Промовирани огласи »

Од 1 јануари со измените на законот за персонален данок се менуваат и правилата во спортските обложувалници.

Имено, со измените, данокот на доход од игри на среќа ќе се плаќа по нова, единствена каматна стапка од 15%, што е зголемување за 50% или 5 процентни поени од актуелната стапка која изнесува 10%.

Во моментов, обложувалниците задржуваат по 10% од секоја добивка. Па така, ако сте уплатиле ливче за 100 денари и сте добиле 1000 денари, обложувалницата ќе ви исплати 910 денари, бидејќи на вашата добивка од 900 денари (1000 денари минус 100 денари уплата) се задржуваа 10% односно 90 денари.

Согласно измените, сега обложувалницата на ова ливче ќе задржи 135 денари, а вие ќе добиете 865 денари. 
Уште поголема е разликата на поголеми добивки.Така, ако со 100 денари сте фатиле тикет од 10.000 денари обложувалницата до сега ви задржуваше 990 денари и исплаќаше 9.010 денари, а од  1 јануари ќе ви задржи 1.485 денари и наместо 9.010 ќе ви исплати 8.515 денари а остатокот ќе го уплати во УЈП.

Според последните податоци кои беа објавени од УЈП, минатата година, државата само од кладилниците на име персонален данок на доход од добивките инкасирала 38 милиони евра. Според таа математика, доколку граѓаните продолжат да се кладат и да добиваат со исто темпо, во 2019 година, државата само од обложувачите ќе заработи дополнителни 19 милиони евра.

Лани во кладилниците низ Македонија се уплатени близу 200 милиони евра, а исплатени 156 милиони евра.

Промовирани огласи »

Сопствениците на хрватската компанија „Гигант“ која се занимава со ПВЦ столарија, им доделија автомобили smart на најлојалните работници кои работат за претпријатието од нејзиното основање пред 20 години.

Нашата цел е да им помогнеме на нашите вработени да остварат добри деловни резултати и позиционирање на пазарот. Некои од нив се со нас веќе 20 години, кога почнавме со производство на ПВЦ столарија - објасни сопственикот Владимир Ќурковиќ (50), а истото го потврди и неговата пет гопдини помлада сопруга Ксенија.

Двојката како клуч за успех и развојот на претпријатието гледаат во своите работници кои од нив ги примаат своите месечни плати.

Ова е на некој начин награда за лојалноста и довербата што ја покажуваме меѓусебно. Без меѓусебно почитување, не би стигнале до каде сме денес - вели сопругата Ќуриќ. 

Според неа, целта е сите да го почувствуваат напредокот.

Тешко е да се најде добар работодавач, а тешко е да се најде и добар работник. Нашата компанија вработува 17 лица и ние сме како големо семејство. Често се среќаваме, славиме родендени, годишнини, но тука сме и кога некој ќе доживее несреќа. Поголемиот дел од денот го поминуваме заедно, и кога некој ќе влезе во компанијата, тој не излегува до пензија - објаснува Владимир. 

Тој тврди дека работниците не се должни да останат кај него и не се обврзани со автомобилите, бидејќи секој има право на избор.

Промовирани огласи »

Ја најави во саботата на прес конференција, но министерот за финансии Драган Тевдовски не ги објасни сите детали на новата даночна реформа.

Според предлогот наместо досегашната стапка од 10 отсто за данокот на доход ќе се воведе прогресивно оданочување за приходите од плата, односно од труд, пензија или од самостојна дејност кои надминуваат 90.000 денари на месечно ниво. Сепак важно е да се знае дека ова е сума за брутоплата која работникот не ја зема цела, односно во неа е вкалкулиран и персоналниот данок на доход. Значи ако се одземе персоналецот, останува сума од 81.800 денари нето плата, или таа која ја земал работникот, а која ќе му ги исполни условите се што е над неа да биде со повисокиот данок.

Поголемо зафаќање и тоа значајно поголемо или за 50 отсто повисок данок ќе има кај доходот од капитал, закупнините, дивидендите, приходите од осигурување. Тие досега се даночеа со 10 отсто даночна стапка, од в година стапката е 15 проценти.

Ќе се оданочуваат и капиталните добивки и тоа со даночна стапка од 15 отсто. 

Од 2020 година ќе се одначуват и проходите од камати на депозитите во банките и тоа исто така со стапка од 15 проценти. Нема да се плаќа данок само на годишна заработка од камати до 250 евра.

Министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека прагот од 90.000 денари ги опфаќа 1% од најдоходовните граѓани во Република Македонија за кои рече дека имаат даночна ефективна стапка која е пониска од онаа на останатите граѓани, заради што  всушност и се воведува праведното оданочување бидејќи како што рече не е фер оние што добиваат од општеството најмногу, да плаќаат најмалку.

„Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. На пример, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%“, рече министерот Тевдовски и порача дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста.

Министерот Тевдовски рече дека од воведувањето на прогресивното фер оданочување во буџетот ќе се слеат околу 25 милиони евра со кои ќе бидат финансирани мерки за намалување на сиромаштијата, односно за мерката минимален гарантиран приход со која освен што ќе се извлекуваат примателите на социјална помош од сиромаштија и ќе се подготвуваат за пазарот на трудот.

Промовирани огласи »

По аферата со издавањето на бугарски пасоши за која имаше апсење на инволвираните од Бугарија, па и од Србија, македонските посредници за бугарски пасоши, не се плашат дека ќе завршат во затвор или дека нивните клиенти ќе останат и без парите кои ги дале и без пасошот.

Уверуваат дека такво нешто нема да се случи. Велат дека издавањето на пасоши и како тоа се прави досега беше јавна тајна, но дури сега Бугарија презема мерки тој процес да го санкционира.

Тие што фалсификувале документи треба да се плашат, а јас работам со вистински документи и не се плашам. За сумата која ја соопштија бугарските медиуми, од 5.000 евра, јас не познавам некој кој дал толку пари. Македонците, и Србите за бугарски пасош даваат нешто повеќе од 300 евра, вели Даниел Д. посредник.

Друг посредник од Делчево смета дека како работите ќе се одвиваат ќе зависи од бугарските власти, но според него, оние кои имаат исправни документи, не би требало да останат без пасош.

Проблем се јави затоа што има многу Албанци од Албанија и Косово кои аплицираат за бугарски државјанства, и властите во Бугарија мораа да „пресечат“, но за Македонците мислам дека нема да има некакви последици, нема да има никаков проблем, вели посредник од Скопје.

Но, кај граѓаните постои сомнеж, затоа што чекаат со години и не се стопроцентно сигурни дека на крај ќе имаат бугарски пасош, за работа и слободно движење низ Европа.

Не сум убедена дека ќе го добијам, се обидувам одамна, од 2012 година. Ниту тогаш не беше лесно, а камоли сега. Но, ако е крај со мојата процедура, ќе пишат дека сум одбиена. За оној кој ја врши услугата за добивање на пасош, се плаќа, и трошокот е некаде до 500 евра, но не се даваат тие пари од еднаш, раскажува млада кумановка.

Други апликанти кои обезбедиле оригинал документи за бугарско потекло, велат дека до крајот на годинава треба да добијат бугарски пасош.

„Мојот син преку татко му треба да извади бугарски пасош, но ние имаме оригинал документи за бугарско потекло од прадедо и лично не се плашиме дека некаде пасошот ќе „заглави“. Проверивме пред некој ден и пишува дека е во процедура пасошот. Сопругот зема пасош во 2016 година, а син ми треба да земе во крајот на оваа година. За еден човек чини околу 500 евра“, додава Ф.Б.

Во Бугарија имаше апсења за издавање на пасоши на граѓани на Македонија, Украина, Молдавија, Албанија. Уапсени беа и четири посредници од српските градови, Пирот, Димитровград и Ќуприја. Во Бугарија имаше обвинувања за партијата ВМРО на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов дека се финансирала од издавање на пасоши. Во март годинава францускиот медиум, nouvelobs пишуваше за тоа дека Бугарија „фабрикува“ лажни, но и опасни европски граѓани преку издавање на пасоши. Во текстот пишуваше дека освен Македонци, пасоши добиваат и Срби, Албанци, косовски граѓани и Молдавци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »