Промовирани огласи »

Од 15 ноември важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата.

Глоба од 45 евра и можност за исклучување од сообраќај.

Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема  возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со  глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Истовремено полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

Минималната длабочина на шарата на гумите зависни од  категоријата на возилото

 За возачите на моторни возила до 3.500 килограми од 15 месецов задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, а ако имаат летни гуми со четири милиметри обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Задолжителна зимска опрема за моторни возила со погон на сите тркала (4×4), пак, се  зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од шест милиметри или летни пневматици со минимална длабочина од четири милиметри доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога  има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

Посебни ознаки за зимските гуми, забранети пневматици со клинци

Според Правилникот, на бочната страна на зимските пневматици ги има ознаките „МС“, „М+С“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март следната година.

Промовирани огласи »

„Lucky days” во НЕПТУН од 05-08 ноември со најголеми попусти на целиот асортиман и шопинг до 48 рати со happy кредит!

Искористете го oвој „Lucky days” и добијте:

  • НАЈГОЛЕМИ ПОПУСТИ на целиот асортиман!
  • Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка
  • За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од  30.000 денари, добивате ваучер од 900 денари за идни купувања.
  • Шопинг до 48 рати со haPPy инстант кредитот
  • Шопинг до 24 рати со кредитни картички

НЕПТУН како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија е препознатлив по овој концепт на продажба, каде на своите купувачи им нуди исклучителна можност да набават производи од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени со големи попусти и можност да плаќаат до 48 рати.

Сега е вистинско време за шопинг! Акцијата е активна на сите производи од сите категории. Разгледајте ги одличните понуди за: машини за перење алишта, фрижидери, плотни, фурни, клима уреди, телевизори, компјутери, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина, прочистувачи на воздух и останати апрати за квалитет на воздух. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом. Посетете ги продавниците на НЕПТУН ширум Македонија и уверете се самите. Побрзајте, акцијата трае само 4 дена!

Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија. За да ги погледнете деталите околу акцијата и летокот за „Lucky days” кликнете на линкот: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Од 1 јануари со измените на законот за персонален данок се менуваат и правилата во спортските обложувалници.

Имено, со измените, данокот на доход од игри на среќа ќе се плаќа по нова, единствена каматна стапка од 15%, што е зголемување за 50% или 5 процентни поени од актуелната стапка која изнесува 10%.

Во моментов, обложувалниците задржуваат по 10% од секоја добивка. Па така, ако сте уплатиле ливче за 100 денари и сте добиле 1000 денари, обложувалницата ќе ви исплати 910 денари, бидејќи на вашата добивка од 900 денари (1000 денари минус 100 денари уплата) се задржуваа 10% односно 90 денари.

Согласно измените, сега обложувалницата на ова ливче ќе задржи 135 денари, а вие ќе добиете 865 денари. 
Уште поголема е разликата на поголеми добивки.Така, ако со 100 денари сте фатиле тикет од 10.000 денари обложувалницата до сега ви задржуваше 990 денари и исплаќаше 9.010 денари, а од  1 јануари ќе ви задржи 1.485 денари и наместо 9.010 ќе ви исплати 8.515 денари а остатокот ќе го уплати во УЈП.

Според последните податоци кои беа објавени од УЈП, минатата година, државата само од кладилниците на име персонален данок на доход од добивките инкасирала 38 милиони евра. Според таа математика, доколку граѓаните продолжат да се кладат и да добиваат со исто темпо, во 2019 година, државата само од обложувачите ќе заработи дополнителни 19 милиони евра.

Лани во кладилниците низ Македонија се уплатени близу 200 милиони евра, а исплатени 156 милиони евра.

Промовирани огласи »

Сопствениците на хрватската компанија „Гигант“ која се занимава со ПВЦ столарија, им доделија автомобили smart на најлојалните работници кои работат за претпријатието од нејзиното основање пред 20 години.

Нашата цел е да им помогнеме на нашите вработени да остварат добри деловни резултати и позиционирање на пазарот. Некои од нив се со нас веќе 20 години, кога почнавме со производство на ПВЦ столарија - објасни сопственикот Владимир Ќурковиќ (50), а истото го потврди и неговата пет гопдини помлада сопруга Ксенија.

Двојката како клуч за успех и развојот на претпријатието гледаат во своите работници кои од нив ги примаат своите месечни плати.

Ова е на некој начин награда за лојалноста и довербата што ја покажуваме меѓусебно. Без меѓусебно почитување, не би стигнале до каде сме денес - вели сопругата Ќуриќ. 

Според неа, целта е сите да го почувствуваат напредокот.

Тешко е да се најде добар работодавач, а тешко е да се најде и добар работник. Нашата компанија вработува 17 лица и ние сме како големо семејство. Често се среќаваме, славиме родендени, годишнини, но тука сме и кога некој ќе доживее несреќа. Поголемиот дел од денот го поминуваме заедно, и кога некој ќе влезе во компанијата, тој не излегува до пензија - објаснува Владимир. 

Тој тврди дека работниците не се должни да останат кај него и не се обврзани со автомобилите, бидејќи секој има право на избор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »