Без виза македонските граѓани ќе може да патуват во Колумбија.
Ова денеска го соопшти македонскиот амбасадор во Бразил Ивица Боцевски.
Тој оваа вест ја сподели на социјалните мрежи каде што напиша дека земјата од романите на Габриел Гарсија Маркес ги тргнува визите за Македонците.
Колумбија е земјата која им се придружи на Бразил, Чиле, Аргентина и Перу каде граѓаните може да патуваат без виза додава Боцевски.
Инаку, Колумбија е земјата од каде потекнува најпознатиот светски нарко-бос Пабло Емилио Ескобар Гавирија. За него е познато дека неговиот картел произвел околу 80% од целото производство на кокаин шверцуван на САД во времетраењето на неговата кариера, со обрт на 21,9 милијарди долари годишно во личен доход.
Често бил нарекуван „Крал на кокаинот“ поради тоа што претставувал најбогат криминалец во историјата, со проценета нето вредност на меѓу 25 и 30 милијарди долари од почетокот на 1990-тите (еквивалентно на помеѓу околу 48,5 и 56 милијарди во 2017 г.),што го прави еден од најбогатите луѓе во светот во неговиот ранг.