Промовирани огласи »

Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект.

Новиот парк освен содржини за забава ќе има и ресторани и поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун, пренесува Вечер.

Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината. Овие  забавни паркови сами по себе позразбираат дека надвор од забавните содржини треба да има и постоење на поинакви места, како ресторани и други забавни содржини за сите возрасти. Тоа се места каде семејството може пријатно да си помине. Она за што јас водам сметка е што средствата што овој град ги потроши за набавка на апаратите, само милион евра е партерното уредување според стариот проект, да бидат вклопени во новиот проект, значи да не трошиме дополнително пари – рече Петре Шилегов.

Во градската каса за оваа намена за 2019 година се предвидени вкупно 1,3 милиони денари од кои 4 милиони денари за изработка на проектот, 26 милиони денари за набавка на реквизити и нивно монтирање и 50 милиони денари за изградба на паркот.

Промовирани огласи »

Интелигенцијата на човекот може да се зголемува со текот на годините, особено ако човек се посвети на тоа. Денес ви предложуваме неколку начини преку кои можете да ја зголемите интелигенцијата. Доколку ги правите овие работи секојдневно, ќе постигнете огромен напредок и постојано ќе се надградувате.

1. Испробувајте нови работи

Не се држете постојано за познатото. Правете работи кои не ви се познати и на тој начин ќе совладувате и учите нови вештини. Читајте за работите кои не ги знаете, правете активности кои досега не сте ги правеле. Проширете ги хоризонтите.

2. Предизвикувајте се самите себеси

Не заборавајте да си поставувате предизвици. Мозокот, како и мускулите, подобро работи кога се соочува со отпор. На тој начин ќе морате да барате најразлични алтернативи за да го надминете предизвикот, а со тоа и мозокот ќе ви работи поинтензивно. Со тоа оставате огромен простор за надградување и личен развој.

3. Бидете креативни

Отфрлете ги шаблоните и клишеата. Без разлика дали се работи за проект на работа или изненадување за најблиските, бидете креативни. Обидете се да смислите нови работи и нови пристапи кон решавање на работите и донесување на одлуките. Некои луѓе кога се опишуваат себеси велат дека не се креативни. Тоа не е вистина. Секој човек е креативен доколку се реши да биде.

4. Не го бирајте полесниот пат

Човечки е луѓето да сакаат да си поминат полесно и да го бираат полесниот пат. Но, тоа понекогаш може да направи човек да стане помрзлив и да се труди помалку. Се разбира, ова не значи дека треба да си го направите животот пеколен, но одвреме-навреме избирете го патот кој носи повеќе предизвици. На пример, наместо да користите GPS кога одите некаде, обидете се сами да се снајдете. На овој начин мозокот ќе ви биде поактивен.

5. Мешајте се со луѓе

Можеме да научиме многу од другите луѓе. Запознавањето нови луѓе и дружењето со пријатели ќе ве изложи на нови идеи, нови мислења и погледи на светот кои можат да ве инспирираат за многу нови нешта. Со слушање на туѓите искуства можеме да ги надградиме своите, така што, не се плашете од мешањето со луѓето, напротив, обидете се колку што е можно почесто да учите од нив.

Промовирани огласи »

Иако бизнисот не го дели истото мислење, Владата не отстапува. Покачување на минималната плата ќе има ама не се знае колку и кога.

Се прават анализи и консултации а според зборовите на Заев се внимава и да не им се наштети на компаниите.

Против ново покачување на минималецот е текстилниот сектор.

Од текстилната индустрија посочуваат дека ново зголемување на минималната плата ќе значи удар за нив бидејќи велат не се опоравиле од претходнот удар.

Оние кои едвај чекаат покачување на платите пак се токму работниците во текстилството. Тие имаат најниски плати. И покрај законот кој вели дека 12 илјади треба да изнесува минималецот, многумина ги злоупотребуваат работниците и бараат дел од парите да им вратат на сопствениците.

Промовирани огласи »

Во земјава има околу 5.000 слободни работни места. 

Во Агенцијата за вработување во моментов има отворени огласи преку кој македонските компании бараат кадри за ангажирање на околу 5.000 слободни места.

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти и друго. 

Овие огласи ги има на веб сајтот на АВРМ. 

Во сите општини и региони се бараат работници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »