Промовирани огласи »

Во одредени земји во светот, работниците постојано работат прекувремено, а во најлоша позиција се Мексиканците. 

Најискористените работници се наоѓаат во Мексико. Просечниот граѓанин на оваа земја работи 2246 часа годишно, или 43.2 часа неделно. 

На второ место е Костарика, често рангирана како најсреќната држава во светот со 2230 часа годишно. Топ пет листата ја дополнуваат Јужна Кореја со 2113 часа, Грција со 2042 часа и Чиле со 1988 часа во годината. Ова се гледа од податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за 2015-та година.

На дното на листата е Германија, која вообичаено се смета за исклучително ефикаснa. Просечниот Германец работи само 1371 часа годишно, или 26,4 часа неделно. Граѓаните на Холандија се во релативно добра позиција (1419 часови), Норвешка (1424 часови), Данска (1457 часови) и Франција (1482 часови). 

Во Велика Британија пет милиони луѓе редовно работат прекувремено без да добиваат плата. На овој начин газдите добиваат 31.5 милијарди фунти секоја година, пишува „Daily Telegraph“. Но, Британците се дури релативно привилегирани, затоа што работат просечно 1674 часа годишно, или 32,2 часа неделно.

Просечните работни часови се намалени во секоја држава, за која ОЕЦД располага со податоци. Во Велика Британија, на пример, вообичаен вработен работел во просек 1700 часа годишно во 2000-тa година во однос на 1674 часа во 2015-та година.

Работните часови се намалени значително и во други земји. Во Унгарија луѓето  работеле 2033 часа годишно во 2000-та година, а во 2015-та година веќе работеле 1749 часа.

Промовирани огласи »

Nokia 3310 оваа година повторно ќе биде пуштена во продажба, а освен цената од околу 60 евра, досега не се знаеше многу за деталите за новата верзија на еден од најпопуларните мобилни телефони во минатото.

Според најновите информации, телефонот ќе добие екран во боја, а ќе има и опции што не беа достапни кај оригиналната верзија.

Дизјанот ќе биде речиси идентичен, со тоа што новата Nokia 3310 ќе биде потенка и ќе биде полесна. Копчињата ќе бидат исти, па веројатно сурфањето на интернет нема да биде мнгу лесно.

Претпоставките се дека новата Nokia 3310 ќе биде премиерно претставена на 26 февруари на претстојниот Mobile World Congress.

Промовирани огласи »

Ова е прва ТВ реклама за ВИП изработена од агенцијата Меккен Скопје која пред неколку недели го презеде и креативниот и продукциски дел за овој акаунт од агенцијата Футура 2/2 која долги години беше задолжена за изработка на креативните содржини за операторот.

“Кога агенцијата и клиентот имаат одлична хемија, заедно прават големи нешта. Ние не притискаме пауза, продолжуваме понатаму!“ – се вели во најавата од Меккен при промоцијата на првата реклама за ВИП која можете да ја погледнете во продолжение:

Промовирани огласи »

Микаила Улмер има само 12 години, но е милионерка и знае се за бизнисот со пчели! Исто така е и главен говорник, филантроп, и сопственичка на фирмата  „Me & The Bees“ (Јас и пчелите) која произведува лимонада.

Се работи за пијалок кој девојчето го развило од рецептот на баба си кој датира од 1940 година, а од него направила национален бизнис.

Откако ја освоила првата награда и 60 илјади долари, во хит емисијата Shark Tank, посветена токму на претставување на нови производи, лимонадата на малата Микаила се наоѓа на полиците во 55 продавници од познатиот ланец  Whole Food, кој се занимава со продажба на органски производи.

Работам после училиште и откако ја завршам домашната работа, а за викенд и целиот распуст сум посветена само на тоа, рекла Микаила за Nbcnews. Се почнало кога Микаила имала четири години, кога во текот на една недела два пати ја каснала пчела.

Беше баш болно. И почнав да се плашам од пчел, се сеќава девојчето во интервју за NBCBLK.

За да ја расположи, мајката на Микаила Деандра ја убедила да направат мала истрага на интернет и тогаш наишле на податок дека пчелите во наредните години можеби ќе изумрат.

Иако убодите ја болеле, Микаила ја фатило жал за вредните инсекти, па одлучила да почне да прави лимонада со мед наместо со шеќер и вештачки засладувачи. Во разговор со мајката, сфатила дека тоа е здрав избор за луѓето, а воедно и пчелите ќе се сочуваат од изумирање.

Освен што е вредна, ова девојче има и добро срце. Таа донира еден дел од своите приходи од продажба на локалните организации кои се залагаат за чување на пчели.

Минатата година, пчеларите изгубија дури 40 отсто од своите кошници. Пчелите изумираат. Ако исчезнат целосно, на луѓето ќе им останат само четири години живот, предупредува Микаила.

Малата претприемничка денес патува и држи работилници на кои едуцира како луѓето да ги сочуваат пчелите.

Импресионирана сум како таа успева да ги заврши школските обврски кога патува толку многу. Има дарба за јавен говор, но она што сум најмногу горда не е само што е паметна и зборлеста, туку што е и добра личност и што е љубезна кон луѓето. Тоа е поважно од бизнисот“, рекла гордата мајка Деандра.

Микаила моментално се занимава со пронаоѓање на нови вкусови на својата лимонада, како би ги унапредила своите производи и продажба, а во јуни патува во Африка каде што ќе ги едуцира децата на свои години за претприемништвото.

Минатата година го запознала екс претседателот Обама, кога била гостин во Белата куќа на традиционална детска вечера.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »