Промовирани огласи »

Nina Box jewlery има потреба од комуникативна и амбициозна личност за работа како ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ: https://kariera.mk/job/2BZgUBtAj0C_0npIUOiDGg/agent-za-prodazhba

Потребно е едно лице за постпродукција на фотографии и графички дизајн: https://kariera.mk/job/KRUQRdvtxUuoWHSB7sm1NQ/grafichki-dizajner

12.000 денари нето плата. Аплицирајте за ПРОДАВАЧ/КА во Вилсон спорт: https://kariera.mk/job/_eBm7iajBEivf4bQ5aYsPg/vilson-sport-dooel-objavuva-oglas-za-vrabotuvanje-na-prodavach-ka?fbclid=IwAR3qQvw1p_ftiiCWiDrJftmUscFkrCK45kqX9LX1bSzGVAFc1wsVQvm2CZg

Центар за Физиотерапија има потреба од физиотерапевт/ка со или без работно искуство: https://kariera.mk/job/buqPRo25IEOk1_PuLNew0Q/fizioterapevtka

Поради проширување на својот тим, Зегин вработува ОФТАЛМОЛОГ: https://kariera.mk/job/cgw6E-wSyk6o6xItjeP-uw/oftalmolog-specijalist?fbclid=IwAR3wZFFF-43eHQogpBytfAx0Oe3rzMzmSRTBLl2D5SiZJ4Yip8LPIz9QXOo

Промовирани огласи »

На површина од околу 1.800 метри квадратни терасата на Градскиот трговски центар во Скопје , што гледа кон плоштадот,  ќе се претвори во пријатен зелен парк, финансиран од Град Скопје, а со поддршка на УНДП.

Терасата на предната страна од Градскиот трговски центар во Скопје до лето треба да се претвори во пријатна зелена оаза, која граѓаните ќе можат да ја користат за одмор и рекреација.

Предвидени се неколку водени површини, патеки, зелен простор , клупи за седење, кафуле и други содржини во корист на граѓаните, но просторот ќе биде и ограден заради безбедност.

„Ова е прв ваков проект каде се прави зелен покрив по примерот на другите европски градови, а треба да придонесе за намалување на температурата во центарот на градот за време на летните горештини“, смета градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Имено, кога температурата на плоштадот „Македонија“ е 27 степени Целзиусови, на покривот на ГТЦ температурата изнесува 37 степени, покажала неодамнешната студија за „жешки објекти“ во центарот на Скопје.

За изградба на проектот ќе биде користена најнова технологија, а изведувачот ќе го бира УНДП, додека Градот го финансира проектот кој чини околу 33 милиони денари.

Овој зелен кров, според Шилегов, значи дека ова место повеќе нема да биде едно од најтоплите места во Скопје и дека од место кое луѓето го избегнувале, ќе стане катче во кое луѓето ќе уживаат.

Промовирани огласи »

Во изводот од матичната книга на родените на  децата родени во болницата Систина повеќе нема да стои дека се родени во село Злокуќани, туку во Скопје.  Ова е предвидено во предлог измените на Законот за матична евиденција кои се објавени на ЕНЕР.

Освен оваа интервенција со измените на законот се предвидува признавање на нов род .  Во овој дел законот превидува издавање на матичен број за лице го извршило промена на полот од машко во женско или обратно, а во него се утврдени условите и начинот на признавање на родот.

Првата промена на законот се прави на барање на група родители кои побарале во изводот на своите деца да се внесе градот Скопје, а не Злокуќани. Втората измена се регулира по пресуда од Европскиот суд на човекови права, се вели во образложението од Министерството за правда.

Промовирани огласи »

Законот забранува министри, пратеници и членови на локалните власти да вработуваат свои венчани или невенчани сопружници, родители и деца. Казната за ова е до три години затвор и 45.000 евра.

Законот во францускиот парламент е поддржан од 383 пратеници, тројца се спротивставија и 48 се воздржани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »