Компанијата VitaminWater покрена натпревар на кој може да се освојат 100.000 долари, под услов цела година да не користите паметен телефон.
Пријави се пријавуваат со хаштаг #nophoneforayear на Твитер или Инстаграм, со опис како би изгледала вашата година без телефон.
Пријавувањето трае до 8 јануари, а на 22 ќе биде објавено кој е избран.
Но, на крајот на годината ќе мора да помине на детектор на лаги.
Ако успее цела година да издржи ќе добие цела сума, а ако успее само 6 месеци да биде без телефон, на сметка ќе му легнат само 10.000 долари.
Она што е помалку од 6 месеци, нема да се наградува. Но, оние кои ќе учествуваат во натпреварувањето ќе добијат за користење Нокиа 3310 за повици и пораки.