Џеф Шумахер, основач на БЦГ Диџитал Вентурес (BCG Digital Ventures), за време на панел дискусија во Давос посочил дека биткоинот би можел да падне на нула.

Верувам дека ќе оди на нула. Мислам дека тоа е одлична технологија, но не верувам дека тоа е валута. Не се базира на ништо, рекол Џеф Шумахер.
Како што се наведува според податоците на Коинмаркеткап (Coinmarketcap), криптовалутите имаа „дива“ 2018 година, со вредност од над 480 милијарди долари која е избришана од целиот пазар.
Откако постигна рекордно ниво во 2017 година, биткоинот, најголемата криптовалута според пазарната капитализација, драматично опадна. Таа во средата се тргуваше за 3.571 долари.