионот.

Поради нејзината борба со ветерниците утрово во градот и се протестираше. Сузана Шешо (44) признава дека зела две кришки пршута, но не верува дека поради тоа грубо ја нарушува довербата кон работодавците ниту дека поради тоа требало да добие отказ.

Да, земав пар кришка салама пред крајот на работното време околу 19 часот затоа што тогаш работевме до 21 часот. Само за момент да го загреам желудникот за да можам да продолжам со работата, раскажува Сузана Шешо за РТЛ Денес.

Иако тој ден веќе имала пауза за ручек, надзорните камери ја снимиле и по 15 дена добила отаз затоа што ја конзумирала храната на работодавците без одобрение.

Сузана ја започна својата правна битка откако по судски налог е вратена на работа.  Судот во Жупа во Задр ја уважи жалбата на трговскио ланец и процесот е вратен на почеток. Сега повторно нема работа и уште мора да ги плати и судските трошоци.

Оптимистична сум. Па дури и ако изгубам повторно, јас ќе бидам победник. Затоа што не се борам само за себе. се борам за сите рабоници во Република Хрватска, а особено во трговскиот сектор. Таму сум веќе 15 години и знам дека се што се случило и кој мобинг го трпеа работниците, додаде таа.

Згора на сите докази, смета Сузана, дека за моќниците и таканаречените обични работници не важат истите правила. Односно, додека сите работници добиваат отказ поради најмала грешка, работодавците и нивните моќни адвокати имаат поддршка од правосудството.

Битката на Сузана Шешо сеуште не е завршена, и плнира да вложи жалба до Жупанскиот суд. Во нејзината борба од големо значење би била поддршката на јавноста и здруженијата, сметаат експертите, поради што целиот случај трае и многу медиуми застанаа на страната на оваа храбра Задранка, пишува Индекс.хр.

Погледнете што всушност подразбира мобинг во фирмата:

Видеото проследете го на следниот линк: http://www.telegraf.rs/vesti/2614650-suzana...

Промовирани огласи »

Катанци и спуштени ќепенци, затворени дуќани и продавници. Секојдневно на голем дел од објектите осамнува натпис дуќанот се издава или се продава. Вака изгледа Битола деновиве. Загржижени трговци и граѓани. Велат сиромаштијата чука на сите врати. Од плоштадот Магнолија до Офицерскиот дом, на битолски Широк Сокак, само во последните неколку недели се затворени над  десет  продавници.

Преземено од Телма.

Промовирани огласи »

Исклучените од парно денеска излегоа на стотиот јубилеен протест пред регулаторна комисија за енергетика. Велат дека борбата продолжува и дека не се откажуваат од своето уставно право да изберат кој ќе ги снабдува со топлинска енергија.

Во прилог на тврдењата на овие граѓани одат и пресудите од Управен суд. Вишиот управен ја потврди пресудата на провостепениот суд – БЕГ ги злоупотребувал лични податоци за да ги испорача фактурите. Адвокатот Владимир Кацарски вели дека со овие пресуди паѓаат тужбите на БЕГ против граѓани кои никогаш не биле приклучени на мрежата на Топлификација. Од здружението „Но пасаран“ велат дека кај над 50.000 граѓани има залоупотреба на личните податоци.

На барање на здружението „Но пасаран“ универзитетски професор изработил експертиза во која е утврдено дека Регулаторната комисија користи погрешна формула за пресметка на надоместокот за ангажирана моќност. Околу 20.000 граѓани мораат секој месец да плаќаат надоместок само затоа што цевките поминуваат низ нивниот стан или во ходникот на зградата каде што живеат. Се проценува дека околу 6.000 граѓани се соочуваат со извршни судски решенија.

Промовирани огласи »

Радијацијата во нуклеарниот реактор во Фукушима е на највисоко ниво од катастрофата што се случи во 2011 година поради што мораше да биде повлечен роботот што беше испратен да изврши прелиминарно чистење.

Роботот беше „убиен“ по два часа работа, две камери се затемнија, а се слушна и врева. Се со тоа знаци на екстремно високо ниво на радијација, соопшти Токиската компанија за електрична енергија (ТЕПКО).

Се претпоставува дека роботот бил изложен на радијација од 650 сиверти на час. Ако човек влезеше во реакторот, тој ќе починеше истиот момент.

Се уште не е познато дали ТЕПКО ќе испрати нов робот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »