Промовирани огласи »

Врз основа начлен31, 36, 39 и 40од3аконотзаслужба воАрмијата на Република Македонија („СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија” бр. 36/10, 23/1 1, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 1 93/15 и 7 1/1 6), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка заприем на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весникна Република Македонија” бр. 57/18), Министерството за одбрана на Република Македонија објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

1 За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници на служба воАрмијата на Република Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можноста за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

2 Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:

  • да се државјани на Република Македонија;
  • да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

  • да имаат завршено средно образование;
  • да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
  • да не се постари од 25 години наденот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

3. Работното време е од 08, 00 часотдо 16, 00 часот.

4. Платата изнесува од 20. 000, 00 денари до 24. 000, 00 денари.

5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општаздравствена способносткон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во АРМ, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.

Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матиченлекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием накандидати за професионални војници на служба во АРМ, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар Скопје.

6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во АРМ, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана.

Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот наодржување и проверкана физичката способност на акгивниот воен персонал на служба воАРМ („Службен весникна Република Македонија” бр. 170/16) достапен на следниот линк http://morm.gov.ml/wpcontent/upIoads/2018/07/Pravilnikzafizicki-proverki....

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Воедно, Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници воАрмијата на Република Македонија.

9. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од 3 (три) години, согласно точка 1 од овој оглас.

10. Jавниот ошас за прием на професионални војници ќе трае 1 5 дена од денот на објавување во најмалку двадневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазикразличен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.

11. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас можеда се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglaspfv@morm. gov. mk со пополнување на образецот Приј ава за кандидати за професионални вој ници на служба во АРМ.

Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www. morm. gov. mk.

Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас можеда се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блискудо местото наживеење.

12. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:

  • Пријава за кандидати запрофесионални војници на служба во АРМ (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
  • Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијатаза одбрана);
  • Уверение за отслужено доброволно служење на воен рок воАРМ (Уверението се зема во Одделениетоза одбрана);
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
  • Диплома за завршено средно училиште (оригинал или копија заведенана нотар);
  • Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, a кој податоксе должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во АРМ;

13. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

14. Кандидатите за професионални војници кои успешноќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на РепубликаМакедонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 57/1 8) и тоа: проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити, проверката нафизичката способност, проверката на здравствената способност, се ставаат налиста за избор и прием на професионални војници на служба во АРМ.

15. Кандидатитеза професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата на Република Македонија и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:

  • диплома за завршено средно образование (оригинал или копијазаверена на нотар); уверение за државјанство;
  • извод од матична книга на родените;
  • уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија,
  • дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
  • важечка лична карта и 2 (две) фотокопии одлична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место наживеење;
  • трансакциска сметка;
  • ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или потврда дека не е во работен однос издадена од агенцијата за вработување.

16. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото наживеење, каде што биле поднесени.

Промовирани огласи »

Среќните добитници кои учествуваа во наградната игра која се одвиваше на Економски факултет, покрај топлото кафе беа расположени и за сликање. Нивните креативни слики кои беа објавени на Instagram и Facebook со хаштаг #karieramk, #бидимиколешка и #бидимиколега, ги наградивме со две карти за во Cineplexx.

Ова се добитниците со најинтересни слики:

  • Викторија Јовева
  • Елена Бачева
  • Мартин Толев
  • Тијана Силјановска
  • Ардита Мемеди
  • Никола Давитков
  • Викторија Нинчовска
  • Мартина Лазареска
  • Сара Симјановска
  • Симона Георгиевска
  • Стефанија Дејанович

Уживајте во филмот по Ваш избор!

Промовирани огласи »

Не ретко се случува да се спремиме за некаде, а некој возач на кој многу му се брза, да не внимава и кога има дожд и вода по улиците, да не испрска и да си продолжи со голема брзина како ништо да не се случило.

Со оглед на тоа дека сме во есен и се најавуваат врнежливи денови,  доколку доживеете ваква непријатност, постои закон со кој може да биде казнет возачот.

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192. но да го задржите возачот и тој да признае што направил.

Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.

Промовирани огласи »

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, предвидено е Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.

За да може УЈП да достави пополнета Годишна даночна пријава на увид на граѓаните преку системот https://e-pdd.ujp.gov.mk/, како и за да можат граѓаните да ја исполнат својата законска обврска – да ја потврдат точноста или да ги коригираат податоците од пополнетата Годишна даночна пријава преку системот https://e-pdd.ujp.gov.mk/ најдоцна до 31 мај 2019 година, потребно е навреме да се регистрираат на системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk/.

Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.

Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на искажаните од исплатувачите, а со цел да се спречи евентуална злоупотреба во врска со нивните лични податоци и примања.

Се очекува до крајот на оваа година во системот е-Персонален данок да се регистрираат над 400 илјади граѓани.

УЈП апелира до граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на https://e-pdd.ujp.gov.mk/, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »