Мајкл Џексон беше погребан во 2009-та, но се уште заработува милиони и е прв на листата на „Фобс“ што ја објави за починати славни личности кои се уште добиваат вистинско богатство на своите сметки.
Бруто-заработката на поп-кралот изнесува 400 милиони долари во 2018-та и понатаму е убедлив на првата позиција, а приходите разбирливо доаѓаат од авторските права.
Уште еден крал, овој пат на рокот, Елвис Присли, жовееше до 1977, но никој не може да го исфрли од второто место со 40 милиони долари. Покрај музичкиот дел, Присли има кариера и во Холивуд.
Арнолд Палмер, наречен „крал“ во светот на голфот, за разлика од првите двајца, дожовеа длабока старост. Заработил 35 милиони долари годинава, а инаку своевремено успеа да го искомерцијализира својот спорт и да го претвори од „елитен“ во „народен“.
„Форбс“ наведува дека познатите личности кои не се повеќе меѓу живите вкупно заработиле 628 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од минатата година кога заработиле 312 милиони.
На четврто место по остварени бруто приходи е авторот на серијалот за Снупи и Чарли Браун, Чарлс Шулц, кој заработил 34 милиони.
На пето место е пејачот Боб Марли, а потоа следуваат доктор Сус, Хју Хефнер, Мерлин Монро и Џон Ленон.
„Форбс“ инфомира дека податоците се однесуваат на примања од 1 октомври 2017 до 1 октомври 2018 година, и пред да се одбијат хонорарите за агенти, раководители, адвокати и извршители на имот.