Промовирани огласи »

Наместо домашните издавачки куќи да конкурираат со учебници за наставните предмети од домашни автори, Министерството за образование и наука само објавува конкурси на кои избира автори и ракописи кои подоцна ги печати како учебници, односно се однесува како издавачка куќа. Вака обвинуваат издавачките куќи од каде за Фактор тврдат дека оваа практика трае подолг период. Дополнително издаваштвото на учебниците се проблематизира откако беше воведена Кембриџ програмата.

Од издавачкитекуќи велат дека во МОН објавуваконкурси до домашни автори да поднесуваат ракописи за разгледување и одобрување. Откако одреден учебник ќе се одобрел се распишувал тендер за печатење на тој учебник и сите авторски материјални права за учебникот, Министерството ги откупува од авторот и ги печати во потребниот број примероци. Велат дека тоа значи дека домашните издавачки куќи немале никакво право да поднесат учебник по одредениот предмет изготвен од домашни автори.

Се тврди дека ситуацијата уште повеќе ја искомплицирало тоа што со воведувањето на наставните програми на Кембриџ по предметите Математика и Природни науки од прво до петто одделение, како и по предметите Математика, Хемија, Физика и Биологија од шесто одделение до деветто одделение, издавачките куќи имале можност да поднесат ракописи за одобрување само издадени од странски издавачки куќи, напишани од странски автори како домашни автори и домашни издавачки куќи во Македонија да нема.

„На распишаните тендери за учебници се одобрија ракописи од тукушто формирани издавачки куќи, а останатите издавачи кои дотогаш издаваа учебници со искуство и традиција беа исфрлени и се одобрија учебници со буквални преводи од англиски на македонски јазик, несоодветно преведени, несоодветно усогласени со наставната програма којашто исто така беше превод од англиски јазик и во пракса се покажаа како несоодветни со низа пропусти и недостатоци така што многу генерации останаа без своите елементарни знаења. Беше донесен и закон за да се одобрува само еден учебник за еден предмет што е спротивно на сите европски закони. Со ова се погазува правото на конкуренција која носи подобар квалитет и пониски цени, велат издавачите.

Тврдат дека забрана за издавачи да конкурираат со ракописи од домашни автори е преседан. Инаку домашните автори по останатите предмети што не се по програмата Кембриџ имале досега можност да ги дадат своите ракописи до МОН, но сето тоа било тешко и неизводливо без соодветен издавач, Затоа, како што велат нашите извори поради тоа дошло до неквалитет, а  учебниците ги нема никаде каде да се купат.

„Издржаните автори во Македонија се откажаа од поднесување на своите ракописи што резултираше во поднесување и одобрување ракописи од автори кои за првпат пишуваат учебници. Оттука следуваа и голем број недостатоци и грешки, па дури и дојде до повлекување на одредени учебници од употреба. Во нашето образование, а посебно во Законот за учебници во Македонија, потребно е здрава реконструкција и измени, односно бришење на стариот закон и изготвување нов, велат од издавачките куќи.

И последната учебна година почна со старата програма, а малку од реформите кои беа најавени се спроведуваат, се чека уште и на новиот закон. Во моментов нема учебници и по странските јазици од шесто до осмо одделение. Издавачите прашуваат кога ќе им се врати правото да издаваат учебници.

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Минималната плата годинава нема да биде над 13.000 денари. 

Ако се подобри економијата, ќе се зголеми минималната плата, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. 

Таа не кажа колку ќе изнесува минималната плата, но потврди дека е обезбедена финансиска поддршка за да можат помалите компании да го издржат притисокот. 

Премиерот Зоран Заев на почетокот на годинава најави ново едно зголемување на минималецот, но не кажа за колку. Анализите на Министерството за труд и социјална политика,  покажале дека е можно минималната плата до крајот на 2019 да се зголеми за дополнителни 1.000 денари.

Владата пред една и пол година изгласа минимална плата од 12.000 денари. 

Промовирани огласи »

 Почетната плата е 1000-1500 EUR за отворените работни позиции во qBit Solutionshttps://kariera.mk/company/MBc4SdwchEiJ7lKMAFw4bA/qbit-solutions

Редовна плата и придонеси + бонуси. Работно време: понеделник - петок 8-16ч: https://kariera.mk/job/tvp26S3PAE-enKWuiznyJw/specijalist-za-prodazhba-mashko-ili-zhensko-lice?fbclid=IwAR2yWPiWrBU0jXRYezdsW9LctfRvgqbt0subgpDjKZHZEgfLN1XKIkkzk08

Нето плата - 15.000 денари. Отворено работно место за СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА во Илумидентhttps://kariera.mk/job/wUtJ8n13jUanfWt8QMA_7A/stomatoloshka-sestra

Добра плата + атрактивни бонуси за позицијата SALES EXECUTIVE – INTERNATIONAL ACCOUNT/CLIENT MANAGERhttps://kariera.mk/job/1V4dfmQxuUCe6DUyk_A5rQ/sales-executive-international-account-client-manager

Почетна нето плата од 18.000 денари за отворено работно во Гостивар: https://kariera.mk/job/H0Ztd7FcJEyUabXsbfmqZQ/agent-ka-za-prodazhba-za-gostivar?fbclid=IwAR3TUIpvg-8D-dxLIYS6Ei3LvdfEaYjSAg3izG4dPM5Y92imhghRz9065To

Работно време од 08-16h, службена кола, обезбеден платен транспорт. Лим Дизајн вработува ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРhttps://kariera.mk/job/1rBwlS3wJUKh92krj_T71Q/gradezhen-inzhener

ВСС - Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет за работната позиција СТРУЧНО КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТВАНИК: https://kariera.mk/job/b_q930GgaEm2vMVeJ7dBXA/struchno-komercijalen-pretstavnik?fbclid=IwAR3CYdMkmtG0gpLfaciF_QcoFK-3EVGSL25_xR6mg093j8rEJtHE8O8eC30

Аптека Оскар Лек бара Фармацевт и фармацевтски техничар: https://kariera.mk/job/R5g2m_ceCUaiY2z-U5MWnA/farmacevt-i-farmacevtski-tehnichar?fbclid=IwAR1MYvAoyCxL9Ma4z9lzq6wp6MyIpG-2yJyoPQPZZuLF6EU5xv_f7JJUUTU

Промовирани огласи »

Централниот регистар ги потсетува фирмите и други субјекти дека се наближува рокот за поднесување на завршната годишна сметка и финансискиот извештај за 2018-та година.

Приемот на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година во хартиена форма ќе биде во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), додека поднесувањето во електронска форма е на 15.03.2019 (петок) година од 08:00 до 21:00 часот.

Микро и мали субјекти кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2019 година, велат од Централниот регистар.

Правните субјекти во градовите во кои регистарот нема свои канцеларии ќе може да ги поднесат во објектот на Општина Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар и во објектот на Уни банка во Крушево.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »