Промовирани огласи »

Во Бугарија веќе трет ден главна тема во јавноста е аферата со државните службеници замешани во издавањето на бугарски пасоши за кои тарифата стигнувала и до 5.000 евра.

Само минатата година од македонски граѓани биле поденсени 10 илјади барања за потврди дека лицата се со бугарско потекло. Засега нема официјално барање од бугарска страна за водење истрага и во Македонија, ниту пак македонските органи најавуваат таква истрага.

Министерството за правда во Бугарија на повеќе од 750 лица им го откажа издавањето уверение за бугарско потекло. Оваа афера веќе се квалификува како најсериозен случај на корупција во поновата историја на Бугарија.

Македонија, македонксата влада и македонските истражни органи доколку се укаже потреба целосно стоиме на располагање да помогнеме, доколку одредени наоди индицираат дека постои нешто кое што треба да се истражи во Македонија, изјави вчера портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Од досегашниот тек на истрагата во Бугарија откриени се 20.000 илјади преписки во Државната агенција за Бугари во странство кои служеле за посредување при добивање на документи, а со кои барателите од Македонија, Молдавија и Украина аплицирале за бугарски државјанства.

Во овој случај првообвинет е Петар Харалампиев, претседателот на Агенцијата за Бугари во странство, кој, според обвинителството, почна да бара мито веднаш штом ја презеде функцијата. „Харалампиев земал мито преку медијатори кои му ги носеле парите во неговата канцеларија. Станува збор за развиена шема за добивање на сертификати за потекло кои циркулирале преку најниските слоеви на агенцијата регрутирајќи се до горните слоеви на Агенцијата“, изјави заменик – главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев.

Во случајот засега се споменуваат и двајца посредници – српски и бугарски државјани.

Министерката за правда, Цецка Цачева најави дека до крајот на годината ќе има промени во Законот за издавање бугарски државјанства, а причината министерката ја образложи со цел да се избегнат идни малверзации  - односно издавање бугарски пасоши за странци

Работната група има за задача да предложи промени на законот за бугарско државјанство во две насоки. Првата е при добивање бугарско државјанство по потекло каде што треба да се прецизираат ставките од членот 15 од законот, а втората се однесува на можноста да се добие бугарско државјанство преку натурализација, преку така наречените инввестиции, рече министерката за правда, Цацка Цачева.

Бугарската партија ВМРО никогаш не зела пари за издавање на документи за бугарско државјанство, рече Красимир Каракачанов министер за одбрана и лидер на партијата гостувајќи во емисија за бугарска телевизија. Харалампиев бил негов предлог за оваа функција.

Изјавата на Каракачанов доаѓа по низата обвинувања во бугарските медиуми дека неговата партија се финансирала од продажба на пасоши.  Во емисијата, Каракачанов нагласи дека  неговата партија само ја бранела каузата на етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка.

Промовирани огласи »

Македонија е најдоброрангирана земја во Југоисточна Европа (ЈИЕ) во последниот извештај на „Дуинг Бизнис“ на Светската банка, покрај повторното враќање во Топ-10 најдобри во светот по бројот на спроведени реформи во неколку категории. Воедно, Македонија е единствената средно-развиена економија во Топ-20 во светот во рангирањето за оваа година.

Македонија е рангирана на 10-то место, и заедно со Албанија е единствената земја во ЈИЕ што ги подобри рејтинзите во споредба со извештајот од 2018 година, објави Светската банка.

"Република Македонија го направи процесот на издавање градежни дозволи поекономичен со намалување на надоместоците за развој на земјиштето", се вели во извештајот.

Втората најдобра дестинација за водење бизнис во Југоисточна Европа е Словенија, која се рангира на 40.позиција, три места помалку од минатата година, по што следи Косово на 44 место, Молдавија, 47 и Србија, 48.

Извештајот опфаќа 190 економии. Ги мери регулативите кои влијаат врз животот на бизнисот, како што се започнување на бизнис, справување на градежни дозволи, стекнување на електрична енергија, регистрирање на имот, добивање кредит, заштита на малцинските инвеститори (акционери), плаќање на даноци, прекугранично тргување, спроведување на договори и решавање на несолвентност

"И покрај пролонгираната политичка криза, Република Македонија и понатаму останува една од највисоко рангираните економии, во однос на леснотијата на водење бизнис", рече Марко Мантованели, државен директор во Канцеларијата на Светската банка во Скопје. "Ова е добредојдена вест, но важно е да се разгледа целата палета на фактори и политики кои влијаат на квалитетот на деловното опкружување и националната конкурентност на економијата и кои не се зафатени од Doing Business, со цел земјата да ги постигне надежите - за влијание врз добивките на продуктивноста на фирмите и привлекување на повеќе инвестиции "

Определување на успесите во Република Македонија во текот на изминатите 15 години се:

- Поранешната Југословенска Република Македонија е единствената економија со среден приход во првите 20 во целокупната леснотијата на водење бизнис;

- Македонија го изврши вториот најголем број реформи (41) меѓу првите 20 во последните 15 години.

- Земјата започна со градежни реформи во 2007/08 година, со која се задолжуваше употребата на приватни инженери лиценцирани од Инженерската комора за преземање независни ревизии на градежните планови. Оттогаш, Македонија забележа значителни подобрувања во ефикасноста на регулативата за изградба, мерена од Doing Business. 

Некои од поентите што се забележуваат оваа година се дека за започнување бизнис во Македонија се потребни 14 дена, со нула денари стартен капитал и трошок од 0,9 отсто од годишниот бруто домашниот производ по глава на жител.

Потребни се 91 ден и девет процедури за градежна дозвола, 97 дена и 196,1 отсто од годишниот БДП по глава на жител за приклучок, а за стекнување имот се потребни седум процедури, 30 дена и данок од 3,2 отсто од проценката.

Кредит отплаќаат 40,7 отсто од субјектите, кај тргувањето со хартии од вредност најслаба оценка имаме за (не)достапноста на купување на акции , а со најдобра оценка сме за транспарентноста. Фирмите од профитот одвојуваат 13 отсто, губат 119 часа годишно за седум даноци (давачки). 

На граница за документација се чека два часа, но девет за царинење. За спроведување на договори се потребни 634 дена. За решавање на несолвентноста е потребно една и пол година и „жртвување“ на 10 отсто од вредноста на имотот.

Промовирани огласи »

Македонија и Грција ги обновуваат директните летови помеѓу двата главни градови после повеќе од 10 години.

Директните летови меѓу Скопје и Атина постоеја помеѓу 2003 и 2007, но се прекинати кога претходната влада на Македонија на аеродромот во Скопје му го даде името „Александар Македонски“ што ја разгневи Атина.

Владата на Заев пак во февруари во рамки на обидот да се реши долгогодишниот спор околу името на Македонија одлучи аеродромот да се преименува во Меѓународен аеродром во Скопје.

Според скопскиот аеродром, грчката авиокомпанија „Aegean Airline“ ќе има двенеделни летови почнувајќи од денес.

Вицепремиерот Бујар Османи и заменик министерот за европски прашања Јоргос Катругалос ќе бидат на свеченото отворање на првиот лет после десет години од Атина за Скопје утре во 18.55 минути а делегацијата која ја предводи Османи со тој лет ќе се врати во Македонија.

Промовирани огласи »

Тринаесетгодишно дете паднало во кома и се бори за живот во една од белгиските болници по обид за самоубиство, информираат медиумите утринава.

Отворена е истрага за да се дознае дали морбидната игра за тинејџери „Момо Челенџ“ е причината поради која детето се обидело да се обеси. Ако се докаже улогата на оваа игра во овој трагичен настан, ова би била втора жртва на „Момо“ во Европа.

Пред десетина дена во Франција се самоубил тинејџер откако играл со оваа игра на социјалните мрежи.

Играта однесе една жртва во Аргентина и повеќе истраги се отворени во Мексико.

„Момо Челенџ“ е игра за адолесценти која се шири преку социјалните мрежи и посебно „Ватсап“.

Блогерот Шејн Ендруз, која ја истражувал играта, раскажува дека таа започнува со поставување „лесни предизвици“ за децата – на пример будење во текот на ноќта. Но предизвиците многу бргу ескалираат и стануваат сѐ поопасни, како скокање од тераса за да го натера детето да докаже дека е „во добра форма“.

Учесникот во играта е повикан да се снима додека ги реализира предизвиците. Дванаесетгодишното дете во Аргентина го загубило животот додека се снимало исполнувајќи еден од предизвиците на ликот „Момо“. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »