Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 06.03.2019г.поради дефект на затварач ф80м.м.на
улица Демир Трајко 67 со прекинато водоснабдување ке бидатко корисниците од
улица Демир Трајко, Ванчо Мицков,Бул. Партизански Одреди зграда број 143 и 145,
Бул. Партизански Одреди улица 1,3 и 5 а со намален притисок ке биде Ф-ка Реплек
од 09:00часот до завршување на дефектот.

Промовирани огласи »

Vip е првата компанија во Македонија која воведе еФактура со дигитален електронски потпис

Телекомуникациската компанија Vip успешно воведе електронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилува дигиталната трансформација во општеството.

Телекомуникациската компанија Vip успешно воведе електронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилува дигиталната трансформација во општеството. Имплементацијата на проектот е во соработка со македонската компанија Некстсенс.  Со употреба на Nextsense Signing Server се овозможи дигитално потпишување на електронските фактури. Освен за оваа намена, решението за дигитално потпишување на Некстсенс, преку интеграција со други компаниски системи, ќе овозможи и аплицирање на дигитален организациски печат и/или временски жиг и во други апликации кои користат дигитални документи.

Решението за  дигитален електронски потпис на месечната сметка за комуникациски услуги им  овозможува на бизнис корисниците на Vip да добиваат фактури со гарантирана автентичност, интегритет на содржината и еднаква легитимност како и печатените фактури кои ги добиваа досега. Ова решение е целосно во согласност со Законот за ДДВ член 53-б и овозможува ефикасно книжење и евиденција на сметките и на документацијата за компаниите.

“Како компанија сме постојано насочени кон обезбедување на подобро корисничко искуство, што во овој случај резултира со заштеда на време за компаниите со што истите можат да ја подобрат својата ефикасност. Дополнителна придобивка од електронската сметка е можноста за лесна навигација низ различните сегменти на фактурата и до прегледот на услуги за секој мобилен или фиксен претплатнички број”, изјави Димитар Димитров, Директор на одделот за грижа за корисници во Вип.

Како членка на Телеком Австрија Групацијата, која опслужува над 25 милиони задоволни корисници во осум земји во Европа, Vip e меѓу првите компании со целосно дигитализиран процес кој ги инкорпорира сите неопходни стандарди и закони релевантни за дигитални документи.

Промовирани огласи »

Форбс: Безос – најбогат маж, Бетенкур Мејерс – најбогата жена

Безос – најбогат маж, Бетенкур Мејерс – најбогата жена

Англија – Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос е најбогатиот маж во светот, чиј имот се зголемил за 19 милијарди долари во последната година и сега изнесува 131 милијарда долари, објави „Форбс“.

Списанието наведува дека она што не е познато е дали Безос ќе биде симнат од „тронот“ на најбогатите по разводот од долгогодишната сопруга Макензи. Доколку тие немаат предбрачен договор, тогаш законите предвидуваат поделба на семејниот имот на еднакви делови.

Најбогата жена во светот е Франсоаз Бетанкур Мејер, наследничка на козметичката империја Лореал, со богатство од 49,3 милијарди долари.

Контото на 65-годишната Бетанкур Мејер е значително зголемено во текот на минатата година и тоа за 7,1 милијарда долари, односно 17 проценти. Таа е единствената ќерка на Лилиан Бетанкур, која во текот на 14 години ја имаше титулата „најбогата жена во светот“, пред да почине во 2017 година. Во заедничката класификација на најбогатите луѓе во светот, Франсоаз Бетанкур Мејерс е на 15. место.

Промовирани огласи »

Од денес возачите полнат резервоари со поскап бензин ама и дизел

Нови цени на нафтените деривати😫🚗🚌🚛🚐

Поскапи нафтени деривати ќе плаќаат во следните две недели возачите.

Ова станува јасно од последната одлука на регулаторната комисија за енергетика која реши да ги поскапи бензините и дизелот.

Тоа значи дека бензин  „супер 98“  ќе се точи поскапо за два денари или ќе чини 66,50 денари, додека пак „супер 95“ поскапува исто толку и ќе чини 64,50 денари.

Од друга страна, дизелот бележи скок на цената од еден денар а тоа значи дека ќе чини 61,00 денари за литар.

Новите цени стапија на сила ноќеска и ќе бидат важечки во следните две недели.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »