Промовирани огласи »

Значи викендот треба да ни почнува од четврток. Сè над тоа е преработување.

Дали сме секогаш способни да се посветиме максимално на работата, дури и кога имаме желба? Науката вика - не баш.

Позитивно: Над 40, работата се завршува и за три работни дена.

Негативно: Ваквите студии никој не ги есапи, колку и да се точни.

Признавале ние или не (признаваме), како што старееме, губиме многу од енергијата и импулсот за работа. Изминатото време нè прави помирни и позрели, но концентрацијата и одлучноста да вложуваме напор и да достигнуваме одредени цели се намалува како што поминуваат годините. Ова се разбира е апсолутно нормално, затоа што ни телото ни умот не се свежи и енергични како кај помлад организам.

Повеќе на Off.net.mk

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Џеф Шумахер, основач на БЦГ Диџитал Вентурес (BCG Digital Ventures), за време на панел дискусија во Давос посочил дека биткоинот би можел да падне на нула.

Верувам дека ќе оди на нула. Мислам дека тоа е одлична технологија, но не верувам дека тоа е валута. Не се базира на ништо, рекол Џеф Шумахер.

Како што се наведува според податоците на Коинмаркеткап (Coinmarketcap), криптовалутите имаа „дива“ 2018 година, со вредност од над 480 милијарди долари која е избришана од целиот пазар. 

Откако постигна рекордно ниво во 2017 година, биткоинот, најголемата криптовалута според пазарната капитализација, драматично опадна. Таа во средата се тргуваше за 3.571 долари.

Промовирани огласи »

Шестмина здравствени работници од Клиниката за детски болести се заразиле со морбили, oбјави Сител. Четири од нив се лекари на специјализација, една медицинска сестра и вработен на шалтер. Малите сипаници кои се проширија во сите скопски општини не го поштедија и медицинскиот персонал. Од Детска за Сител потврдија дека заразените биле невакцинирани или делумно заштитени со само една доза од вакцината. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна.

Биле во директен контакт со заболени дечиња или со такви со респираторни инфекции кои биле во период на инкубација вели др. Жарко Караџовски, епидемиолог во Институт за јавно здравје.

На Детска клиника изминатите денови направиле анкета меѓу сите вработени и 21 лице вчера примило МРП вакцина. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »