Промовирани огласи »

Не ретко се случува да се спремиме за некаде, а некој возач на кој многу му се брза, да не внимава и кога има дожд и вода по улиците, да не испрска и да си продолжи со голема брзина како ништо да не се случило.

Со оглед на тоа дека сме во есен и се најавуваат врнежливи денови,  доколку доживеете ваква непријатност, постои закон со кој може да биде казнет возачот.

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192. но да го задржите возачот и тој да признае што направил.

Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.

Промовирани огласи »

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, предвидено е Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.

За да може УЈП да достави пополнета Годишна даночна пријава на увид на граѓаните преку системот https://e-pdd.ujp.gov.mk/, како и за да можат граѓаните да ја исполнат својата законска обврска – да ја потврдат точноста или да ги коригираат податоците од пополнетата Годишна даночна пријава преку системот https://e-pdd.ujp.gov.mk/ најдоцна до 31 мај 2019 година, потребно е навреме да се регистрираат на системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk/.

Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.

Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на искажаните од исплатувачите, а со цел да се спречи евентуална злоупотреба во врска со нивните лични податоци и примања.

Се очекува до крајот на оваа година во системот е-Персонален данок да се регистрираат над 400 илјади граѓани.

УЈП апелира до граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на https://e-pdd.ujp.gov.mk/, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП.

Промовирани огласи »

Во Бугарија веќе трет ден главна тема во јавноста е аферата со државните службеници замешани во издавањето на бугарски пасоши за кои тарифата стигнувала и до 5.000 евра.

Само минатата година од македонски граѓани биле поденсени 10 илјади барања за потврди дека лицата се со бугарско потекло. Засега нема официјално барање од бугарска страна за водење истрага и во Македонија, ниту пак македонските органи најавуваат таква истрага.

Министерството за правда во Бугарија на повеќе од 750 лица им го откажа издавањето уверение за бугарско потекло. Оваа афера веќе се квалификува како најсериозен случај на корупција во поновата историја на Бугарија.

Македонија, македонксата влада и македонските истражни органи доколку се укаже потреба целосно стоиме на располагање да помогнеме, доколку одредени наоди индицираат дека постои нешто кое што треба да се истражи во Македонија, изјави вчера портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Од досегашниот тек на истрагата во Бугарија откриени се 20.000 илјади преписки во Државната агенција за Бугари во странство кои служеле за посредување при добивање на документи, а со кои барателите од Македонија, Молдавија и Украина аплицирале за бугарски државјанства.

Во овој случај првообвинет е Петар Харалампиев, претседателот на Агенцијата за Бугари во странство, кој, според обвинителството, почна да бара мито веднаш штом ја презеде функцијата. „Харалампиев земал мито преку медијатори кои му ги носеле парите во неговата канцеларија. Станува збор за развиена шема за добивање на сертификати за потекло кои циркулирале преку најниските слоеви на агенцијата регрутирајќи се до горните слоеви на Агенцијата“, изјави заменик – главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев.

Во случајот засега се споменуваат и двајца посредници – српски и бугарски државјани.

Министерката за правда, Цецка Цачева најави дека до крајот на годината ќе има промени во Законот за издавање бугарски државјанства, а причината министерката ја образложи со цел да се избегнат идни малверзации  - односно издавање бугарски пасоши за странци

Работната група има за задача да предложи промени на законот за бугарско државјанство во две насоки. Првата е при добивање бугарско државјанство по потекло каде што треба да се прецизираат ставките од членот 15 од законот, а втората се однесува на можноста да се добие бугарско државјанство преку натурализација, преку така наречените инввестиции, рече министерката за правда, Цацка Цачева.

Бугарската партија ВМРО никогаш не зела пари за издавање на документи за бугарско државјанство, рече Красимир Каракачанов министер за одбрана и лидер на партијата гостувајќи во емисија за бугарска телевизија. Харалампиев бил негов предлог за оваа функција.

Изјавата на Каракачанов доаѓа по низата обвинувања во бугарските медиуми дека неговата партија се финансирала од продажба на пасоши.  Во емисијата, Каракачанов нагласи дека  неговата партија само ја бранела каузата на етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка.

Промовирани огласи »

Македонија е најдоброрангирана земја во Југоисточна Европа (ЈИЕ) во последниот извештај на „Дуинг Бизнис“ на Светската банка, покрај повторното враќање во Топ-10 најдобри во светот по бројот на спроведени реформи во неколку категории. Воедно, Македонија е единствената средно-развиена економија во Топ-20 во светот во рангирањето за оваа година.

Македонија е рангирана на 10-то место, и заедно со Албанија е единствената земја во ЈИЕ што ги подобри рејтинзите во споредба со извештајот од 2018 година, објави Светската банка.

"Република Македонија го направи процесот на издавање градежни дозволи поекономичен со намалување на надоместоците за развој на земјиштето", се вели во извештајот.

Втората најдобра дестинација за водење бизнис во Југоисточна Европа е Словенија, која се рангира на 40.позиција, три места помалку од минатата година, по што следи Косово на 44 место, Молдавија, 47 и Србија, 48.

Извештајот опфаќа 190 економии. Ги мери регулативите кои влијаат врз животот на бизнисот, како што се започнување на бизнис, справување на градежни дозволи, стекнување на електрична енергија, регистрирање на имот, добивање кредит, заштита на малцинските инвеститори (акционери), плаќање на даноци, прекугранично тргување, спроведување на договори и решавање на несолвентност

"И покрај пролонгираната политичка криза, Република Македонија и понатаму останува една од највисоко рангираните економии, во однос на леснотијата на водење бизнис", рече Марко Мантованели, државен директор во Канцеларијата на Светската банка во Скопје. "Ова е добредојдена вест, но важно е да се разгледа целата палета на фактори и политики кои влијаат на квалитетот на деловното опкружување и националната конкурентност на економијата и кои не се зафатени од Doing Business, со цел земјата да ги постигне надежите - за влијание врз добивките на продуктивноста на фирмите и привлекување на повеќе инвестиции "

Определување на успесите во Република Македонија во текот на изминатите 15 години се:

- Поранешната Југословенска Република Македонија е единствената економија со среден приход во првите 20 во целокупната леснотијата на водење бизнис;

- Македонија го изврши вториот најголем број реформи (41) меѓу првите 20 во последните 15 години.

- Земјата започна со градежни реформи во 2007/08 година, со која се задолжуваше употребата на приватни инженери лиценцирани од Инженерската комора за преземање независни ревизии на градежните планови. Оттогаш, Македонија забележа значителни подобрувања во ефикасноста на регулативата за изградба, мерена од Doing Business. 

Некои од поентите што се забележуваат оваа година се дека за започнување бизнис во Македонија се потребни 14 дена, со нула денари стартен капитал и трошок од 0,9 отсто од годишниот бруто домашниот производ по глава на жител.

Потребни се 91 ден и девет процедури за градежна дозвола, 97 дена и 196,1 отсто од годишниот БДП по глава на жител за приклучок, а за стекнување имот се потребни седум процедури, 30 дена и данок од 3,2 отсто од проценката.

Кредит отплаќаат 40,7 отсто од субјектите, кај тргувањето со хартии од вредност најслаба оценка имаме за (не)достапноста на купување на акции , а со најдобра оценка сме за транспарентноста. Фирмите од профитот одвојуваат 13 отсто, губат 119 часа годишно за седум даноци (давачки). 

На граница за документација се чека два часа, но девет за царинење. За спроведување на договори се потребни 634 дена. За решавање на несолвентноста е потребно една и пол година и „жртвување“ на 10 отсто од вредноста на имотот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »