Во третиот квартал платите во Германија пораснале за 1.5%, и тоа е најголем скок за две години, покажаа бројките од статистичките служби.
Ова се однесува за реалната заработка, додека нормалната заработка пораснала за 3.6%.
Тоа е најголем раст од вториот квартал во 2011 година.
Просечните цени пораснале за 2.1% во однос на истиот период минатата година.
4.013 eвра во просек се заработуваат во западните германски покраини, а на исток се заработуваат во просек по 3.173 евра.
Највисоки плати имаат во секторите недвижнини, култура и забавни дејности, а образованието заостанува зад нив.