Промовирани огласи »

Без застои во колони пред патарините, барање ситни пари, чекање кусур и фискална за да се крене рампата, од мај годинава ќе се вози по Коридорот 10.

Од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта неодамна најавија дека и на македонскиот дел од овој европски патен коридор за четири месеци ќе се вози како низ Европа, без застои, зашто наплатата на патарините ќе биде електронска.

Во употреба ќе влезат бесконтактни смарт-картички кои за почеток ќе се купуваат пред патарините. Подоцна ќе ги има низ продажната мрежа, каде што ќе можат и да се надополнуваат, нешто како билетите за градскиот превоз во Скопје. За оние кои почесто возат по автопатиштата низ државата најавена е можност за употреба на  микробранови транспондери, кои ќе им овозможат да поминуваат низ наплатните станици без застанување, доколку се движат со брзина не поголема од 30 километри на час. Сепак, во првата фаза од воведувањето на електронската патарина, ќе се остави можност и за плаќање во готово.

Овој проект всушност требаше да се реализира уште лани летото, но работите се одолговлекоа поради реконструкцијата на рампите.

Според најновите инфромации од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, сега градежните работи на патарините кај Велес, Сопот, Отовица и Романовце веќе се завршени, а во завршна фаза е и патарината кај Петровец. Се чека да се доврши и патарината кај Градско, која би била готова за месец и половина. При крај е и изградбата на центарот за мониторинг и контрола, преку кој ќе се следи работата на сите наплатни станици на автопатиштата. Тој центар е лоциран спроти патарината кај Петровец, а според Китанов се гради според европскиот модел за контрола на сообраќајот. Инвестицијата изнесува 18,6 милиони евра и кога ќе биде комплетно готов, ќе стартува електронската наплата.

– Преку Центарот ќе се контролираат сите патарини на коридорите 10 и 8, а со него ќе бидат поврзани и камерите што во иднина треба да бидат поставени покрај сите автопатишта, контролните пунктови во Неготино кај автопатот Демир Капија-Смоквица и тој што ќе се гради во Кичево за автопатот кон Охрид. Има и посебен Кол-центар каде што ќе може да се пријават проблеми на патиштата. Од Центарот ќе може да се контролира и мониторира целиот сообраќај во Македонија. Што било да се случи, навреме ќе може да се пренасочи сообраќајот и да се интервенира, појасни тој при неодамнешната посета на центарот кој е во изградба.

Министерот Сугарески, пак, најави дека овој центар ќе биде готов идниот месец, а тој е последната инвестиција пред да се стартува со електронската наплата на Коридорот 10.

– Во мај треба да биде пуштена новата патарина кај Гевгелија, а до јуни и таа кај Демир Капија. На автопатот Миладиновци-Штип, кој треба да биде пуштен наскоро, на почеток ќе се вози бесплатно бидејќи допрва ќе стартува изградбата на двете планирани патарини.

Со пуштањето на Центарот ќе се олесни протокот на возилата на патарините и ќе се намали метежот, особено во летниот период, рече тој.

Китанов пак, појасни дека рампата кај Демир Капија ќе се пушти подоцна, затоа што нејзината изградба е проблематична поради потребата да се отстрани свлечиште. Тој додаде дека кога ќе се пушти новиот автопат Миладиновци-Штип, кој е готов и чека само технички прием, сообраќајот кон источна Македонија ќе се пренасочи по него и прометот на патарините кај н Сопот и Отовица ќе опадне. Но, патарините на Миладиновци-Штип допрва ќе се градат, затоа што претходно не биле проектирани и не биле извадени дозволи за градба.

По Коридорот 10, електронска наплата се планира да се воведе и на Коридорот 8. На тамошните патарини веќе се поставени нови кабини, но треба да се менува софтверот и да се постават камери за категоризација и читачи.

И покрај воведувањето на електронските патарини во ЈПДП не планираат да го намалат бројот на вработени. Напротив, непосредно пред најавата дека електронската наплата на патарината долж Коридорот 10 ќе почне во мај, се објави оглас за вработување на 84 лица на патарините. Кинтанов се правда дека тоа не се нови вработувања туку се продолжувања на истечени договори за работа. Тој вели дека работници на патарините ќе бидат потребни и понатаму, затоа што воедувањето електронски патарини низ земјата ќе биде подолг процес, а извесен период паралелно со електронското во функција ќе биде и плаќањето во кеш.

Промовирани огласи »

Пред две недели Регулаторна комисија за енергетика ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата, кои тогаш поскапеа за два денари.Напладне Регулаторна ќе ги каже новите цени кои ќе важат од вторник.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 7,41%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 3,573 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 29,522 ден/кг.

Останува да видиме дали ќе имаме поскапување.

Промовирани огласи »

На површина од 9.500 м2 и преку 300 паркинг места се гради првиот Retail park  во Скопје.

По пример на Европските градови, свој Retail Park за неколку месеци ќе добие и Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

На површина од 9.500 м2 и купувачите ќе ги сретнат познатите модни брендови, потоа трговски ланци за техничка стока како и продавници за покуќнина и мебел. Дел од Retail park-от ќе бидат добропознатите брендови НЕПТУН, JYSK, LC Waikiki, Sport Vision KFC, ZEGIN.  Исто така, во паркот се планираат и супемаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца на 2.500 м2.

„Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето”, изјави Катарина Николов, од Cushman and Wakefield/FortonМКА.

Инвеститор на објектот е компанијата Али Тобако од Скопје, а отварањето е предвидено за јуни, 2019 година. 

Промовирани огласи »

За петнаесетина дена стартува електронската наплата на дел од патарините на Коридорот 10. Додека Коридорот 8 ќе се дигитализира до крајот на годинава. Картичките ќе се купуваат и надополнуваат на бензиските пумпи и на самите патарини. Надлежните информираат дека лаќањето во готово нема да се укине.

Сметаме дека на овој начин ќе се намали големиот метеж кој што го имаше низ годините наназад, особено во летниот период бидејќи ќе биде олеснета комплетната процедура на наплатните станици, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Идниот месец ќе проработи и контролниот центар кај патарината Петровец. Во координација со другите контролни пунктови ќе се надгледуваат патарините и целокупниот сообраќај по автопатите низ земјава.

Од овде ќе може да се мониторира и да се контролира целиот сообраќај во Македонија, било што да се случи, да не се создаваат колони од автомобили да чекаат некоја сообраќајка што го блокирала патот, но навремено ќе може веднаш да се пренасочува сообраќајот, веднаш да се интервенира и со амбулантни возила и со сообраќајна полиција и со противпожарни возила. Значи, ова ќе биде окото на цела патна инфраструктура во Македонија, вели Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

На автопатот Миладиновци-Штип засега граѓаните ќе возат бесплатно. Таму допрва ќе се градат патарини.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »