Промовирани огласи »

Во Јапонија одлучија на работното место да отворат соби за спиење. 

Собите се опремени со уреди за намалување на бучава, има кревети на кои работниците можат да спијат, додека мобилни, таблети и лап топите се најстрого забранети. 

На ваква мерка јапонските работодавачи се одлучија, откако едно истражување покажа дека поспаноста влијае на ефикасноста на работниците, а тоа газдите ги чинеше 138 милијарди долари годишно. 

Промовирани огласи »

Јадранка група од Лошињ, една од водечките хотелско-трговски друштва во Хрватска и добитник на наградата “Најдобар хрватски работодавач 2015”, вработува.

Ако сте амбициозни, посветени на работата и желни за работни предизвици во иновативно и стимулирачко опкружување, а воедно и самостојни и одговорни, идеалното сезонско вработување се наоѓа на остров на северен Јадран. Станува збор за Јадранка група, едно од водечките хотелско-трговски друштва во Хрватска, која веќе 70 години успешно работи со хотелиерство, капминг и трговски активности на островите Цреша и Лошињ.

Во група работат околу 800 постојани вработени, додека пак за време на туристичката сезона вкупниот број на вработени достигнува и до 1600 особи, распоредени во фирми ќерки: Јадранка хотели, Јадранка кампови, Камп Слатина и Јадранка трговија.

Јадранка група на сите нивоа се грижи за своите вработени и, покрај договорените услови за работа (кои вклучуваат дополнителни плати за работа во недела, празници, двократно работење и други права загарантирани со колективен договор), обезбедува сместување и исхрана без да ги намали платите. Трошоците за санитарни прегледи и превоз до местото на живеење по истекот на договорот за вработување се рефундираат.

Јадранка група посебно внимание посветува на создавање на иновативно и стимулирачко опкружување, овозможува стекнување на искуство во професијата со искусни и стручни ментори, вклучување во програмата за надградување и понатамошно напредување во кариерата.

Потенцијално работно место Ве чека Вас во Јадранка хотели и хотелскиот бренд Лошињ Хотели и Вили, под кои спаѓаат 6 хотели ( сите во категорија 4* и 5*) и ресторани на вилите и апартманите сместени на најатрактивната локација на островот Лошињ.

Со одлука на Владата на Република Хрватска можност за работа во Хрватска имаат и земјите коишто не се членки на ЕУ, па така и во Јадранка група од Лошињ, на работните места: кувар (м/ж), келнер (м/ж), помошник кувар (м/ж), помошник келнер (м/ж), чистач (м/ж) и собар (м/ж). Повеќе информации можете да најдате на http://www.jadranka.hr/karijere.

РАБОТНИК ВО ДОМАЌИНСТВО - СОБАР - Апликации на следниот линк: https://kariera.mk/job/oZpOawKZzU-g91ous-caxw/rabotnik-vo-domakjinstvo-sobar-hrvatska

КЕЛНЕР/КА - Апликации на следниот линк: https://kariera.mk/job/RmlAs9gslkukkgTELUwo-g/kelner-ka-hrvatska-mali-loshinj

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги „чешла“ фирмите кои не исплатиле К-15 на работниците. 

Ги повика работниците да пријават доколку не добиле К-15. 

Ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 и сите други нерегуларности да ги пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд - 15 131. 
Од почетокот на годината Инспекторатот прави засилени контроли во правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли, кадешто се забележани голем дел претставки изминатите години, напиша Царовска на Фејсбук.

Владата вчера на седница донесе одлука со која ќе се провери како течела исплатата на К-15. 

Над 100-тина работници пријавиле неисплатен К-15 за годината 2018-та во Инспекторатот за труд, објави Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата.

Добивме информација дека регресот за годишен одмор К-15 од некои компании не е исплатен. Државниот инспекторат за труд добил преку 100 жалби за неисплата на К-15. Тој е задолжен да информира во однос како се спроведува исплатата за регрес на годишен одмор, и дали и какви мерки се превземени за компаниите кои не ја испочитувале оваа обврска, изјави Бошњаковски.

Проверка на неисплатата на регресот ќе трае и во текот на февруари.

Промовирани огласи »

Град Скопје годинава ќе ги субвенционира граѓаните за купување на инвертери, топлотни пумпи или соларни панели за затоплување. Во буџетот на Градот за 2019 година за оваа намена предвидени се 20 милиони денари. За набавка на инвертери и во ланскиот буџет беа предвидени пари, но со ребалансот тие беа пренамени односно не се даваа субвенции за вакви уреди за затоплување, пренесува СДК.

Како и лани и годинава субвенции ќе се делат и за набавка на печки на палети за што се предвидени 15 милиони денари. Во рамките на проектите за намалување на загадувањето, граѓаните ќе се субвенционираат и за набавка на велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала за што обезбедени се 10 милиони денари, како и 3 милиони денари за чистење на оџаци, мерка која за прв беше воведена лани.

Огласите на субвенционирање на граѓаните ќе бидат објавени кон почетокот на годината и ќе траат цела година додека не се истрошат средствата предвидени за субвенционирање на граѓаните. Наскоро ќе ги објавиме огласите. Лани беа целосно потрошени средствата за набавка на печки на пелети и велосипеди, а додека за чистење оџаци послаб беше интересот кај граѓаните односно не беа искористени сите пари-велат од Град Скопје.

Во буџетот за заштита на животна средина за 2019 година предвидени се 3 милиони евра. Покрај за субвенции за граѓаните со цел намалување на загадувањето на воздухот, субвенции од 20 милиони денари се предвидени и за приватните превозници за адаптирање на постојните автобуси со мотори на еколошки горива, како и 20 милиони денари за ЈСП„Скопје“ за воведување на бесплатен превоз во денови на алармантно загадување на воздухот.

Пари се предвидени и за уредување на кањон Матка, парк шумите Гази Баба и Водно, како и реализација на посебен план за Водно, проекти за зелени кровови на институции, проширени испитувања на загадувањето на амбиентниот воздух од сообраќајот и од согорување на дрвото како средство за затоплување.

Од Градот Скопје велат во рамките на мерките против загадувањето и борбата за почист воздух, пари се издвоени и во други сектори покрај во буџетот за животна средина. Тука влегуваат проектите за изградба на нови паркови, садење дрвја низ градот, изградба на велосипедски патеки, расчистување на диви депонии.

Набавката на еколошките автобуси кои годинава ќе се купат со кредит од Европската банка за обнова и развој, исто така е мерка против загадувањето-додаваат од Град Скопје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »